Поужасен лак од овој не сум имала. Golden Rose Selective 82 Катастрофа! АЈде бојата е убава,со два слоја е добар али тоа четчето никакво остава како трапови на ноктот,мора многу да макнеш од лакот да се налакираш на нокт и после како 10 слоја да имаш. Се думав дали да земам од оние Rich Color или овие и дефиитивно се зафркнав Незнам дали е до овој лак,дали до мене, или до целата колекција али ова повеќе никогаш!!
не знаев каде да го поставам прашањето, се надевам е ок тука... дали знаете каде можат да се најдат тенки лепливи траки (вообичаено златни, сребрени) често ги гледам на туторијалите за нокти и многу интересно ми делуваат?
^^^ k.a.j.a Ги има мислам да интернет да се порачаат. Јас ги порачав од една страна на фејсбук што порачуваат од интернет и ги препродаваат, ако сакаш ќе ти пуштам линк во ЛП. *се извинувам за офф топик
Во Струмица ги има во Синоличка. Јас не се согласувам дека не се убави тие лакови. Јас сум многу задоволна од нив. Евтини се, а 14 милилитри.
Не се лакирам ама ги сакам тие нежните бои розева, портокалова, плава, лилјакова, жолта и такви боички многу ми се допаѓаат. Нај што неможам да поднесам е ептен црвен лак и црн.
Па највеќе користам млечен, црн, прозирен, виолетов, и розев. Инаку имам многу лакови мене најмногу ми одговараат малена .
Јас од лаковите на Malena сум многу задоволна Кога бев на одмор на раце се лакирав од Malena а на нозете од Мanhattan .. оној на нозете ем поскап ем веднаш штом излегов од вода го снема од ноктите :/
Мислам дека е нормално на нозете побрзо на излезат. Бидејќи тие се нон-стоп во вода, а рацете не. Јас кога бев да одмор на нозите побрзо ми се излупија, отколку на рацете, а исти лакови имав употребено.
Девојки да ве известам во Карфур имало некоја акција на лакови за нокти биле 3 лакови за 33 денари,е сега незнам само што фирма биле