А јас да прашам како побогу ги ваѓате овие конфетиве? o.O Мака измачив дур ги извадив,ги трзав со што стигнав И ноктите ми се оштетија,се изгребаа никакви се направија
Ќе направиш 10 мали памукчиња, колку да се покрие ноктот и ќе исечеш 10 парчиња алуминиумска фолија, ќе ги намокриш памукчињата и ќе ги свиткаш ноктите и одозгора со фолија, 2 минути нека постојат и истргни ги, после пак помини само чист памук и ацетон ако нешто останали и готово, прелесно е така
И јас мака мачам додека да ги извадам па затоа веке не ни користам вакви лакови а и не ги препорачувам
Порано и јас мака мачев со светките и ги избегнував се додека не го видов видево и од тогаш се спасив од сите маки при чистењето на ноктите и со мерак си носам такви лакови со светки и конфети. Го правам потполно истото како девојката на видеото значи испробано ми е милиони пати и секогаш за секунда се вади буквално се што има на ноктот. https://www.youtube.com/watch?v=e0YNmde ... 9A2AB84CA7
Е баш сегашниот кога ќе го бришам ќе пробам. Бидејќи и јас сум скарана со светките А се надевам дека ова функционира и за без светки, или...? Инаку, се лакирав френч на црна подлога и после кога избришав, има што да видам. Ноктите сиви ми беа. Со се’ и сешто ги чистев, и некако ги покрив со крем лак и не се познаваше толку. Овој лак е, не го купувајте во никој случај.
Lella, не е до лакот, туку до темната нијанса. Мене од црн лак секогаш ноктите сиви ми испаѓаат на крај ама има решение и за тоа. Ќе ги истриеш убаво ноктите со сода и лимон, со помош на стара четкичка за заби и нема да имаш проблеми со ваквите јаки бои.
Па да можеби. И онака веќе никогаш нема да ги лакирам со црн лак, освен нешто кога ќе цртам. Не го знаев тоа за сода и лимон, чистев со ацетон, со паста за заби, се’ испробав, ама не излегуваше. Фала во секој случај, ќе знам за друг пат.
Од сите нијанси и сите лакови останува, само што оние посветлите не се познаваат бидејќи се, нели, светли Најчесто темните нијанси и цврените нијанси оставаат забележливо менување на бојата на ноктот и за да го избегнете тој ефект можете да користите безбоен лак како основа.
82ката од поновите шишенца (слични на OPI, со црно капаче, пишува нешто Selective), потполна иста нијанса со два слоја, мој фаворит за летово дефинитивно
Овој на сликава е 14, а истава фирма во вакво пакување лакчето што ти го предложи бр 82 мислам дека и не постои Да не помешала со 28? ама тоа па корално црвено е Спојлер Еве ја цела палета, ама нема 82 Е сеа како ова ти што бараш јас имам едно на габрини исто вакво пакување Спојлер бројче 10 барај. Ама барај баш од овие 3Д што се Потполно истото е Туку јас дојдов на темава да го пофалам на GR selective - 11 creme brulee. Поубава нијанса на лакче мислам дека нема ни да сретнам, се заљубив во него Не ја гледајте палетава врска си нема со нијансите во живо. Еве го на нокти како изгледа. Иако не сум особа што може да трпи еден ист лак на нокти повеќе од два дена, мислам дека со овој ќе се дружам подолг период
^ Баш од овие габрини гледав ама ваква нијанса не видов ( или не видов убо), следниот пат баш ваков ќе барам. Фала во секој случај
Можеш да си направиш основа што се лупи со помош на PVA лепак (го има во Џамбо) разреден со малку вода кој ќе го нанесеш како прв слој, а потоа ќе нанесеш основа и светки итн. Може да ти трае ден-два пократко зависи колку често ги изложуваш ноктите на топла вода, а кога ќе ти здосади многу лесно се лупи лакот. Имаше едно време готова мешавина од Есенс, ама беше лимитирана колекција и не знам дали би го нашла. Во секој случај, методот не е штетен за ноктите и единствено што малку нервира е што се потребни мин. 5-10 минути да се исуши основата.
Ваков лак на нокти , тој белиот ко на Лореал или ако го има истиот , дали можеби сте приметиле? И некој лак ко пастел лилјаковиот?