Јас имам фазла алишта од малата, мали и се, решив да ги подарам. Ми пиша една, се сожалив, имала братучетка, маж и починал од ковид, самохрана мајка била. Тоа да немало везе, препродавале. И решив, ќе ги дадам во Црвен Крст, бар ќе отидат на право место.
Zarem navistina mislis,deka imale mnogu,duri i da preprodavaat stari alista,podobro negoli da prosat i baraat pari.AKO dades pari nisto,za tutun i alkohol,vaka barem rabotaat nesto i se trudat,ne im e lesno.ZA ova ne se ljutam,se trudat kako onie sto sobiraat kartoni,cistat podrumi i zeleza.NESTO RABOTAT.,na nivennacin,nemaat skolo ni osnovno sto da pravat?
Оваа изгледа пак се активирала. По описот што ми кажа маж ми мислам дека е таа, сега 'ќерка и се вика Марија'.
Истите се цело време, на самиот извештај пишува дијагноза, речи и дај да видам од што боледуваш, и ќе видиш дали е вистина или не.. Најчесто врска нема тоа за што бараат пари со тоа што го пишува во тие извештаите што мавтаат со раце со нив..
тоа дека од црвен крст ќе отидат на право место чисто сумњам. И јас исто све давав во црвен крст додека еднаш не видов како семејство излага од црвен крст со пакети и на првиот контејнер скоро сите алишта фрлени. Зеле само тоа што им се свиѓа.
Ма оваа нема ништо кај неа. Така, на лепе очи. Чисто да знаете ако тропне на врата. Бар јас не сум слушнала некоја акција за дете Марија. Ако знаете споделете.
Ги продаваат, Црвен крст има нивна продавица за половна облека и таму ги носат, ама и таму цените се попрличилно високи.. Имам влезено неколку пати, цени до плафон, а на тв кажуваат дека со цените таму можеле да купат сретства за облеката да ја перат и средат за продавање само, лажат, чист профит имаат таму.. Во продавница ако е 700 денари дуксер, таму половен е 300-350 денари, на почетокот кога ја отворија продавницата имаше пониски цени, сега цените до плафон се.
Во принцип не отварам врата на просјаци и непознати, мислам дека не само што повеќето лажат туку и може да се опасни. Гледам кој е пред врата и ако не го знам, не отварам.
да јас останав подзината во моментот. Излегуваат од црвен крст седнуваат ги распакуваат пакетите редат претеруваат нешто станаа еден пакет си зедоа другите два у контејнер
Имав прилично нова перница од дормео. Постар модел кој не го користев за спиење, бидејќи купив друга перница. Не ми требаше и со реков ај ќе ја подарам во групите ,,Дај, не фрлај" на фб. И добро, ете ја се наоѓа една што ја сака перницата. Се договараме да и ја дадам, бидејќи вика дека е социјалка и нема пари за да си купи. Се наоѓаме и кога ја гледам опнала бунда, штикли, се дотерала како за во диако, а не за подигнување. И ја прљшувам, стварно ли имаш потреба од перницата...вика да да, мојата веќе не е во добра состојба и вчера ја фелив. Ми падна некако жал и и реков се надевам дека не злоупотребуваш и и ја дадов. Поминаа неколку дена, некој друг подарува нешто, ете ја неа пак. Му пишувам во порака на човекот и ми викам на кого ја подари, и ми ја кажува истата девојка на која и подарив јас. После неколку дена се појавува пост од некој човек, кој ја опижува дека злоупотребува со тоа што таа си имала и перница и се, само се алчи за повеќе да земе, намесро тоа да го добие некој што го нема. И пишав, се испокаравме и од тој момент ја кажав во сите групи и ја блокираа. Еве ви пример какви алчни луѓе има. Пазете на кого пружате помош. Дури доаѓаат и на химанитарните организации, без срам и перде да бараат. А ние што птужаме таква помош, нема како да се заштитиме, бидејќи не ја знаеме личноста дали има-нема и дали ќе злоупотреби. Жалам што нема некоја институција/организација во Македонија што би се занимавала сериозно со ова. Сите се земи и дај што побрзо колку да се оттргнеш од работите.
Целта на Дај не фрлај, е да дадеш нешто кое не го користиш и ти зафаќа простор, тоа е и самата цел на групата, за да има помалку отпад, да не фрламе одма, дека може да му се најде на некого и тој некој да не купува ново.. И самата иницијатива на групата е тоа, е сега тоа што луѓето си ја користат групата за да злоупотребуваат, многу ме нервира кога некој ќе пише дај ми мене, јас немам, или дај ми мене, јас сум социјален случај, ако имаш потреба од хуманитарна помош оди и во хумантирани групи барај, целта на дај не фрлај не е помош на сиромашни и давање на некој што нема, туку намалување на отпад и реупотреба на нешто што веќе не ни треба на нас, а ќе го користи некој друг, и Дај не фрлај не е хуманитарна група.
Дајте предлог каде да ги дадам, иако имаше и една самохрана мајка со 2 деца, да ги пратев по карго се мислам.
Ако веќе знаеш дека некој има потреба од нив и ако си решила да дадеш, дај ги. Јас пре вака би бирала самохрана мајка што знам дека има потреба отколку да не знам каде ќе завршат.
Пред неколку месеци една другарка што нема социјални мрежи ме замоли да пишам по групи на фејсбук дека подарува облека, ми рече јавно да пишам и број и за прашања лично да и се обратат на телефон, да не пишуваат. Пишав пост во Дај не фрлај мислам и во истата секунда навалија 200 луѓе во инбокс, иако беше напоменато на телефон да го побараат девојчето, зошто јас не ни подарував. Ајде, нема врска тоа, почнаа да ми пишуваат а ти количка за дете немаш, а имаш ли да ми дадеш шпорет, ај дај ми ова, она што врска немаше со постот.. нели облека се подарува. Од 200 луѓе, не знаев кој попрво да одберам да му дадеме, гледав да е некој што стварно му треба и со другаркава одбравме на крај една жена што беше така културна, фина, не беше воопшто нападна, рече дека е болна од нешто, па као ништо веќе не и било точно, многу ослабела а не можела да си дозволи да купи. Наредниот ден отишла кај другаркава да ја земе облеката, се паркирала со најнов џип пред врата, ми рече другарка ми подотерана и понамирисана од мене, ама ај дека веќе договорено и ги дала работите. Не ми се јасни вакви луѓе...
Колку има такви алчни кој имаат и пак земаат, најчесто тие што навистина немаат, други луѓе за нив известуваат зошто немаат никакви услови, а не пак интернет и телефони. Колку има со солидни примања, а бараат социјално или од хуманитарните здруженија помош. Треба добра проверка на кој се дава помошта зошто обично земаат тие кој имаат, а тие кој немаат не можат да дојдат за помош од нив.
Ti blagodaram sto pisha za tvoeto iskustvo zatoa sto I jas imam nekolku slicni iskustva. Za zal iako so dobra namera ,se cuvstvuvame izmanipulirani.
Ај за гага работи, туку лажат со болести и сиромаштијата и кога се огласува нешто за продажба. И тој муабет го прават за да се ценкаат и да им дадеш уште поефтино. Двапати ни се случи тоа. Еднаш продаваме кола, се ценкаше да смалиме цена, дека е социјален случај, дека секој ден болен татко носи во болница и му треба колата. Кола исправна, долго ќе го служеше. Уствари после дознавме дека ја препродал за неколку месеци. Се ценкал за да тој оствари поголем профит. Вториот пат беше за мобилен телефон. Стално истата приказна, за болен родител...Како не им е грев да лажат за болест... Бар речи дека ти е скапо. Сега почнат ли да се жалат, чекам само да побараат пониска цена. И на просјаци не давам милостина на што сака нека се жали..
Ако имате нешто што стварно може да се искористи, а не ви треба без разлика за што станува збор, јас би ви препорачала да ги дадете во организацијата од Драчево, мислам дека св.Спас се викаше. Они ги даваат стварно кај што треба. И јас мн пати сум се излажала со црвен крст, се додека не видов дека работите ги фрлаат место да ги даваат таму кај што треба, па оттогаш решив или сама да ги давам кај што мислам. Исто така, за облека, пријател ми кажа дека тој ги носел во католичка црква, они имале семејства со списоци што им треба па ги давале
Св. Спас да, бев на крштевка таму. Добра идеја. Ќе видам мајкава ако ми пише за сигурно, ако не ќе ги дадам таму.