Жени, јас навистина не се разбирам во ова ама сакам лак кој не свети туку е како мат, имам негде видено на некоја слика. Постои такво нешто? како се вика таков тип на лак како да го барам? фала
Jaс имам слично вака направено ( имам поставено слика во вашите нокти) со долниот слој ми беше од три бои со сунѓер техника,а горе зградичките ги цртав со цртач. Инаку јас да прашам знам дека ми е глупаво прашањево,препорачајте ми есенски\зимски боички на лакови? Сакам да си се подновам
Мат бе Џоелке, мат лак. Идеш у парфимерија и бараш мат лак или надлак кој ќе ти даде ефект на мат лак Глеј само да не ти кажат немат мат, имат немат
Има мат лакови и на Голден Роуз А иначе јас го користам Голден Роуз мат топ коат, прво си ставаш каков сакаш лак било која боја, и на крај одозгора нанесуваш и од овај за да постигнеш мат ефект
joelle јас пред некој ден го земав на Flormar Matifying top coat,одличен е и не се брише. цена мислам беше 120 колку ми текнува,не повеќе од 150. Земав и други бои па многу не памтам цени. Ќе го издвојам Flormar nail enamel 410 баш есенска боја, инаку го земав зошто останав без својот омилен виолетов кармин, па си најдов приближна нијанса на нивниот штанд во Веро па да не бидам покусо морав и лак да си купам Ева сликче од двата
^ И јас го имам овој Флормар топ коат, ама по два дена, се брише, односно мат ефектот исчезнува и лакот одоздола повторни си е обичен лак. Не знам зошто е така. Следен пат кога ќе се лакирам, ќе ставам од овој лакот што матира, па ќе напишам колку дена издржал.
^ Јас сум задоволна, ставам два слоја и ми држи. Рацете ги мокрам во вода цел ден и нема гајле,пробај стави 2 слоја .
Како долгогодишен корисник на лаковите од колекцијата Голден Роуз, овој пат се одлучив за новите лакови колор експерт, поточно бр. 34.
Флормар лакот навистина издржа повеќе време без да се излупи. Единствено ми се излупија ноктите,не лакот, кои постојано се листаат.
Ќе го прокоментирам лаков. Не е лош вака сам,кога е но никако не доаѓа во предвид да се комбинира,дури ужасен е и за френч.75 ден.Четката беше убава,се суши бавно.И потоа како недосушен е .По еден слој е ваков.Со вториот е ужас.Не би ви го препорачувала.
http://ojekokusu.com/wp-content/uploads/2012/08/golden-rose-242-oje-mercan-rengi-oje.jpg http://media-cache-ec0.pinimg.com/236x/2c/ff/ec/2cffec98d0722c89ea47d4d27a3a87b6.jpg http://2.bp.blogspot.com/-xlFV2HSnC...0/DLNKYgr6dDY/s1600/Catrice+Walk+On+Air+3.jpg http://3.bp.blogspot.com/-81bh6w5RX...1gmlhQ0o/s1600/gabrini summer collection2.JPG
Денес го купив топ коатот на Seche Vite , најдобриот топ коат што сум го пробала досега , се суши за неколку секунди а лакот стои 10 дена и зашто ми се здосади го избришав инаку незнам колку ќе стоеше и лакот со него изгледа како да имаш гел ставено , буквално. Го пробав кај другарка ми и се изненадив колку е добар па решив да го кушам. 11 евра го земав ама стварно вреди. На ибеј се наоѓа и за 7 евра
Девојки,во кој ДМ да го најдам Eveline 8 in 1 ? Последен пат го барав во ДМ во Веро,имаше повеќе ама тоа не го видов.