Ја најдов колекцијава на ОПИ лаковите на ибј,па ме интересира како може да знам да не е некој фалсификат? Зашто многу евтино испаѓа, 4 лакови 12 евра
Користаки овие се многу малечки по 3,75 мл и затоа се толку ефтини (пишува на амбалажата), инаку стандардните лакови се по 15мл. Мислам дека и кај нас беа околу 600 денари.
Аааа Мимс милимитражата ич не ја приметив овде кај нас се 14 евра еден , а сега има попуст 25 посто,инаку на ибеј 15 мл еден е 6-7 евра заедно со поштарина па ќе видам од кај ќе ми биде поевтино да земам еден, не сум пробала нивни лак а баш сакам да видам дали се квалитетни
Женски барам лакови кои имаат пастелен подтон, ама сепак да се бели. Пример розева ама мноогу мноогу бледо/бела розева.
Моето најново лакче од OPI - Gargantuan green grapes имаше многу убави боички незнаев која да одберам
И јас ги барам новите лакови на L ' oreal но не сум ги видела се уште. Ако случајно ги начекате во Космо, пишете цена и искуство, дали се ок
на овие лакови од лореал мислиш? зашто има едни со исто шишенце ама пишува на нив jeans и овие се нови затоа прашувам инаку овие што ги поставив имам две бои од нив , многу сум задоволна еве 4ти ден како сум налакирана и сосема малку незабележително е излупен на врвот , не ми се допаѓа што за тие пари лакот е само 5 мл , но така и побрзо се троши незнам дали ги има во космо нека ти кажат другите девојки
Ги има во Космо Лореал лаковите што ги постирала Корицаки, го имам пастелниот зелен.Многу убава нијанса, но во поглед на квалитет ништо посебно, ми трае колку и други поефтини варијанти.Три дена, четвртиот веке се лупи. По мене лаковите на Флормар се најдобри, не се скапи, а држат доста и имаат преубави нијанси. Кога купуваме лакови за нокти го плаќаме брендот, а не квалитетот, сите се правени од исти хемикалии и состојки така да апсурдно ми е да давам повеке од 100ден за лак.Нема лак кој ке држи недела дена како вчера да си налакирана па нека биде и свети Ани, Опи, Лореал и сл.За козметика за лице да ок е да дадеш нешто повеке, но за скап лак за нокти би се чувствувала како да сум ги исцепала парите и фрлила од прозор.
Јас лани летото на море кога бев,користев Aura лак,кој случајно го земав од апотека.Знам беше некаде околу 120денари, морам да ви кажам дека за траење траеше долго на ноктите, но после тоа ноктите ми станаа жолти.
женски ми треба препорака за проѕирен, безбоен лак , за продолжување на трајноста на лакот. ...го користев тој евелине,ама сакам да сменам....и да не е многу скап
molikaMk јас имам еден од пазар го земав за некои 40тина денари со витамин е, ептен ми се погоди. Портокалово изгледа и е потечен од другите, така што побрзо и се суши.
Од каде точно го земаи колку пари? Јас па ептен сакам такви бои пошто не носам многу шарена облека и со принтови, па сакам да разбијам малце