во џамбо има 200 ден одприлика незнам точно да не те лажам а може и повеке има и во книжарите може да се користат и за нокти
јас мислам дека неможеш да најдеш материјали за нокти на бит пазар само по овие странициве на интернет можеш да порачаш ув лампа и слично а во прилеп мажжеш ваму таму да најдеш гелови по 250 ден ама за нигде се тоа геловите ама за почетници се суперП.С можеш да најдеш поволно од кај некој што престанал да работи па да ти ги продаде тебе ако нме му требаат
Мила моја бидејќи и мене ми се допаднаа боиеве реков да поистражувам малку и сега за сега најдов некои слични нијнси на овие две бои од твојата слика на палецот и показалецот. Од голден роуз од типот на рич колор најслични ми беа 5 ката и 114 ката ( дури и 10ката може да се погоди но не можам да најдам слика) па види сега може ќе ти се допаднат. Подоцна ќе побарам и други слични нијанси од др фирми па ако најдам ќе пишам тука. Поздрав.
Вториов е претемен ама и тој ми се допаѓа. Првиот е нешто послично, само малце потемен беше тој мислам. Ако најдеш други пиши. Фала ти мила.
Колекцијата лакови од Gplden Rose ја збогатив со уште еден.Овој пат се одлучив за Golden Rose selective црвена боја 25.
Девојки ајкажете ми искрено дали опи вредат за парите?? Долго време сакам да си купам чисто да видамкакви се, ама неможам да се решам никако
Абе муабетов за дали вредат секоја различно си го тумачи. За мене се премногу скапи и ОПИ и останатите лакови на кои исто вака им го плаќаш името. Не знам дали е до самиот нокт или нема врска тоа, но ете мене и ОПИ и обичен лак од пазарска марка ми траат исто - никогаш помалку од една недела. А мијам садови, чистам, цртам и сл. Со убава база одоздола или на крај откако ќе се излакираш, нема некоја разлика. Боите се тие, ефектот е ист. Ако ти е од љубопитност за да видиш какви се - земи си, ама јас се' повеќе сум убедена дека плаќаш за името, а не за производот. Лак како лак, ќе се згусне и исуши по некое време, па макар било тоа година, јас повторно не би дала толку пари за вакво нешто.
Да ти кажам искрено , и јас имам еден лак на ОПИ ама не сум нешто којзнае што задоволна , треба трипати да ставам за да се познае асално бојата а не го земав евтино 9 евра на попуст според мене повеќе вреди да си земеш асален топ коат одколку лак , една моја другарка го имаше топ коатот на ОПИ и жива катастрофа неможеше да го дотроши и го фрли , не се сушеше ко што треба. Мислам дека ОПИ се многу преценети.
Факт е дека голем дел од цената им е името, поентата ми беше дали има нешто посебно во трајност, јачина на боја(дали е доволен 1 слој или 2-3 за да се вии бојата) нешто такво ама очигледно не голем дел туку целосно цената им е за името фала ви девојки за споделеното искуство
Јас па искрено сум презадоволна од ОПИ, многу пати имам кажано и тврдам дека не е исто што и пазарски лак од 50 денари. Имам многу ОПИ лакови, некои од нив ми се уште пред да ги донесат тука и сеуште се во првобитната состојба во шишенцето. Некои ми се и повеќе од 2 години стари, па лакот не е ниту малку згуснат, исушен или згрутчен, ист е како буквално вчера да сум го купила. Нормално, лак како лак, не може вечно да стои на нокти, ама овие го достигнуваат врвот, барем кај мене, и покрај тоа што моите нокти се такви што трпат секаков лак на нив (во смисла, секој лак ми стои и по 10 дена, па и повеќе ако не го избришам). Разликата е во тоа што ОПИ не ги пожолтуваат ноктите, бојата е иста како во шишенцето, не се сушат ни по долго стоење и некористење и јас не сум имала ОПИ лак од кој што сум морала по 3 слоја да ставам за да се познава, туку еден е сосема доволен. За трајноста не коментирам, моите нокти не го губат сјајот и бојата на лакот ни по 10 дена. Да, и друг лак можеби ќе ми стои толку, ама нема да има сјај и ќе избледи за разлика од ОПИ. Се согласувам дека е скап, меѓутоа мое мислење е дека тотално вреди за парите. И да, заборавив, се суши експресно брзо на нокти. Далеку од тоа дека нема квалитетни лакови и за помалку пари, мене лично омилени ми се Севентин и Римел Салон Про, ама ОПИ ми се број еден. Досега не сум наишла на нешто слично во смисла на издржливост, квалитет, убава боја и лак што не се суши во шишенцето ни после цели 2 години. А мојот омилен лак што секогаш ќе продолжам да го купувам е ОПИ Tickle my France-y. Преубава, true nude нијанса со розеникави mauve примеси. Љубов ми е
Го земав денес 113-ката на Голден Роуз Макси Браш, значи еден број пред овој на сликава, го видов таму и тој ама и продавачката ми кажа дека е многу темен, а и очигледно е. Не дека и тој не е убав, ама сакав нешто посветло овојпат.
Девојчиња во врска со муабетот за ОПИ лаковите, настрана името/брендот што е ширум светот секаде познат, но не можеме да му го оспориме квалитетот. Јас имам чудни, меки, кршливи нокти, што дури ни гелот не ми стое подолго од 3 недели, 3 недели е премија, а не па за лак. Обичните лакови како Малена, Гослден Роуз мене ми траат по неколку часа само, вечерта ако се налакирам утре дента веќе почнува од самиот врв да се лупе, со мене ете случајот таков е, ништо не ми стое долго на ноктот, а се нервирам многу, и затоа ставав гел често или кога немав гел ставав прозирен лак само. Ама од пред некое време кога го купив првиот Опи лак, лакирањето не ми е ноќна мора, пошто пред се, опи лаковите се сушат многу брзо, не мора да чекаш цел час за да правиш нешто, после 10 минути дали и толку тие се исушени. Ставам по 2 слоја пошто сакам поинтензивна боја, но и еден слој си ја врше работата. Тек дури после 3,4 дена почнува малку по малку да ми се лупе, а со топ коат една недела или 6 дена ми стојат ноктите. Тоа за мене е премија, пошто моите нокти се ужасни и цел живот ме нервираат. На вас што ви стое лак од Малена по 5 дена ви завидувам од тука до Антартикот! Друга придобивка од опи лаковите, освен што брзо се суши, е тоа што четката и самото паковање се мелем за ноктите, лакот не се суши со години, нит згуснува, а четката е прекрасна, не треба да си којзнае колку умешна со раце да успееш да ги лакираш добро без да си направиш линии или згуснато на некој ќош, четката значи ја олеснува целата работата. И трето, трајноста, дефинитвно е на број 1, бар кај мене. Цената е дефинитивно еден голем негативен чекор, и сметам дека е така висока пошто е светски бренд, нормално, не може да си дозволат да го продаваат кај нас за 300 денари, иако за наш стандард е стварно висока. Штета што секој не може да си го дозволи, и штета што ги немам до сега сретнато на попуст.
Феминиум назад неколку страни водевме битка за лаковиве, за и против па можеш подетално да прочиташ и да си одлучиш што ќе правиш. Јас се согласувам со Сексибејби и Анушка, дефинитивно вреди за парите. Мене ми трае исто 10тина дена, може и више ама ноктите растат па грдо изгледа, без бази и без топ. Во однос на тоа дали треба да се нанесе еден и повеќе слоеви зависи од бојата што ќе ја купите, некои точно дека треба да се нанесат 2-3 слоја за да се добие бојата, ама на некои доволен е и еден. Тоа се приметува по самиот изглед на лакот, се приметува дека се попрозирни. Во секој случај мене ми е незамисливо да ставам само еден слој, секогаш сум на два. Лакот нема никогаш да ти се исуши додека не го потрошиш до дното, освен ако не го оставиш отворен. Еве јас ти потврдувам зошто по две години користење дури пред некое време го потрошив цел ама онака до крај, ни капка не остана .
Јас си направив колекција од лаковите Malena пред една година и никако да ги дотрошам. Најверојатно дека не се лакирам често, а најмногу ја користам тиркизната нијанса па само таа е скоро при крај, додека другиве се скоро нови или употребени само еднаш. Во секој случај поприлично сум задоволна, бидејќи за таа цена солидни се.