1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лазања

Дискусија во 'Рецепти' започната од maca99, 2 октомври 2010.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Офф леле зошто ја видов темава...
    Кај е дечко ми да ми направи? :/
    Ако некогаш успеам да му ја крадам рецептата ќе ја постирам, поубави ги нема :lol: :inlove:
     
  2. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Последниот пат кога ги ставив лазањите во зовриена вода со масло и сол за да омекнат некои 10-13 минути,многу ми се залепија,иако после варењето ги ставив во ладна вода. Потоа се намачив додека ги разделив по листови за да можам да ги редам во садот за печење. Можеби е подобро да не се варат.
    Сакав да прашам како да ги подсварам лазањите без да се залепат при варењето?
     
  3. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Немој воопшто да ги вариш, стави ги така неварени ,само сосот направи го потечен ,ќе се сварат при печењето . Јас секогаш така ги правам ,плус помалу садови за миење имаш ;)
     
    На danika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Првиот пат кога правев лазањи и мене ми се исполепија, одвај ги одлепував, а некои не се ни мачев да ги одлепувам.
    Сега знам дека не мора да се варат.Сепак, јас обично ги обарувам, ептен малку ги ставам во зовриена вода со масло, и после одма во ладна вода и таму ги држам дури да ги ставам во тавата. Ама не ги обарувам сите наеднаш, туку по 5-6 листа максимум, така не ми се лепат.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Анатх,еве ти го мојот рецепт за лазањи,проверен и пофален од сите кои ги пробале.
    1 главица кромид ситно ја сецкаш,додаваш
    2 моркова рендани и
    600 гр.мелено месо.Сето ова се пропржува ,потоа сипуваш
    1 л.томатело(во тетра пак),додаваш
    сол
    бибер мелен,црн
    оригано 2-3 м.лаж.
    босилок 2-3 м.лаж
    Сето ова да крчка на тивко околу 30-40 мин,а во меѓувреме го правиш бешамелот.

    За бешамел:
    100гр.путер
    4 супени лаж.брашно
    1 л.млеко(Го пропржуваш брашното на путер ,па додаваш 1 л.млеко)

    Кога се ова ќе ти биде готова ставаш 2 кутлачи(црпалки )од бешамелот во земјена тава па потоа редиш од корите -неварени,така од кутија само извадени-па 1 црпалка пак бешамел,па од меленото месо 1-2 црпалки.Се ова до крај се реди,кори ,бешамел,месото.
    Најгоре ќе си ставиш рендан кашкавал-по можност растителен Ана,околу 250 гр.-бидејќи не гори,нема да горчи ,што не е случај со кравји и овчи кашкавал.
    Тавата ќе ја ставиш во загреана рерна на 220-230 Ц.да се пече околу 40 мин.
    За да провериш дали е готово ,со долг нож,боцни во лазањата,ако ножот слободно влегува,нема од томателото неизвриено,значи дека се готови.
    Пробај ,направи ги,нема некоја филозофија.Ова ти се точните намирници во грамажа.
     
    На Sesil, Trendafilka, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за рецептот стетоскоп, и јас го имам истиот, само што го правам во пола доза од твојава кога мажот ми ќе изрази желба за лазањи, обично само за нас двајца ги правам. Томатело не користам, преферирам свежи домати кои ги имам и преку зима замрзнати во фрижидер или во тегли.
    Што се однесува до растителниот кашкавал - не го можам. Еднаш се излажав, правев пица со него, и ужасен вкус имаше така печен. Оттогаш за пица или лазањи користам или Подравец на Сирела, или пица кашкавалот на Пекабеско :)

    Следен пат ќе пробам со повеќе бешамел и неварени кори, па ќе ви кажам како ми излезе :)
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Да,голема е дозата,за цело пакетче кори.
    Инаку јас,мм и синот едвај пола да изедеме на ручек,така да останува за утре.
    Обично ги правам кога ќе ни дојдат гости,така ,навечер на седенка ,па истераме и вечера.

    А ова за кашкавалот,растителен, и јас ќе пробам друг пат да ставам од овие кои и ти ги користиш.
    Воопшто не ми се допаѓаат кравјиот и овчиот кашкавал кога ќе се печат,па овој растителниот ми врши работа-фаќа убава коричка .Ама човекот учи додека е жив ,нели?
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас многу башамел ставам, многу месо, и мнооогу кашкавал :D за храна никогаш не се штедам ;) :D

    месото го пржам со томатен сос, оној во тетрапак и му ставам оригано, и малце црн пипер :)
    A корите ги варам прво, малце да омекнат
    инаку во земјен стад лазањата е ноу комент, многу поубава отколку во тепсија :)
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    ^ токму земјениот сад му дава шмек на секое јадење. Не само лазањи, и макарони потпечени да ги ставите во земјена многу се подобри токолку во обична тава за печење.
     
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Лудо 19,читај рецептата погоре,прави список ,трк во продавница по продуктите,а во меѓувреме покани си некоја драга личност. ;)
     
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Јас тука би ги додала и мусаката,теавче-гравче,мезалук,тава ориз итн.Многу се поубави спремени во земјена тава отколку во обична тава
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    да да, ќе ја пробам јас оваа рецепта, само да го најдам земјениот сад. A јас кашкавал ставам и во самата лазања, и одозгоре, Eдамер од тој, тенки кришки :)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    И јас како ludoto19 ставам кашкавал во самата лазања, а користам моцарела, најдобар кашкавал според мене.
    Во сосот ставам и претходно пржени печурки, и редам сос, кашкавал и врз тоа бешамелот.
    Само јас никогаш не ги варам корите претходно, ставам малку вода во тавата, покривам со фолија и ги оставам да се печат, при крај вадам фолијата ставам уште малку од бешамелот и кашкавалот, оставам уште 10 мин да се допечат,да зарумени кашкавалот одозгоре.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    ^Bitersweet,нареден пат и јас ќе пробам вака,зошто најмачно ми е од све кога треба да ги варам корите,зошто не ги ставам сите одеднаш за да не се залепат,туку по 2,3 корички во зовриена вода,ги пуштам по 2 мин и готови се :) Баш убаво ме потсети за нареден пат да си олеснам :lol:
     
  15. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас последниот пат ја направив лазањата со пилешко бело месо,исецкано на ситни коцки,една главица кромид,печурки,томатело доматен сос,сол,оригано,вегета,се тоа заедно пропржено. Бешамел сос стандард путер,брашно и млеко,потоа редење наизменично кори,бешамел сос и доматниот сос со пилешкото.
    При крајот на печењето исто рендан кашкавал и кога добро ќе се зарумени кашкавалот да добие крцкавост значи лазањата е готова :) Обично користам пола пакување 250 грама кори.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    И јас првиот пат кога правев лазањи ги ставив да се варат ама се исполепија.
    Од тогаш не ги варам, туку ги ставам со сосот да се печат.
    Еве јас како ги правам без доматен сос, не сакам домати во лазањите:

    Пропржувам кромид и го додавам меленото месо. Потоа печурките, и откако и тие ќе се запржат додавам пола лажица брашно, па една црвен пипер и вода (2 чаши). Секако и зачини по вкус - вегета, цен пипер во зрна, сол.
    Откако ќе проврие се ставаат две-три лажици од сосот во тавата за печење, па се редат наизменично лазањите и сосот. Со сосот треба отприлика да се покријат лазањите. Ако не ми стигне, во тавчето од сосот загревам уште малку вода и ја истурам врз лазањите.
    Кашкавал ставам еден ред во средината, а одозгора редам 10-15 минути пред да ги извадам од рерна.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    За да не ви се лепат корите за лазања, откако ќе се сварат, се истура врелата вода и се става ладна.
     
  18. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    ОООООООО! ми се јаде но неможам да зготвам немам кашкавал домааа :(
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ако правиш болоњезе и имаш дома се останато, не ти треба кашкавал
     
  20. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    А во колкава тава ги правиш? Јас имам едно земјено... Еве ја големината отприлика...
    Да ја ставам оваа смеса или пола од неа? :)
     

    Прикачени фајлови:

    • full.jpg
      full.jpg
      Големина на фајлот:
      65,8 KB
      Прегледи:
      298