Јас сум презадоволна од лаковите на Габрини имам сив и тегет и бојата им стои недела дена. Но, не може баш секаде да се најдат.
Ќе си се само цитирам...Иако на форумчето прочитав доста позитивни коментарчиња не сум баш задоволна.Вистина ми се подобрија ноктите.Ама лакчето се лупи онака као лушпа излегва уште првиот ден.А за тоа дека ги поправа ноктите немам збор.
Многу сум задоволна од лаковите Malena, Umbrella и Golden Rose. Брзо се сушат и долго време стојат на ноктите.
Те цитирам во друга тема за да не одам оф-топик на претходната. Обиди се со Malena. Ако не ти се допаѓа барем нема многу да изгубиш во поглед на цена. И јас барав таков и овој се погоди. Бројка - 3.
A jaс и двете ќе ве цитирам.Golden rose rich color 71.Незаменлив. Секакви имам испробано овај е совршен.
@Oxymoron @OmniaVanitas, го имам белиот Малена 3, и не би рекла дека е добар баш. За цената, навистина се евтини, ама не е тоа - тоа. Ептен е тегав некако остава линии, се влече и се лупи. Не би го препорачала. Порано бев фанатик по Малена бидејќи ми беа најдостапни, а и најевтини, а сега главно ги избегнувам. @melani7 Секаде. Ги има и по големите маркети, ама не би ти ги препорачала, не се многу квалитетни. Имам бел Golden Rose Nail Art, и тој е супер, дури понекогаш и со него се лакирам онака целосно. Така што, веројатно најдобра опција би ти бил тој што го кажа @Cvetetto
Ги има во парфимериите и во Жито Маркетите,тука во градов кај нас најефтини се во Жито по 35 денари макар што некако ко да гледам дека не им е ист квалитетот :\ Лани земав еден ми трае дури и по 3 дена на ноктите инаку го купив од парфимерија,а тој што го земав сега пред еден месец од Жито воопшто не ми се допаѓа ми се лушпи веднаш,штом ги задржам рацете подолго во вода :\
@Cvetetto Golden rose rich color 71 e крем, не е креч бел @Oxymoron и јас сум по потрага по креч бел но од сите што сум ги пробала до сега Golden rose Paris број 04 најмногу одговара но сепак линии се познаваат. Ако најдеш поубав пиши
флормар имаат креч бел лак, оваа серија на лакови ја има во мк па можеш да провериш во веро или рамстор
Јас не го препорачувам белиот лак на Малена. Оставаа линии и потребни се повеќе слоја за да биде навистина бојата бела.
@Lella кај мене нема таков проблем со тегнење и остава интензивна боја со еден слоj (за Malena). За да не остава линии треба да се нанесе побрзо зошто линиите се резултат на сушење на лакот.