Јас кога ја донирав таа сумата што ја имавме собрано за мене, 90% донирав на валидни места, а останатите 10% вака приватно пратив пари на луѓе што ме контактираа во пораки ( немаа доволно пари за лекови, самохрани родители и сл. ) и не ми даваше срце да ги одбијам, сега од овој аспект гледам дека било многу наивно од моја страна. Какви (не)луѓе постојат, тоа е неверојатно. А и да не заборавам, им дадов одредена сума и на Ретвитни Оброк, дечките од твитер што правеа оброци за бездомници, ама им потенцирав да ме известат кога ќе бидат искористени средствата, и еве една година скоро пројде уште ги нема, да не знаете некој дали уште функционираат или не?
@MandyLane ти си постапила човечно, совеста ти е чиста, немој да жалиш за подадената рака... А за измамниците кои на ваков начин доаѓаат до пари, остави на Господ, нека им суди...
Лазаров е поодвратен од Тале.Со кое право му оди дома и го напаѓа ?Не е новинар,не е од ЦСР/МВР ,он си пати за слава и пари .Требало Тале да го избрка,да не дозволи овој да снима.
ја па прв пат го поддржувам Лазаров лажови и идиоти < сељак Лазаров не го поднесувам итс а фект, ама убаво му напраи овој со кое право лажеше народ и се преправаше? карма.
Требаше ЦСР да отиде кај Тале за да му го одземе децата,а не овој .Си нашол начин пара да прави со легачење,демек е загрижен .
На кој начин си нашол да прави пари е негова лична работа, но кога веќе ги нема новинарите да се ангажираат, добро е што Лазаров и Миа се трудат што повеќе да се зборува за овај случај, а како што објави Лазаров ги има многу повеќе и ќе објавел и за нив.
Се трудат да имаат повеќе прегледи за повеќе пари да фанат.Ги заболе нив ,не го решаваат проблемот,само прават галама.И да ,немаат право по куќи да одат. Тале комотно можел да му повика полиција на "загриженион" Мнолгу очекувате од ликови како Лазаров и Миа. Едит Не е крив Тале што не ни функционира новинарство и држава.Најголемите виновници се профитерине "Срце од дланка"
Го изгледав видеово и стварно лош однос имаше Лазаров кон човеков. Како прво, ниту еднаш не го остави да се искаже и да одговори на прашањата. А како второ, на доста прашања му даде издржаен одговор човекот, го прими дома и сакаше да се оправда. Лазаров уште пред да дојде, веќе го имаше осудено, и не му даде ниту шанса да се докаже. Му вика за парите што ги добил на казино и дека ги прокоцкал. А сите му одговорија дека со тие пари, 15 000 еур вратил долгови што имал, негови, и на татко му, и почнал да ја прави куќата. Го направил кровот, собата, сменил прозори, ете и ВЦ-то почнал да го прави. Со тие пари и толку може да се направи. Го прашува зошто ако се здрави-прави не работат. Му одговара дека работел и тој, и жена му, кажа дека платата му била мала, земале по 500 ден дневница, значи тоа е минимална плата. Жена му кажа дека останала без работа кога се породила, поради обилно крварење (детето е 8 месеци, па се нема уште вратено на работа). Зошто он останал, не кажа. За тоа дека бил самохран татко... Често се карал со жена му (сигурно и тепал), па таа се враќала дома, кај мајка и, а во моментот на снимање на емисијата, биле 4 месеци разделени. И како што самата таа нагласи, ги оставила децата. Комшиката понекогаш ги гледала за он да оди да работи, ама барал жена што ќе ги гледа, за да може да работи, не нашол за 7000. Дека се дисфункционално семејство, дека е коцкар, дека веројатно се караат и тепаат со жена му, се гледа одма. Дека сигурно правел, и прави грешки, тоа дефинитивно, не е добар човек, а може и не е добар татко. Жена му исто така не ми делуваше нај рационално... Ама тоа што го изнел во моментот во емисијата, да, точно било, самохран татко, без работа, со долгови, со куќа која не е довршена... Ова било каде да е во странство, ќе им помогнат како семејство, но првенствено ќе им помогне државата, дали со рехабилитација за него ако има коцкарски навики, советување за него и жена му што стално се караат... Грижа за децата, па ако треба и нивно одземање. И секако, ќе му најдат работа и ќе му дадат помош. За жал, цел тој систем кај нас не работи и едноставно луѓето се сами на себе оставени со своите проблеми од кои не можат да излезат. Нема втора шанса кај нас, туку само дупка без дно каде пропаѓаат повеќе и повеќе овакви случаи. Жално за децата што растат во овакви семејства и се крајно оштетени од токсичната атмосфера, сиромаштво, кавги, општа апатија и неможност за еден нормален живот. За жал, овакви како Тале има со лопата да ги ринеш кај нас. Секој втор познава по една оваква фамилија. Но, нашата држава е толку отидена во аут, што има луѓе со многу, многу потешки ситуации од Тале, каде помошна и парите им се далеку по приоритетни, а не дека на Тале не му се...
Кој фактор е Лазаров вака да им појде дома, овој ептен во филм влегол, уште вика Се ставам во ситуација на новинар
Mnogu DRZOK OVOJ LAZAROV,I GOSPOD izigrava ,i ko policija vlaga negde vo necij Dom ,pa delli pravda,vaka neka im otide na tie sto ja ukradoa cela MAKEDONIJA,na tie na vlast sto se ,i tie pred niv ,sto kradat sekoj den od nasite pari.Bezobrazno detiste,so najnova jakna skockan.A ovoj TALE ,ne deka go pravdam ,za zalenje e taa negova familija i deca i zena.
Кој хипокрит е Стефан. Тој рекламира кладилници и брзи кредити, а го суди чоекот оти бил коцкар. И никој не се фокусира на то дека ги искористи децата, дека веројатно е насилен (ја удрил за другарите бе), дека децата комшиите им ги гледаат, најбитно е кај ги потроши парите од казино. Тале си е виновен, не е прв ни последен, ама ќе плати за сите.
Мислам дека Лазаров е дебил голем, кој е па он да му суди на човекот.. Па уште и оди и му вика ти си Тале преварант.. Мене да ми дојдеше така дома, како инвалид ќе си отидеше, гнида човек.. Ми рекламира онде Тиго, Кредисимо, Моцарт, Спорт лајф а оди и му вика ти Тале си земал кредити си заглавил, ти Тале си се коцкал.. Абе ти на децава им презентираш брзи кредити, им презентираш обложувалници и коцкарници, ти си нашол да кажуваш овде дека некој се коцкал и земал кредити..