леле ако се тие што ги имаше уште кога го отворија карфур мене ич не ми се погодија многу брзо ми се лупеа и имаше два лака исти и тој третиот различен
Користев лакови на Малена, али од сега дефинитивно ги баталам.Понеквалитетни лакови немам користено.Уште вториот ден се лупат и им се губи сјај. Кога сме веќе кај лакови, во мене немам ацетон а треба итно да ги избришам катастрофалните нокти. Со што би можела да се послужам?
За ова со лаковите на Малена се сложувам. Инаку,ако немаш ацетон,на памукче прскај со лак за коса и триј го ноктот после,малку потешко излегува,но треба повеќе да триеш со памукот на ноктот за да излезе лакот.
Јас да ги пофалам лакчињата на Менхетн, долго ми стојат издржуваат до 5-6 дена без да се излупат. Стуктурата им е одлична и со еден слој одлична боја оставаат и покриваат. Сјајни се и не стануваат замаглени одкако ќе ги нанесете туку си останува сјајот. Цената им е нешто помалку од 300 ден.
Без сомнеж би рекла Голден Роуз. Но, јас заприметив нешто друго. И најефтиниот лак ќе ви трае подолго доколку пред да го нанесете на ноктите нанесете некаков безбоен лак како база. Јас го користам Eveline diamond gloss, па ставам било каков во боја. Верувајте, ноктите ми траат и по цела недела и ги бришам затоа што подникнале, а не бидејќи се излупиле или слично.
Мене овие лакови ми стојат прилично долго. Со еден слој се добива бојата, густ е, брзо се суши, а и четката е убава за нанесување. Е и лакот како лак брзо се суши. После некои 3 месеци веќе не беше за користење.
Јас сум презадоволна од Голен Роуз тие најдолго ми траат дури и по една недела Исто и Малена се добри
Јас имам купено од пазар некои непознати по 20 денари па еве ми трае 6ти ден како и кога ги налакирав ноктите. Исто покрај нели било каков третман или обичен безбоен лак , јас секогаш ги турпијам одозгора, за да бидат рамни. Нормално не со турпијата за кратење. Ама кога не е ко планина ноктот така подобро држи маникирот. Со една другарка се налакиравме ист ден, нејзе веќе вториот ден почна да и паѓа истиот лак. Не е само мавни слој-два од лакот. Лак како лак, колку пари нека е , ако не се ноктите средени, нема да држи.
Вчера прв пат се лакирав од новите лакови на Golden Rose color expert и можам да кажам дека сум воодушевена, со еден слој се добива преубава боја, планирам наскоро и јас да си купам,која цена се отприлика? Бр.30
Се согласувам со тебе за трајноста на лаковите.Од горепосочените, за мене се најдобри на Golden Rose.Имаат добра структура во однос на густината што ми е многу битна, со еден слој се постигнува убава боја и лесни се за отстранување. Во план сум да ги пробам новите лакови Golden Rose color expert.
од golden rose нешто слично 231 Dark blue... а моментално на мене го имам, исто ваква боја Revlon top speed 312 superstitious нешто помалку од 200ден ама веќе како година дена го имам и ист е од кога ко отворив.. е сега ова како на сликава мислам дека е исто со Revlon top speed 730 Royal за нијанса посветла боја Е сега јас барам ваква боја да ми препорачате
^ Ваква нијанса јас купив пред десетина дена од продавницата на Голден Роуз на Рекорд за 35 денари, но дури денес го испробав. Се работи Classics Glamour лаковите - нијанса 146.