Они двајца треба да јадат тужба за оваа злоупотреба и измислица. Ама јаки јаки се закануваат секаде со тужби на коментари негативни за нив. Се ќе биде. Голи слики се објавуваа од девојки, полицијата и име и презиме имаше и цел телеграм чет, па се заташка никој ништо не доби. Нема закон за сајбер криминал, и не можат они никој да тужат за тоа што се коментира против нив, ама тие и те како можат да го окркаат бидејќи реално пари им се уплаќани, тие работи си стојат евидентирани, измама е ова и тоа тешка. Ама приказни има, некој друг и го користел профилот на жената.
Нека тужи бе,ако има пари да тужи 500 луге кои се против нив,и ја ги резилив у коментар и баш ми е гајле.Ќе ги тужи нив тој што гледа од горе маме им јебем,таа 5 деца има направено по цел свет,смрдла......ќе тужеле.нека тужат кога ќе одат во затвор гомна
Како да тужи, кога они лажеле?Или систина да бидат тужени пошто ги обелодениле лагите Што сѐ не шета по светов
Никогаш не би донирала ако нема сметка лично од луѓето што бараат донација. Дотичнава во последно време постојано објавуваше во групите Македонците во Германија, Австрија, Швајцарија а прочитав и Шведска. Значи од авион се гледаше дека лаже. Сите приказни слични и беја, демек родителите социјален случај па ај на моиве сметки донирајте никогаш не ставила слика од документ од болница. Само хитно е донирајте. Се надевам ќе се гонат кривично. Луѓе без чувство, кој знае колку пари си ставиле во џеб.
Прочитав за оваа имаше еден куп коментари дека она и мажот се измамници, има покренато тужба против нив. Не знам кај ќе им оди душата на ваков начин да се богатат. Овој Александар го имаше на тв пред три години, сопругата што му почина на пораѓај одма после тоа се земал со оваа Радица, детето го оставил на семејството на починатата и нити го гледал нити пари давал за него. Исто и оваа само деца раѓала и ги оставала после на мажите. Оваа Радица пишувала по групите дека мажот и ја терал да прави вака за да му ги покрива коцкарските долгови. И двајцава се за затвор да скапат таму, идиоти кој на туѓа мака на болни деца сакаат да се богатат.
Може ќе звучам брутално ама се спасиле и таа и детето од него, којзнае каков живот ќе имале со коцкар и преварант. Жал ми е за жената, многу тажна приказна..
Не не, ова ќе да е друг случај. Живо бебе роди оваа жена. Детето е за жалење, баба го чувала, ама не го погледнувале. Моја грешка, не ќе да се пијани анестезиолози, друг случај изгледа, но знам дека е маж на почината родилка.
Да, од Гевгелија е ама уште не е расчистено до крај што било причината. Жената роди живо женско бебе.
Знам дека бебето е живо, прочитав некаде дека семејството на жената го чувале затоа реков се спасиле од него. Исто некаде читав дека криминалец бил дотичниот така да подалеку.
И јас прво така помислив, ама семејството на жената се жалат дека не им е дадено. Изгледа не го чуваат тие туку мајката на дотичниот.Тој има старателство
Вчера видов за ова и устата си ја собирав. Мислам не сум изненадена од аспект, има луѓе шо ништо свето не држат. Ама пак дел од мене беше ко шокур. Ептен лошо. Лошо од аспект сега луѓето ќе бидат многу попретпазливи ( шо е добро и со право), ама во исто време негде кај шо вистина треба помош можи грешно да се процени. Па после читав на темава и видов дека не е един ваков случај и тогаш уште поќе бев ко "бездушни". Оти ова да го прајш е се сем добро. На Тви дур читав наводно за сличен ваков случај немало правда. За некој маж беше ама да ме отепаш име не памтам. Шо се претставувал како татко на многу деца. Ај сега ќе читам темава можи имате спомнато. Ама то ме тера да прашам, како е уредено кај нас ова законски?
Жената роди здраво женско бебе,и после 2 или 3 дена почина.....точно не се знаеше од што ! Родилката со пијаните анестезиолози беше од Дојран која почина во Гевгелиската болница пред можеби 5 години...не е ист случај тоа.
Јас па се потресов. Уште викам Бог да му даде здравје, греота. Бев спремна бројче за донација да барам. А тоа све лажно да ти било.. Нека им служи на чест. Имаше ваква слична тема мислам дека.
Знам јас многу мала бев и една наша комшика одеше питаше и лажеше дека детето и умрело па нема пари за закоп, после од кога ја научија сите во градот почна по други градови да оди. А баш со оваа жена има случка дедо ми и кога кажуваше јас многу се смеев, она отишла да бара пари од него и му кажала ми умре детето и дедо и дал пари, вика утре дента јас поднапиен се враќам од кафана и го гледам детето со топка игра на улица, му отишол и го прашал ти ли си бе тоа и тоа дете, вика не ми се верува мислев дека ми се причинува, ама детето си трча и зборува, после кога ја видел нејзе се испокарал и така највеќе се расчуло дека лаже.