Дај те предлог за лак со нормална цена што нема да ми ги потемне ноктите. Што е работава скоро сите лакови ми ги пожолтеа ноктите, порано мелена ми беше ок, сега и тој исто.
Лореал лаковите не ми ги пожолтуваат ноктите,барем на мене, само незнам колку пари се во Мк јас ги купувам по 4 евра
Пред да го нанесеш саканиот лак, нанеси еден слој на безбоен лак и ќе немаш галје со пожолтувањето Инаку пробај со лакчињата на Голден Роус (50 ден), Флормар (80 ден), Авон (170 ден), Есенс (120 ден), супер се и не ги жолтат ноктите
^Откако им ги сменија пакувањата на Есенс лаковите некои нијанси ги нема а на некои им ги про,менија имињата . Така да овој што го поставила Дримгрл голема е веројатноста да не го најдеш под ова бројче.
Golden Rose color expert за 50 ден. одлични се. Имаат голем избор на бои и нијанси. Боите им испаѓаат како што ја гледате во самото шишенце со само еден слој. Имаат поголема широка четкичка. Траат просечно по 2, 3 дена. Единствена мана е што малку потешко се бришат, треба да затрљаш повеќе.
Го испробав Essence Fly Firefly Fly што свети во темно и еве како изгледа. Ефектот е доста краткотраен и не ме импресионираше премногу Спојлер Целиот блог пост: http://iloveprettycolours.blogspot.com/2014/07/essence-fly-firefly-fly.html