1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажни хуманитарни акции

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Fallen.Angel, 10 април 2021.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Во право сте и двете. Ама јас колку што прочитав, му рекле дека наредниот ден ќе го пријават, некои документи не биле спремни, а он не се појавил тој ден, плукаше по државата дека не му дала социјален стан, а одма уште наредниот ден излегоа со изјава дека во текот на месецов ќе се всели во станот и дека го пријавиле и завршиле работа за старателството. А искрено по мое, да бев самохрана мајка, ќе пробав ќе одев една недела и ако тогаш не ме пријавеа ќе си заминев. Секако детето му оди во градинка. Ми личи како некој неработник, зошто реално баш заради детето ќе одам и ќе трпам дур да ме пријават (одреден период) и ќе тропам на секоја можна врата за било каква работа каде што ќе бидам пријавена. Имаше еден куп негативни коментари од Штипјани под објавата, затоа и ми дојде сомнително. Од 50 коментари, дали 3 беа позитивни. Демек секоја работа што почнал да ја работи, 2/3 дена и не се појавувал, сега му дадоа некаква социјална помош и детски додаток, а и газдата од фирмата имаше одговор дека планирале да го пријават наредниот ден, ама он не се појавил. Ми личи на "лежи лебу да те јадам", се надевам дека грешам. Сепак е здрав, прав маж, што мора да се бори за детето. А имаше и коментар дека биле роднини мајката на детето и тој. Сепак може да се тропање глупости, ама Штип е мало место и сигурно повеќето се знаат меѓу себе.
     
    На VDT2906, eliesaab, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    И јас ги читав коментарите,луѓето очигледно го знаат,никаде во сторијата не се спомна дека е болен,абе улици ќе чистам дете гладно не оставам..се гледа од авион обичен не радиша,греота детенцето ќе заврши како него во дом.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.340
    Пол:
    Женски
    На кого и да му кажеш детето со вода и шекер го ранам, немам пари за млеко ќе ти даде нешто ќе ти помогне, луѓе сме.
     
    На Anne Boleyn, mode-kristina и Mnik им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Е баш на ова мислев. Ај претходно може немал на кого да го остави, ама сега кога оди во градинка, излегува по тв, кука, се жали не му нашле работа, а он ЕДНАШ се појавил. Изгледа чекаше да го седнат во канцеларија и да зема плата за седење. Во ред е да е човек амбициозен, во ред е да сакаш нешто подобро, ама оди моли, коли за работа, барај начин, а не детето да се жалиш дека со шеќер го храниш, а од друга страна пребираш.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Да ќе помогнеме, ама он има 23 години и куќата неможел да си ја чисти, детето во валкано му седело, жените што носеле работи од хуманитарната акција, тие му чистеле, неможел он да чисти. Мислам.... Дете од дом е, знае колку е тежок животот,реба да се бори за подобро, за своето дете.
     
    На eliesaab и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  6. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Јас донирам исклучиво на броеви од оператори,редовно купувам од децава што продаваат ,,лице в лице,,50 денари од заработка се за нив,а на овие што просат на децата им купувам сокче пари никако.Со давање пари на деца дирекно се вклучуваш за се повеќе да ги има на улица.Ми доаѓа една со 3години дете ја крева блузичката и ми вика за операција ,а стомачето голема топка.Абе оди и викам детето ти има кила носи го во болница под хитно ,какви пари бесплатна е операција мрш таму.
     
    На Оленка*, dromka, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.340
    Пол:
    Женски
    Сега не смее веќе да го остава детето валкано да му биде, нема да му го примат во градинка валкано и неизбањато. Барем мислам дека нема да го остава, ако е како што викате тешко..
     
    На eliesaab и Mnik им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми е жал за детенцето. Ако е вистина така каков ли живот (ќе) има? Срце ми се кине во вакви ситуации за децата, за тие што ги створиле ич. За свое дете да ти е мака да го избањаш.... Жално.
     
    На Anne Boleyn и нина122 им се допаѓа ова.
  9. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Епа тоа ,знаат дека слабост ни се децата и го користат тоа,затоа толку деца на улица што просат.
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.916
    Први сте за да оцрните некој. Браво дечки, ќе ве биде. И да е толку несвесен еден ден ресурсите ќе му пресушат. Дечкото јавно бараше работа пред цела држава.
    Нема еден што е побарал помош и што не се му измислиле алтернативна приказна, полоша.
    Каков е таков е, донираат и се прават сите напори за детето. А, тоа со неосигурањето градоначалникот како лагано си кажува на ТВ. Дечки, и еден ден по правило не смееш да седиш неосигуран.
     
    На Indiegurl, Justicija, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.340
    Пол:
    Женски
    Кога државата не ги штити, социјалниот систем не функционира, ете погоре кажаа дека детето нечисто и во губре го оставал да седи а социјалните служби старателство врз детето уште му го дадоа како награда на тоа, ништо не е оправдување за тоа детето да седи и спие на нечисто... Ние што да кажеме, кога оние кои се платени од пари на народот не работат во служба на народот?
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсети на случка што се случи во мојот град (може и за истата да зборуваме)исто апелот беше вистински, ќерката им беше болна од рак и родителите се обратија на неколку фирми за помош, некој вработен од тие фирмите напишал на лист хартија апел за помош со сметка на родителите и нели сите други информаци, го сликал и го објави,па ланчано после многу луѓе беа го објавиле. мајката на девојчето беше пишала статус на фб дека не сака пари од луѓето дека се обратиле кон некои фирми за финансиска помош. мислам дека многу луѓе беа по малку изреволтирани од тој статус, дури и мене ми беше неубаво тоа што го прочитав. може не се изразила добро мајката, но како беше го напишала алудираше на: ние веќе од фирмите имаме помош од вас обичните смртници неќеме... и веќе имаа собрано пари за лекувањето од фирмите, а со парите од другиве луѓе што беа незнам што направија, ама дајбоже да ги донирале на некој друг.


    И јас не давам на секој така по кафич или на улица што просат. знам да кажам ајде дојди со мене во продавница ке купам што ти треба и најчесто се тргнуваат не сакаат така.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.564
    Пол:
    Женски
    Нина, нема да зборувам за сите пациенти, можеби има некои што можат да си дозволат приватно лекување, па одат во приватни болници, некои можеби одат од аздис, не знам, ама конкретно ќе кажам за мој близок, кој буквално од мртвите го вратија конкретно во систина, преместен од државно здравство. Не би да коментирам за условите (не мислам на 8ми и инфективна, туку за другите градови), доволно е што знаеме дека ни кадар има (не стручен, никаков) ни апарати има.
    Во приватните болници (ете за мојот пример во систина) има апарати кои што ги нема на државно или ги има само 2-3 апарати во 8ми и на толкава бројка на заболени, реално колкави се шансите да стигнеш до нив?
    Лекувањето со тие апарати во приватните болници коштаат толку пари колку што коштаат. 2500€ дневно сигурно не е за интравенска антибиотска терапија што ја даваат на државно. Навистина некои луѓе немаат избор, за жал.
     
    На MeowMeow и Осе им се допаѓа ова.
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Да за истиот случај е. Не сакав детали само да пишувам за да не грешам душа. Но статусот беше напишан бидејќи се срамеа од тоа за нив да се собира пари, сакаа тајно веројатно без да ги знаат. Задржана фамилија се и затоа им беше срам, бидејќи покажуваа претходно хедонизам и раскош, па им беше непријатно.
     
    На citiesinflames му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот што државата не функционира, детето како впрочем и многу други деца повторно ќе биде и гладно ,валкано и злоупотребено,а некое за жал ќе заврши како тоа во соседството да биде претепано до смрт од своите родители.Донации од еден ден не го решаваат проблемот на едно такво дете ...за жал.
     
  16. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Немаш можност за лп, тука ќе ти пишам.
    Нема близнаци дотичната.
    Овој и е 7ми брак.
    Од 6-иот има момичка и не е од Александар, од друг типац е, го знам лично.
    Од првите 5 нема деца.
    Секој ден сум во Гевгелија, таа имаше уште на времето дечко од таму, доаѓала со такси, немала пари да плати за такси, па компензирала . . . итн
     
    На dromka, fana, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Tака е! И ја имам роднини у гевгелија и а знам.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ona doniranje 100 den sto e na povik ili poraka? Se nadevam ne e lazno koga i da vidam doniram. Ama sega nisto ne davam. Neka si najde care drzavata
     
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Донирањето по телефон е легално зошто операторот пред да даде број бара документација за доказ од барателите на бројот.
     
    На dromka, mode-kristina, Fallen.Angel и 4 други им се допаѓа ова.
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    No dali baratelot e lichno na toj sto mu e potrebno?
    Zasto sekoe mesanje na drugi lugje koi mozebi imaat I zelba da pomognat no ima takvi koi ne gi dostavuvaat parite do toj sto mu treba...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.