Јас сум презадоволна од флормар лаковите и траат долго , со топ коат ми траат повеќе и од една недела, има многу убави боички а и не се скапи 100 денари
Sunshine.Sunshine, немој да се мислиш, супер се лаковите! Баш како што пиша Коритсаки, траат повеќе од недела дена Само пред да купиш, провери го убаво рокот на траење, знаат да понудат постари лакови Мојот омилен лак од Флормар:
Фала ви девојки! Следен пат кога ќе одам некаде ќе си купам неколку флормар лакчиња, есенски бои. Еве кои бои ми фатија око: Спојлер кафеавиот
Што бројче е овој последниот, да не знае некој? Инаку, и јас сум многу задоволна од флормар лаковите. издржливи се и по неколку дена, без да мрднат.
Има ли некаква разлика помеѓу шишенцата на лаковите Малена? Дали формулата е нешто различна? Имам лак од Малена бр.28 , од вторите шишенца и е многу убава виолетова нијанса. Кога не знам со кој лак да се излакирам, често го земам овој и со еден слој (но, јас секогаш ставам два) се добива бојата. Е сега, во последно време ги гледам само оние што се како коцка (ама објаснувам и јас ), а не можам да ја пронајдам истата нијанса, а тој ми е најомилен лак.
Кога ќе размислам подобро,да ти кажам во последно време само тие коцкастите ги гледам,а знам порано имав и од тие другите, но изгледа ги нема веќе.
flormar имаат многу убави нијанси а сакам на опи да дадам втора шанса , сакам некоја црвена боја да си земам или пак некоја сега за на есен
Jас земав ваков на Малена бр. 49. Со еден слој е како показалецот, а со два слоја сосема ист како палецот.
Си купив две нови лакчиња денес, а планирам да купам уште неколку. Ги купив Flormar 413 и Golden Rose Color Expert 61
Малена имаат одличен избор на бои, а и пристапна цена. Но, трајноста не е нешто. После еден ден, најмногу два, ноктите ми се излупени.