1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажни хуманитарни акции

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Fallen.Angel, 10 април 2021.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
  2. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Мочко,како им било и на децата на Тале ако го слушале овој како му се обраќа на татко им (коцкар,преварант ) ..Имал среќа ,кај друг да отиде може и ќотек да изеде.
     
    На Mikha4, theunforgiven, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Окситоцин ❤️

    Окситоцин ❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2022
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Не е будала знае каде оди.
     
    На Feminka22 и нина122 им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    12.312
    Пол:
    Женски
    Му вика ништо немаш направено дома, а човекот дома има пвц врати ставено, има прозори нови, кровот го средил.. Толку се парите, едни големи пари што се 15 илјади евра, кров да смениш ќе те фати повеќе од пола од парите.. Од срце на дланка тоа не го снимале, дека има убави врати и прозори, дека има огромен плазма телевизор, од страна ништо не снимале, кај Лазаров убаво се гледа и терасата и се..
    Реално, не е Тале некој кој треба да бара хуманитарна помош според мене, ама начинот на кој Лазаров изиграва истражувачко новинарство исто не е во ред..
     
    На marchi-cool, crimson, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Не знам дали некој воопшто и го следи овој Лазаров, сите знаат каква патетика од човек е. Ама коментаров ако е вистина и овој собирал донации преку Јутјуб на таа пара што ја прави, питачи од гледачи, па оди и суди други луѓе... Срам да му е!

    [​IMG]
     
    На ivimis, theunforgiven, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.152
    Допаѓања:
    169.391
    Воа тука се е болно
    кој од кој повеке
     
    На GirlLove, theunforgiven, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Окситоцин ❤️

    Окситоцин ❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2022
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Му го рече :rofl:
     
    На BlackNight, theunforgiven, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    12.312
    Пол:
    Женски
    Има сега нова опција на Јутјуб, можеш да му донираш ако сакаш, колку сакаш, као за мотивација, и овој се фали на Инстаграм дека му донираат луѓе..
     
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Брука!

    Не знам уште како има лице да оди и да му вика на човекот: "види си го ВЦ-то, на што ти личи, оти не си го направил". Ете нека земе он нека му донира плочки, нека му го излепи, наместо да прави сензационализам и да се богати на грб на овакви луѓе преку прегледи, реклами за брзи кредити и донации на Јутјуб. (facepalm)
     
    На bubabuba, Mikha4, Серотин и 4 други им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    12.312
    Пол:
    Женски
    Имаше еден дел од видеото каде Тале му вика на Лазаров, кажи ми во кој дел од емисијата јас сум барал пари, покажи ми го тој дел кога јас барам пари.. Уште и кога на почетокот од видеото Тале зборува на телефон, обезбедувањето на Лазаров дрско му вика на Тале ајде спушти на телефон одма.
     
    На Billy Idol, Серотин, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Го чекам денот кога некаде ќе нагази ,и кога ќе му го сменат личниот опис .
     
    На ani23 и Окситоцин ❤️ им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.953
    Пол:
    Женски
    Луѓе, полека.
    Како може повеќе да ви смета ова што го направил Лазаров, макар и за внимание да е, отколку оној преварантот Тале?
    Треба да го релативизираме фактот што РАБОТОСПОСОБЕН човек преку сожалување и на сметка на децата пробува да дојде до донации?? Он си ги искоцкал парите и сега ние треба да го жалиме? Ја тепал жена му и никому ништо??
    Не ве разбирам како се фативте за Лазаров, а проблемот е СОСЕМА друг.

    Тешете се вие дека ете имал нови врати, кров и што уште не, коцкар на крајот од денот и тоа што го инвестирал ќе го прокоцка.
     
    На Belgin1, MeowMeow, GirlRose и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.314
    Пол:
    Женски
    exactly
    досеа ги читав нагоре
    одма го забораваат првиот проблем
    до вчера по Тале со дрва и камења, сеа злато ќе искочи
     
    На MeowMeow, Konfetka, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    2.813
    Новинарство ли има завршено овој Стефан?
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Се фативме за Лазаров и неговото непристојно однесување во неговиот дом, неговиот речник. Многу невкусно, ако веќе сака да снима не мора да се понаша како сељак. На слаби луѓе се сили, а на појаки се лиже. Одвратно.
    Дури и со обезбедување отишол,па и тоа се силело таму. Кога одиш во непознат дом, прво го почитуваш домаќинот и куќата, гостопримството. Тоа е многу важно, па после може да се снима. Неговото однесување е газење на сиромавиот, омаловажување и исмевање за да собира прегледност.
    Лазаров ти е Сергеј 2.

    Таков човек секогаш ќе ми е одвратен, одбивен. Тале не го оправдувам што си посеал тоа ќе си жнее.
    Но, Лазаров има злобна душа буквално.
     
    На MarijaMi90, Окситоцин ❤️, bubabuba и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Сосема се согласувам со тебе.
    Не секој има да донира на сите, така што и тие што донираат се донесени во неблагодарна позиција да изберат каде.
    Јас лично сторијава отпосле ја видов, ама знам дека ќе си пукнев од мака да дадев пари таму, а не во некој друга цел, за болно дете, за друг самохран родител и слично.
    И проблемот е многу поголем сега, што и тие што можат да одвојат нешто со скепса ќе гледаат на други иницијативи, зошто се покажа дека дури и тоа во Македонијава, има луѓе кои ќе го злоупотребат, зошто и за тоа никој никаде не направил проверка. Барем според мене.
    Многу отиде во друга насока дискусијата, и да, колку и да го хејтам ликов и генерално инфлуенсери, коцкари и тепачи на жени никогаш нема да можам да оправдам. И заслужува вака да го рендаат пред јавност, како и секој друг што нема осет. И таа жената негова заслужува да ја рендаат вака пред јавност, зошто место да направи нешто да си ги обезбеди децата, она се најде прозвана да каже "не ме удри, само шамар". Ако заминала сама, значи имала каде да ги земе нив, така да и неа не ја оправдувам.

    Само кој се стигна да биде родител се чудам.
     
    На eliesaab и MandyLane им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.114
    Допаѓања:
    124.801
    Пол:
    Женски
    Лазаров е кретен, а овој Тале уште поголем.
    Штета што институциите ни се нефункционални.
     
    На FridaodaMk, Окситоцин ❤️ и Tea678 им се допаѓа ова.
  18. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    636
    Пол:
    Машки
    Другари, јас не го оправдувам ни Тале ни овој јутјуберов чисто колку да не сум сфатен погрешно.
    Во случајов нај виновна е државата што нема институции кои се грижат за вакви случаеви, во случајов пороците на Тале и насилството према жена му. На Тале му треба лечење од пороците, советување што треба и како треба да прави во животот итн итн.
    И на крај баш ми е гајле за Тале и жена му, но за дечињата ми се плаче... Како живеат тие? Која иднина ја имаат? Во кои услови живеат? Дали се хранат нормално, редовно и здраво?
     
    На Кена Рис, marchi-cool и MandyLane им се допаѓа ова.
  19. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.613
    Пол:
    Машки
    Лазаров најави дека деновиве ќе објави уште за неколку вакви приказни.
     
    На Окситоцин ❤️, MandyLane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.358
    Допаѓања:
    11.963
    Пол:
    Женски
    Имаше уште еден случај за Срце на дланка баш во таа тема пишувавме. И Лазаров и Тале се fake ликови. Самото то што веќе излегоја шпекулации за Тале се знаеше дека не штима баш сторијата негова, но да одиш кај некој дома и да изиграваш шериф со обезбедување со тебе не е во ред. Да беше новинар и да се занимаваше со истражувачко новинарство немаше да си дозволи онакво однесување, нејќам да звучам груба ама ликот е народски кажано прост. За Тале шта речи ја уби довербата на хуманите кои донираат и сакаат да помогнат. Затоа при вакви емисии мора да се внимава, на крај нема да добие некој помош што заслужува. Штета што испадна вака.
     
    На Окситоцин ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.