1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажни хуманитарни акции

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Fallen.Angel, 10 април 2021.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Секогаш кога донирам приоритет ми се семејства чии деца се болни од некоја тешка и скапа болест.

    Потоа приоритет ми се семејства, кои имаат деца со посебни потреби, а кубурат со пари и средства. Имам дадено машина за перење на самохрана мајка кое чува дете со посебни потреби.

    Редовно оставам облека која не ја носам и вишок храна во месната црква кај мене, а отецот потоа ги дава кај е неопходно.

    Пари и храна не давам на пијаници, неодговорни родители, коцкари, просјаци, насилници. Сакам моите пари да завршат продуктивно и да подобрат нечиј живот, а не да завршат во некоја коцкарница или кафана.
     
    На hermosa, marchi-cool, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Vo bolnica utvrdiv deka poveketo sto prosat se narkomani koi odat vo centarot za terapija.Eden konstantno e pred naplatnite rampi. Za donacii posledniot pat se ispekov kaj nekoja Radica I ispadna deka e prevarant koj nikogas ne gi dava parite na decata,ja imase I po portali. Na prosjaci niz grad I pred samoposlugi gi prashuvam sto im treba I toa kupuvam vo zavisno kolku pari imam.
    Nekogash e leb,mleko,konzerva,pampersi,smoki,sendvich. Stara obleka davam na semafori.Pari veke ne davam vo princip.
     
    На Снегулк@23, marchi-cool и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    И јас најчесто давам храна ако некој пример на улица ми побара, колку имам ќе земам нешто. Најчесто и дома ми доаѓаат, памтам еден човек постојано доаѓа со некакви документи дека детето му е болно и фотографија постара и од мене. Знам дека е лажно зошто оддамна кружат истите документи и слика, знаат дека повеќето луѓе се слаби на деца и ќе дадат пари, кој ќе завршат за нешто трето. Еднаш исто ми дојдоа на врата една ромка и две дечиња бараа пари за леб, имав купено повеќе леб дента па земав еден плус тогаш имаше ајвар, слатко по дома земав по една тегла им ставив и колачи за децата. Им ги давам и реакцијава на женава беше " А мори јас ти барам пари за леб не ајвар да ми даваш". И вратив нели сакаше леб ти дадов ти дадов и нешто со лебот да јадеш пари нема, промрморе нешто на ромски и си отиде... Оттогаш храна давам во црковна организсција која ја води еден отец Оливер кој и лично се знаеме, таму давам кога ќе можам и на броевите кој се дадени за донации, зошто знам дека со нив не можат да се прават лажни акции.
     
    На marchi-cool, noteforself, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    Јас пак.
    Ама организирана банда се. Седевме пред Веро, помина истата жена, јас ја памтев добро, со помлада девојка. Набрзина не забележав девојката седна до мене, а таа демек влезе во Веро. Мислев океј ќе ја почека додека купи, нека седи не смета. Почна со прашања навидум наивно, убо си облечена, дали често си купваш, со здравје да си носиш, дали си турист и дали скоро имаш праено свадба ( :^) ). И цело време ми се обраќа мене, на дечко ми воопшто.
    Си реков некое досадничко дете е, ама глупа јас одговарав, арно не ме праша кај живеам се' ќе си кажев. Е изгледа не и' се допаднаја одговорите, женава цело време стоела зад нас, ни влегла ни ништо, ја викна и набрзина си заминаа.
    Не знам каков план имаат, ама туристи и свадба ме потсеќа на пари и крадење, само како ги наведуваат понатаму не знам. Не е теорија на заговор, многу ми е чудно.
     
    Последна измена: 29 јуни 2021
    На spacegirl92, *Amethyst*, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Не е теорија на заговор, добро си сфатила. Многу е едноставно, туристи и луѓе што правеле свадба дома или во смештај многу веројатно имаат пари во кеш. Ако извадат од тебе кај живееш, многу веројатно е некој во екипата да обива врати. Не знам како е таму, ама во Скопје барем често се случува да питаат истите луѓе нон стоп, секој викенд да се појавуваат во зграда, а они уствари си испитуваат терен, кој кога е дома, кој стан е празен итн итн.
     
    На Idedemja, VDT2906 и mira.mira им се допаѓа ова.
  6. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.598
    Пол:
    Женски
    Denes edna polnicka devojka-zena so mnogu dolga kosa na vrata barase pari za operacija na kerka i, mislam Anastasija rece. Mi vika me znaat i komsiite od porano sega treba vtora operacija. Vikam a ziro smetka i broj za donacii neli otvorivte. Vika ne. I ne i dadov pari.. malce griza na sovest ama cudno mi bese samo so novcanik vo raka...vo denesno vreme barem mislam veke online se sobiraat sredstva so donacii
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    100% е оваа затоа ти рекла комшиите ме знаат зашто заборава кај била и тропа на истите врати. Во која населба ако не е тајна?

     
  8. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.598
    Пол:
    Женски
    Aerodrom. Nelogicna mi bese. Mozno e da e istata po opisot
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Мене кога ми доаѓаше на врата живеев во центар. Сега и јас сум во аеродром, може да ми дојде и по трет пат :D
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Јас не отворам врата ,на никој непознат,откако ја ограбија на другарка.Убави двајца дотерани ја прашувале дали се издава стан во зградата.После два дена ,во рок од пола час излезена ,лом станот и го направија.
     
    На Idedemja и DaisyDream им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Порано отварав како помлада дома во куќата, ама откако сум во зграда во нашиов стан понекогаш ѕвонат, ги гледам преку шпионката и ги прашувам од внатре што сакаат, што им треба. Иако во последно време на секое тропкање на лифтот, а камо ли да ми тропкаат на врата или ѕвонат се активира:toivo: со лаење и некако откако го имаме година дена дали ради коронава дали ради него не научија не доаѓа да проси никој:D
    Од овие причини претседателката на куќен совет договорена е да ги зема флаерите од маркети кои до пола ги ставаат во поштенските сандачиња и штрчат надвор и нормално не се подигнати од станарите кои не живеат преку лето или подолго тука.
    Имаат многу финти и начини по кои проверуваат кои станови се подолго празни, да не си им на радар само(fingers)
     
    На cresa-jagoda, Celltica, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Same. Додека живеев во Мкд, во соседниот влез влегле двајца не знам навидум обични момчиња, на комшијата од втори спрат му го превртеле станот. Украле пари и накит вреден многу.

    Од кога живеам тука на другарче на дм му го испразниле станот преку прозор. Оставиле прозор да се излуфтира и излегле со девојка му да се прошетаат и кога ќе се вратиле шок ги мавнало. Испревртено се, од тогаш ја пари на картица чувам.
    Додуша не ни отварам, и во овој и во стариот стан влезната врата односно влезот во зградава тешко се отклучува, на постарите станови од надвор нема квака што тоа ми дава некоја утеха и мир. Секогаш кога гледам стан и треба да се селам пазам на деталите, со дм гледавме троа поубави станови од овој, ама мене секој детаљ ми е важен.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.150
    Пол:
    Женски
    Во рок од еден месец, два пати ми доаѓаат на работа нудејќи ми боенки и сликовници, велејќи за деца болни од рак. Не ми текна да прашам кој воопшто го организира ова. Ако некој решил да покрене ваква хуманитарна акција, убаво, ама ако е нешто друго во прашање... На нивна глава е.
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Еве едни од тие:
    IMG_20211124_124502_edit_396223138523394.jpg

    Боенката е 100ден и многу мал процент оди во хуманитарни цели. Жива глупост, не знам зашто ги купувам како идиот, секогаш си викам следен пат ќе одбијам и пак како глупа некоја плаќам.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    218
    Постојат и такви кои се обидуваат на секој начин да дојдат до пари, па користат име на болниот или семејство,без они да знаат за тоа и парите ги земаат за себе ;(
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Има една на Фејсбук, баш во Ждм читав постирала, гледам со месеци бара алишта и средства, ама некако сумљива е.Ниедна слика нема освен профилната, пишала дека ја избришала од срам ради селото :?: а фацата и се гледа.Неќам да грешам душа, ама пазете, мене ми смрди
     
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Еднаш една жена имаше пишано дека и треба облека за сестра и во Дај не фрлај, само што се породила и немале во што да го земат детето од болница.. И мене ми падна жал, на кого не би му било нели, не можеле детето да го земат поради тоа, и и реков на мајка ми спремај бебешки алишта што имаме од брат ми, и онака не ни требаат, ќе ги дадеме.. И и ги однесов, ама жената испадна измамничка.. Прво алишта бараше Маријана, а дојде ромка некоја со 'Господ да те благослови, солзи река имаше..', деца со неа исто некој парталосани, ај нмв, им требале, после тоа слики ставија од тоа како ја пречекале дома сестра ии, нит детето ги носеше алиштата што им ги дадовме, нит личеа на луѓе што немаат со што да земат бебе од болница, тоа балони, цвеќиња, транспортер, торта, прослава а онде бара по групи, мислиш стварно нема..
     
    На spacegirl92, Осе и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Греота...кај ќе им оди душата
     
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.930
    Допаѓања:
    4.408
    Пол:
    Машки
    За жал се почесто има вакви. Нема начин да ги откриеш освен документ валиден да ти покажат дека им треба помош за нешто или кај нив домљ да отидеш што е малку ризично доколку одлучиш да не им подариш.
     
  20. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    ako sakas pusti mi vo poraka link od fb od devojkata/zena jas ke i pratam obleka ,pari ne davam no obleka ako i odgovara brojot ke i dadam,pod ulsov da ne e romka, za takvi raboti so niv imam loso iskustvo
    jas da sum vo situacija da treba obleka da baram ni profilna ne bi stavila