гледам имаш мат сив лак(така ми се гледа ) од авон,сакам да си земам сега баш овој и црвен мат од авон,па да прашам - задоволна си? трае подолго?
Искрено не сум задоволна, квалитетот му полош од некој поевтини лакови, за еден ден почна да се лупи и да добива сјај - нели матот почна да го снемува,а и брзо се згрутчи, се исуши.. И другарка ми зеде, и она не беше задоволна..
Луѓе мене ноктиве од силните бои летово ми пожолтеа Пробав со паста,ништо не испадна Е,сега ми треба некое испробано,квалитетно лакче што ќе ми ги врати ноктите како што ми беа,па и да ми го потхрани.Има такво нешто? Би ви била благодарна доколку ми помогнете
Авон лаковите за заштита и потхранување мене ми се супер и понатаму гледај да не ставаш директно лак во боја на ноктите. Не знам какви лакчиња користиш ама како и да е квалитетот на овие обичниве лакови од по 30-40 ден. што најчесто ги користиме е многу лош. Јас самата имам приметено дека кога ќе ставам некој лак без квалитетна подлога под него, одма бојата на кожата под ноктите ја менува бојата.
Морам да ги пофалам лаковите на Seventeen.Траат по минимум 5 дена што и да правите со рацете Навистина се квалитетни, за разлика од Макс Фактор кои во последно време никакви станаа, одма се бришат. И Golden Rose се исто добри за тие пари.
Јас најчесто ги користам тие од Golden Rose некако за тие пари ми се со добар квалитет...ако се стави одозгора на маникирот проѕирен лак помалку се лупат...од seventeen имам 3 лака и тие со добри ама јас и онака обожавам да го менувам лакот на нокти оти брзо ми здосадува па не ми треба некои толку долготрајни
Под квалитетен лак не се подразбира само колку долго ќе издржи на ноктите без да се излупи зошто и некои од ефтините лакови доволно долго знаат да издржат, ама тоа не значи и дека добро им влијаат на ноктите. Затоа поскапа и квалитетна заштита под лаковите во бои и ноктите ќе останат заштитени.
Имам лакови во различни бои, почнувајќи од бела, црна, кремаста, црвена, розева, виолетова, жолта, портокалова... и поголемиот дел од нив се од Golden Rose, затоа што некако најзадоволна сум од нив. Деновиве немав баш време да се лакирам, па ставив само проѕирен затоа што не сум навикната ноктите да ми се без лак. Чудно ми е
знае некој каде има мат нијанси,освен во авон? се скапав од барање,а и да најдев,ми вадат обичен лак со сјај
Купи си matt essence и лакот ти станува мат. Јас се утепав тражејќи во мојот град ама нема. Мислам дека некоја феминка имаше постирано ноктите со тој лак во темата Вашите нокти .
Значи не е фер. Па сакам лак со големи светки или евентуално со густи светки во боја која нема да е сребрена ил златна. Па не се од вчера тие лакови долго време ги гледам на интернет, како може никаде кај нас да нема такви, од кои колекции зимаат нашиве? Во сите парфимерии во ГТЦ прашав и ме гледаат ко теле. Ако некој види такви лакови јас врло благодарна ќе сум ако ме извести. Знам некои се со два лака, првите деборах се најдобри ама дефинитивно ги нема тука.
Дебора Липман се ужасно скапи, а и ги нема кај нас. Побарај во парфимериите Еликсир дали ги имаат донесено новите на Есенс, имаат многу убави светкави, јас си земав еден кога бев во Германија
Од есенс фирмата збориш? ја бев,во еликсир,барав мат на есенс ,и ми рекоа дека нема и си земав обичен лак