Лазања

Дискусија во 'Рецепти' започната од maca99, 2 октомври 2010.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.659
    Обожавам лазања но знам само на еден начин да ја приготвам(со мелено месо и бешамел сос)АЈДЕ КАЖЕТЕ МИ НАЧИНИ ДА СЕ НАПРАВИ ЛАЗАЊА.:)
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.527
    Lazanja

    обожавам лазањи ама само овој рецепт го знам незнам дали и ти зборуваше за истиот
    ЛАЗАЊИ

    Состојки :

    * ½ пакетче лазањи
    * кашкавал
    Потребни состојки (за ФИЛОТ) :
    * 200 – 300 g мелено месо
    * 1 главица кромид
    * 2-3 чешниња лук
    * 0,5 ml сос од домати
    * вегета, бибер, оригано, магдонос
    * 200 -300 g печурки
    Потребни состојки (за БЕШАМЕЛ СОСОТ) :
    * 2 супени лажици путер
    * 1 супена лажица брашно
    * ½ литро млеко (може и помалку)
    * сол, вегета
    Подготовка :
    * Меленото месо се пропржува со кромидот, се зачинува со вегета и бибер, се додава лукот, кечапот и ориганото. Печурките ситно се сецкаат и се додаваат на смесата.
    * Бешамел сосот се приготвува на следниов начин : на тивко се растопува путерот и се додава брашното, потоа постепено се додава млекото, се додека не се згусне смесата и се додава вегета и сол.
    * Лазањите се варат, 3-4 минути само колку да омекнат, но не и да се сварат.
    * Во тава подмачкана предходно со маргарин се редат прво лазањинте, бешамел сосот, меленото месо, и пак лазањи ...
    * На последниот слој лазањи се мачка бешамел сос, па се ренда кашкавал ( пармезан мх мх мх ) и се пече на 220°С , 20 мин.
     
    На Bufi, Karamella, Sweety55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.659
    Да на овој мислев и го обожавам превкусно е.и само на овој начин го правам па сакав нешто различно да пробам,доколку има предлог што би ме привлекол да го правам :) tnx и поздрав
     
  4. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    617
    Лазања (со мелено месо)

    Потребно е:
    - 500 г. лазања кори
    - 500 г. мелено месо
    - 400 г. кашкавал
    - 800 мл. кечап
    - 150 г. сос за шпагети
    - 2 големи лажици масло
    - 2 чешниња лук
    - 1 мало лажиче сол
    - 1 мало лажиче шеќер
    - 1 лажиче оригано
    - малку пипер

    Приготвување:
    Прво се приготвува сосот од месото со сите состојки, на следниов начин:
    Се става маслото во подлабоко тенџере, се потпржува меленото и му се додаваат сите наведени состојки, се меша добро да не запече. Сосот треба да биде густ, така да кога ќе се помине со лажицата на дното од тенџерето да остави трага и тоа е знак дека сосот е спремен.
    Во меѓувреме се варат лазањите (во вода, со малку масло и сол) да омекнат околу 10-15 мин., па се ладат во ладна вода.
    Во тава 22x33 cм. се редат прво лазањите, па еден ред сос, рендан кашкавал, па повторно лазања, сос, кашкавал и така се’ додека не се потрошат сосот и лазањите, а и последната лазања мора да биде со сoс и кашкавал.
    На крајот се покриваат со фолија и се печат 30 минути на 180C.

    Лазања (со колбас и јајца)

    Потребно е:
    - 400 г. лазања кори
    - 3 колбаси
    - 6 јајца варени (сецкани)
    - 500 г. бело сирење
    - 170 г. парчиња кашкавал
    - 250 г. сецкани печурки
    - 800 мл. кечап
    - 2 големи лажици маргарин
    - 2 чешниња лук
    - малку пипер

    Приготвување:
    Се чистат колбасите од лушпата, се сецкаат и се пржат, па се додава кечапот, лукот и пиперот.
    Од кога сето тоа ќе се испржи, се остава 15 мин. отскриено.
    Печурките се пржат во маргаринот и при пржењето се додава претходно испрженото месо и од кога се’ е добро запржено, се трга настрана.
    Во меѓувреме се варат лазањите (во вода, со малку масло и сол) да омекнат околу 10-15 мин., па се ладат во ладна вода.
    Во тава 22X33 cм. се редат 1/3 лазањи, 1/3 од сосот, па 500 г. бело сирење. Потоа повторно 1/3 од лазањите, 1/3 од сосот, па јајцата со 170 гр. парчиња кашкавал и последната третина од лазањите и остатокот од сосот. Покриено со фолија се става да се пече на 180C само 30 минути.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    327
    Еве од мене неколку видови:


    Ratatouille лазањи

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 300 грама Тиквичка
    * малку Сол
    * 40 грама Сирење
    * 2 Пиперка/ки
    * 300 милилитри Млеко
    * 40 милилитри Маслиново масло
    * 25 грама Маргарин
    * 3 чешниња Лук
    * 1 Лазањи
    * 2 Кромид/а
    * 25 грама Интегрално Брашно
    * 500 грама Домат
    * малку Црн пипер

    ПОДГОТОВКА:
    Варете ги лазањите во посолена вода 12 до 15 минути.

    Загрејте масло во тава за пржење, па пржете ги лукот и кромидот додека не омекнат.

    Додадете ги тиквичката и пиперката, па динстајте со повремено мешање, додека не омекнат.

    Додадете го доматот заедно со сокот и пире од домат, па варете на тивок оган, а по потреба додадете малку супа.

    Зачинете по вкус, па оставете на страна да се олади.

    Белиот прелив ќе го направите на оној начин што ќе го растопите маргаринот во мал огноотпорен сад.

    Додадете брашно и варете 1 минута мешајки. Потоа пополека додадете го топлото млеко, непрекинато мешајки оставете го да зоврие, па варете го на тивок оган околу 3 минути.

    Со масло премачкајте длабок огноотпорен сад, редете слоеви од лазањи и предходно подготвениот сос, а завршете со лазања.

    Прелијте со белиот сос, а одозгора посипете со сирење.

    Печете во рерна, предходно загреана на 180 степени додека не добие златеста боја.


    Лазањи со шампињони

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * малку Сол
    * 100 грама Сланина
    * 50 грама Сенф
    * 50 грама Пармезан
    * малку Оригано
    * 750 милилитри Млеко
    * 60 грама Маргарин
    * 1 Кромид/а
    * 100 грама Кашкавал
    * 350 грама Домат
    * 60 грама Брашно
    * 50 милилитри Супа од зеленчук
    * малку Црн бибер
    * 1000 грама Шампињони

    ПОДГОТОВКА:
    Сос од печурки: ситно исецканата сланина испржете ја во тава без масло. Потоа додадете ги ситно исецканите печурки и кромидот исечен на кругови, па динстајте околу 10 минути. Додадете го доматот исечен на коцкички, сол, бибер и оригано. Сето тоа пржете го околу 5 минути.

    Бешамел сос: Истопете го маргаринот, па додадете во него брашно и полека доливајте млеко, постојано мешајќи. Зачинете со лажичка сенф, додадете ја супата, а потоа и пармезанот.

    Плех за во рерна премачкајте со путер (или маргарин), па ставајте една кора за лазања, па сос од печурки, па ред бешамел сос. На крајот одозгора посипете со рендан кашкавал. Рерната загрејте ја на 200 степени и печете околу 30 минути.



    Лазањи болоњезe

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 30 милилитри Суво бело вино
    * 550 грама Спанаќ
    * малку Сол
    * 2 чешниња Лук
    * 1 Кромид/а
    * 1 Китка магдонос
    * 30 грама Кечап
    * 1 Квасец
    * 550 грама Домат
    * 550 грама Брашно
    * 1 лажица/ци Бибер
    * 300 грама Јунешко мелено
    * 2 Јајца/це
    ПОДГОТОВКА:
    Од брашното, јајцата, квасецот и солта, замесете го тестото, па оставете го малку да отстои.

    Во меѓувреме пропржете ги на масло ситно сецканиот кромид и лук, па додадете го месото.

    Откако месото ќе се испржи, додадете ги зачините и ситно сецканиот магдонос, па добро измешајте, прелијте ги со кечапот и белото вино и варете го сосот додека сокот значително се намали.

    Расукајте го тестото, исечете квадрати, па редете ги во намастен огноотпорен сад: ред тесто, ред тркалца од доматите и ред сос.

    Одозгора треба да биде сосот.

    Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете ги лазањите околу 45 минути во средно загреана рерна.

    Можете и со готови теста за лазањи да си го правите рецептот, немора вие да сукате. :)


    Пријатен апетит!!! :)
     
    На Summerlover, zhap4e и maca99 им се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.017
    постојат и пица-лазањи најубави се од тие шо сум ги пробала јас ко да јадеш пица, пица-бурек а сепак јадеш лазањииииии :)
     
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.340
    лазања со спанаќ и козјо сирење. моето омилено :inlove:

    предупредување: ова е само за оние што сакаат и поднесуваат јаки вкусови

    за двајца:
    500 гр спанаќ (замрзнат или свеж)
    120гр козјо сирење/кашкавал
    50мл слатка павлака течна
    пармезан
    1 пакетче лазањи.
    хартија за печење
    зачини по желба

    во тава обарете го спанаќот ако е свеж ако е замрзнат оставете го убаво да се размрзни, од кога ќе биде спремно додате му ја слатаката павлака измешајте и тргнете настрана.
    во тава постелете ја хартијата за печење, може да стваите и путер или маргарина и тргнете ја настрана. листовите лазања ставете ги во вода да повријат 2-3 минути додека да омекната да можете да ги наредете во тавата.

    козјото сирење исечете го на парчиња -(напомена: се работи за козјо сирење кое е пакувано однсно она како со кора не мислам на козјо сирење младо или пакувано во вакум.слики во прилог за да добиете идеја. ) наредете во таваата лазањи да ја покрие тавата па од смесата спанаќ со слатка павлака па парчиња козјо сирење па малку ренданн пармезан по желба тоа па пак лазања и се така додека имате од смесата од спанаќ и сирење за редење. на последниот слој лазања премачкајте обична павлака или слатка павлака и прекријте со рендан пармезан, печете на претходно загреана рерна на 210 степени едно 25-30 минути и voila! bon appetit
     

    Прикачени фајлови:

    • images (3).jpg
      images (3).jpg
      Големина на фајлот:
      9,4 KB
      Прегледи:
      8.772
    • images (2).jpg
      images (2).jpg
      Големина на фајлот:
      5,3 KB
      Прегледи:
      8.771
    • lasagne_chevre.jpg
      lasagne_chevre.jpg
      Големина на фајлот:
      10,8 KB
      Прегледи:
      8.773
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    65.955
    Пол:
    Женски

    Без млекото и оп ете ми го менито за еден ден од УН диета :) фала ти :) изгледа вкусно плус тоа сакам зеленчук, тиквички посебно :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    41.090
    Викендов правев лазања со стек.Без бешамел сос.Беше превкусна сите ми ја пофалија 8) Ја сликав и кога ќе ја префрлам ќе ја видите :)
    Запржив пиперки,кромидче,морков,патлиџанче, додадов стек ситно сецкан.малку бело вино.Така наредив се и одозгора врз лазањите ставив кашкавал кој се растопи и беше преубав, даваше крцкав вкус. :smirk:
     
    На Veki4kaa, lolyta777 и maja8 им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    41.090
    Ветено сторено-ете ми ја лазањата.Може малку не изгледа вкусно на сликава,ама верувајте преубава беше.Ова е значи лазањата со стекот погоре што ја кажував,да се пофалам :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 28082011037.jpg
      28082011037.jpg
      Големина на фајлот:
      222,2 KB
      Прегледи:
      7.973
    На Trendafilka, blond и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  11. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    МММММ...Лазањииии..моето омилено јадењее..уфф ми се пријаде.. :lol: :P
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    58.158
    Пол:
    Женски
    За ручек имавме лазањи со шампињони, еве го рецептот:

    главичка кромид
    2 чешниња лук
    500гр. лазањи (неварени)
    500гр. свежи шампињони
    250гр. мелено месо
    100гр. кашкавал
    30мл. масло
    1л. сос од домати
    1 лажичка сол
    црн пипер
    морско оревче

    - за бешамел сос -
    50гр. путер
    60гр. брашно
    500мл. млеко
    половина лажичка сол

    Ситно исечканиот кромид се пржи во масло. Во тавата со кромид се додаваат исечканите шампињони и лукот, па се пржат заедно околу 10 минути - додека не испари течноста. Потоа се додава меленото месо и се пржи уште 10 минути.
    Во испржената смеса се додаваат сол и зачини, а се додава и сосот од домати, па филот треба да врие уште 5 мин.
    Истовремено се приготвува и бешамелот. Се топи путер во тава и се додава брашното, па се пржи додека не зарумени. Со постојано мешање постепено се додава и млекото. Се додава и половината лажичка сол, па се меша додека не се згусне.
    Се редат лазањите во плех премачкан со путер - ред лазањи, ред од филот и се премачкува со бешамелот.
    Постапката се повторува додека има кори. Одозгора се става бешамел и се прекрива со листови кашкавал. Се пече во загреана рерна, 30 мин. на 200 степени.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.777
    Пол:
    Женски
    Лазањи со кисели краставички

    -бешамел сос,
    -рендан кашкавал,
    -рендана салама (пилешка или шункарица),
    -кисели краставички сецкани на кругчиња,
    -кечап или томатело се прелева по желба,
    -зачини по желба (сол, бибер, вегета, оригано...).
    *Количината е се` по вкус и желба, нема посебна мерка.

    Прво тавчето се прелева со бешамел сосот, се редат лазињите (може претходно малку подварени колку да омекнат, ама и не мора), па пак бешамел, па се реди по редослед од погоре наведените состојки (кашкавал, салама, краставички, кечап/томатело, зачините се наросуваат), па пак лазањи, бешамел, ренданите состојки итн.
    Се повторува постапката додека не се потрошат лазињите (најдобро е да има три реда лазањи).
    Одозгора на последниот слој се става поголема количина рендан кашкавал.
    Се покрива со фолија и се пече околку половина час на 220 степени. Последните 10-на минути се вади фолијата за да се запече убаво кашкавалот.
    Доколку лазањите не се сварат претходно се залева малку водичка од страните на тавчето.

    Бон апетит :)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.903
    Пол:
    Женски
    Лазања со тиквички, шунка и кашкавал

    Потребни состојки:
    3 средни тиквички, излупени и исечкани на тркалца
    3 јајца
    100 гр брашно
    200 гр шунка, исечкана на кругови
    200 гр кашкавал, исечкан на ленти
    200 гр кисела павлака
    сол и бибер

    Начин на подготовка:
    Тиквичките посолете ги и ставете ги на чиста крпа околу 30 минути да се исцедат од водата. Потоа, извалкајте ги во брашно и пржете ги во масло. Испржените тиквички ставете ги на кујнска хартија да се исцедат од вишокот маснотии. Наредете ги во тавче за печење. Врз нив ставете малку бибер, па наредете еден ред шунка и кашкавал. Оваа постапка повторете ја два до три пати. Јајцата изматете ги со павлаката. Оваа смеса претурете ја врз тиквичките и ставете сè да се пече во рерна загреана на 200 Целзиусови степени, околу 30 минути. Готовите запечени тиквички извадете ги од рерна и оставете убаво да се оладат.
     
  15. ivann

    ivann Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    Лазањи со пилешко месо

    ~1000 милилитри Супа од зеленчук
    ~400 грама Сирење
    ~400 грама Пилешко
    ~350 грама Печурки
    ~500 милилитри Млеко
    ~50 грама Маргарин
    ~1 Лазањи
    ~150 грама Брашно
    Супата сварете ја во половина литар вода. Пилешкото месо исецкајте го што поситно и динстајте со малку сол, црн пипер, зачинска сол на средна температура. По 15 минути додадете ги исцедените и убаво измиените печурки (да не се кисели). Динстајте уште 15 минути, измешајте, па додадете ја крем супата. Сè убаво измешајте и додадете 200 мл. вода.

    Бешамел: на ниска температура истопете го маргаринот, па додадете го брашното, испржете, но не премногу. Полека, постојано мешајќи со жица за матење додавајте го млекото. Сварете густ бешамел сос. Зачинете го со сол, црн пипер и рендано морско оревче. Бешамелот додадете го во смесата од печурки и месо.

    Правоаголна тава намачкајте ја со маргарин, па ставете дел од смесата со бешамел. Наредете полуварени листови тесто за лазањи. Полијте со бешамел, па пак листови тесто и изрендајте сирење. Покријте со листови тесто за лазања, па пак ставете од сосот. Редете, според овој принцип, додека имате состоки. На врвот полијте со бешамел, посипете со рендан кашкавал. Лазањата печете ја на 220 степени додека сирењето убаво не се растопи. Доколку најдете тенки листови за лазањи тогаш не морате да ги варите.
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  16. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    91
    Сакам рецептааа :?: (и мене ми звучи вкусно :P )
     
  17. chocolate.chick

    chocolate.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    638
    Мњамиии..обожавам :$
    Кога ме мрзи многу да спремам едноставно ќе ги сварам лазањите, потоа редам една во тава, врз нејзе ставам томатело сос и рендано сирење и одозгора на ист начин ги ставам другите :D
     
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Начин на кој јас ги приготвувам лазањите со мелено месо: Овие состојки се за цело кутивче лазањи и излегуваа многу т.е. за 8 луѓе и ги спремам во големо тавче(плекче) ама за број не прашувајте поима немам :D

    Потребни состојки:

    - 1 кутивче лазањи (500гр.)
    Ги купувам овие од КАМ маркет дека ми се најевтини а сепак се супер [​IMG]
    - 500 гр. мелено месо
    - 5-6 средни главици кромид
    - 2-3 средни моркови
    - 400-500грама печурки (најубаво свежи шампињони, ако нема свежи онакви од тегла или други печурки)
    - 500гр. кашкавал (млечен :fubar: никако растителен)
    - 500ml. томатело (или друг доматен сос)
    Јас го користам овој [​IMG]
    - 1литар млеко
    - малку црн бибер
    - вегета

    Начин на подготовка:

    Најпрвин ги пржам кромидот и морковите(кои претходно треба да бидат ситно исецкани), кога кромидот е веќе испржен го додавам месото и ставам бибер и вегета по вкус (обично 2 лажици). Кога месото е испржено ги додавам и печурките да се пропржат со смесата.
    Кога кромидот,морковите,месото и печурките се готови го истурам томателото и смесата ја мешам да се соедини (томателото добро да се размеша со останото). За крај го ставам млекото во останатата смеса, добро промешувам и го оставам да зоврие.
    Кога ќе зоврие смесата тенџерето или тавата (зависи во што имате пржено) се трга од оган.

    Во тавчето ставам од смесата да го покрие цело и врз него малку од ренданиот кашкавал и врз сето тоа редам лазањи( :!: не ги варам ). Да не заборавам лазањите мора да бидат целосно потопени со смесата (течноста). Постапката ја повторувам неколку пати дур имам лазањи. Значи смеса, врз неа рендан кашкавал па лазањи. На најгорниот слој врз лазањите ставам од смесата и повеќе кашкавал (оној кој останал, ама ќе гледате за горе да има повеќе).

    Лазањите ги печам во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. А за да бидете сигурни кога се готови ќе гледате кашкавалот да биде стопен и добро потпечен а во тавчето да нема течност.

    Многу се вкусни :) пријатно јадење :)
     
  19. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.800
    Допаѓања:
    4.760
    Пол:
    Женски
    Mрк мрк! :mm:
    Абе тестенина си е тестинина и готово!

    Јас лазањите на мајка ми ги обожавам,значи како ги прави тоа е прсти да изедеш,секој пат се повкусни,сочни :) Треба да ја потсетам да направи во брзо време :P

    Јас ако земам да правам потврдувам дека ќе ги утнам :tmi:
    А толку се прелесни за правење,никаква филозофија..
    Зар има некој што не сака ова? :wasntme:
     
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    639
    Лазањи омилено јадење готвам често и никогаш не ми се одмилил вкусот ммх