Форумки сакам да ве прашам доколку знаете. Каде може да купам течност за акрилни нокти инаку имам пудра за акрилни нокти а не и течноста (acrylic luqiud). Дали знаете каде можам да најдам или пак самата да си ја направам?
Не знаев каде па овде, морам да ја пофалам стаклената турпија за нокти од Џамбо, преубава е за парите, 59 денари беше. И многу ми се свиѓаат новите лакови на Голден Роуз, супер боички има, а и не се скапи многу.
Првиот лак, сребрениот е одличен. Во Диор го купив. Бројка нема, изгледа имало залепено ливче, а ми се одлепило Остава многу светки и прилично брзо се суши. Омилен ми е. Вториот го купив од Сити мол тој штандот на Голден Роуз што е, ама ништо не се познава од еден слој. Тој е број 16.
Бројчињата на Catherine Arley лаковите ги пишува на капачето во крукче со три цифри. И на сликата може да се забележи ама многу слабо
Последно купив лак од Флорели, прв пат ги видов, цената е 125 ден, морам да ги пофалам дека подолго стојат, не се лупат барем 3, 4 дена а плус јас по дома често во вода, мијам садови, перам и не се лупи. Не ми се допага тоа што потешко се суши иначе супер е .
Па имам различни бои на лакови и некогаш во денот се лакирам по 3 пати..Ќе си ги налакирам ноктите и ќе ми текне не биле убави па ајде пак итн.Сакам да експериментирам..Сакам нежни но и дреч бои..Многу го сакам францускиот маникир преубаво ми изгледа..
Во убавина и здравје има реклама за сефора лакови и налепници за нокти.значи ли тоа дека ги има во македонија?јас ги немам досега сретнато?
O.P.I се најубави дефинитивно ! Преубави бои имаат и ептен се квалитетни,траат и не се лупи лакот одма што е најбитно.Вредат за тие пари. Прво купив две бои само за да ги пробам и одма се заљубив и си купив уште неколку А како поевтина варијанта можам да ги пофалам и оние на Фламар