Пред неколку години јас бев така измамена. Една жена ми пријде и ми рече да ѝ дадам пари затоа што немала за лекови за брат ѝ и јас, будала, ѝ дадов. Кога сфатив што направив, веќе беше доцна. Ама затоа сега сум многу внимателна. Навистина не ги сфаќам таквите што се богатат на туѓа несреќа. До толку ли треба да си бесчувствителен за да заработуваш пари на сметка на тоа? Неверојатни ликови!
Мене постојано иста жена ми бара пари за лек за окото, ја болело, ми кажува каде живее и дека ќе ми вратела. Првиот пат на центарот се случи тоа и јас немав пари, ми беше жал. Следно пак истата жена ама пред Зегин. Е тука беше сомнителна, ја прашав кој лек да влезам да и го купам, не знаела како се вика во аптека знаеле, и викам да влеземе заедно ќе и го платам, и се тргна. Од тогаш ја игнорирам.
Јас на луѓе што просат по улица за болни луѓе не давам пари. Колку и да е злобно, исто и на оние кои ми се лепат во сред кафич со оние боенките. Си знаат дека сите ќе те гледаат, па одат на такви фреквентни места. Ама, од мене пари не добиваат. Донирам само на броеви и на Црвен Крст и на оние што се самохрани и јавно бараат храна/облека. На други не.
Се повеќе гледам апели за болни луѓе од ковид што нивните собираат пари за да ги лечат во Систина бидејки не биле задоволни од државното здравство, знам дека не ни е баш сјаен здравствениот систем ама кога ќе видам дека се собираат пари затоа што семејството решило дека е подобро да се лечи во Систина него на државно, бесплатно, кожа ми се ежи. Секој може така да направи ај не ми е океј на државно па ќе одам на приватно и ќе собирам донации за таму да се лечам.. Не е баш злоупотреба ова, ама ете малку како аздисување би рекла, бидејки што ќе биде ако сите што не ни се свиѓа третманот во државно здравство да собираме донации за во Систина.
Немам коментар за таквите ко таа што собира пари за туѓа мака....од таквите човек и да сака на некој да помогне ќе се предомисли... Пре би да оставам пари на музикантите што се низ центар отколку на некој што клекнал и проси... Пред некоја год надвор од државава јадеме и доагаат дечиња... и бидејки јас немав од "тие пари" им дадовме по парче пица...земаа...и ви се верува кога станавме на друг агол од местото парчињата пица место тие,ги јадеше мајката и едно на земја остаено бе,место тие да јадат ... Од секакви лажливци затоа е најдобро телефонска линија бројче за донации ако има човек да донира вака се е џабе...
Јас ги читав коментарите. Пишува дека семејството на жената го бараат девојчето, а старателство има тој, ама во Германија работел, а детето со мајка му негова седело во МК. Иначе за овие, немам коментар. Гадови. Заслужуваат да им се врати со иста мера, во мака да нема кој да им помогне.
Па и двајцата ќе вртаат некоја приказна ко што им одговара, а и не верувам некој да се замара со ова. Патем има поголеми случаи што со години не се решаваат, а не па да трчаат за нив.
@нина122 Баш така Нина. И маж ми кога беше болен, сите околу нас ни даваа предлози за Систина таму да се лечи, но он отиде во Ковид Центарот и баш беше задоволен од третманот. И тоа пази, не ни беа проблем финансии за Систина туку зошто? Кога иста е терапијата(барем така мислам) ? Приватни болници се луксуз. Кога веќе немаш,лечи се во државна институција зошто мора приватна? И после донации .. И ете, има и таму што умираат, како возачот на брза помош скоро, не е дека даваат гаранција дека ќе оздравиш.
Точно. И на државно и на приватно лекувањето е тоа, условите се само подобри во приватните болници. Знам дека е хаос државното здравство, премногу пациенти, премалку здравствени работници, но ако се нема пари нема смисла донации да се собира за лускузни соби во приватни болници.
Sopruznicite Dinev (Radica I Aleksandar) so nivnata organizacija Podari nasmevka(mislam taka ja vikaat,no ne sum sigurna za imeto) odamna gi lazat lugjeto no za zal mvr ne se zanimava so niv I im e dozvoleno. Ziveat nadvor od Mk verojatno zasto se pretstavuvale od Germanija I imaat I devizni smetki za donacija. Neznam sto dusha imaat od bolni deca da zemaat.Skoro imase I edna druga zema prelazano koja na socijalnite mrezi pishuvase.Sega za bebeto Vasilij. Naravouvhenie vo kolku se dava humanitarna pomosh Samo direktno na liceto koe mu treba.Privatni ziro smetki na drugi lica se samo moznost za zloupotreba.
Точно, но ете кога МВР ништо не преземаат, редно беше некој да ги разоткрие и да се стави крај на ова. Не е битно дали собрале 300,500 или многу повеќе евра. И не е само нечесно, туку и жално. Мојот сопруг некогаш знае и последните пари за донација да ги даде, исто и брат ми, редовно уплаќа лото, но многу пати имам видено дека наместо лото да си уплати, влегува во трафика и ќе види кутија за донација, па таму ги остава парите. Греота е навистина. Не е толку греота за луѓето кои се прелажани, ајде тие пари колку се толку се нема да се збогатат поединците што донираат ако ги сочувале, ама реално има деца и луѓе на кои животите им зависат од донации кои треба да им бидат дадени што побрзо. За жал не ги добиваат оние на кои им се најпотребни, туку одат в џеб кај измамници. Значи се сеќавам и на друг апел за донација. Вистински беше апелот, вистина се работеше за лице болно од рак, ептен се прошири и многумина донираа, а родителите се изјаснија дека не сакаат донации имале пари. Тие си го пуштиле апелот до неколку фирми, да остане скришно, откако се прошири насекаде им беше срам за нив да се собира донации и објавуваа дека не е нивен апелот. Нивен беше, болно им беше детето, ама се срамеа од потребата што ја имаа за донации. И мислам дека се собраа многу повеќе пари од тоа што им требаше и не знам што направија со нив. Можеби ги донираа на друг, но се сомневам бидејќи тој период купуваа доста скапи работи.
Подари Насмевка не е нивна туку Медина. Не живеат надвор, Александар вози камион низ Германија, а таа е тука во Гевгелија е мажена. Од првиот брак има две деца близначиња,а од овој со Александар едно. Ама сега пишуваат и друго.
Зарем овие на ваков начин планираат да се збогатуваат? Прв пат слушам за вакво нешто. Погледнете го видеото. https://www.facebook.com/111663638853431/posts/4130377266982028/
Исто и за самохраниот татко Лупче од Штип, нешто по коментари прочитав луѓе од Штип што пишувале, "несакаш да работиш, ги трошиш парите во кафана", "цел Штип те знае и тебе и бившата твоја, кутро дете, бараш помош, ти најдоа работа и после еден ден веќе не се појави". Што мислите/знаете за случајов? Мене баш ми се чудни некои работи во врска со тој случај.
Се гледа дека лаже жената била социјален случај демек ама отишла во Систина да се пораѓа...баш поверувавме во приказнава.
Toj ubavo si kaza vo edno intervju deka saka rabota kade ke e osiguran a ne da raboti na crno za 500 den dnevnica. Ne go znam chovekot no mozebi nekoi shtipjani ke kazat poveke.
Сакал да најде работа каде што ќе биде пријавен, бидејќи од социјално му рекле дека за да го земе старателството врз детето кое е родено во вонбрачна заедница мора да биде вработен односно пријавен, бидејќи старателство врз детето било кај мајката и она земала пари за него по некој основ незнам по кој иако детето во суштина го чувал таткото и мајката никогаш не доаѓала да го види. Затоа не сакал да работи непријавен што е и во ред.