Е да и јас мислам дека се убави овие лакови уште прв пат кога ги видов во каталог им фрлив око Да беа намалени за нова година од 300 на 130,а сега во новиов каталог заприметив дека ги немабев во план да си порачам,сега има од тој лак само гелови за потхранување на нокти,за заштита на нокти...сигурно се многу ефикасни .А дали ти се зацврстија ноктите од лакот?(би требало и лакот да е ефикасен за цврстина исто и нега на ноктите..бидејќи и мене ми се зацврстија од еден скап лак како овој ама од одамна беше и не го памтам лакот)
Дали ги има овие лакови кај нас негде? ДМ, Космо, Еликсир??? И дали знае некој колку пари се? Читав доста позитивни критики во врска со трајноста. Треба да се добри
@sweetgirl358 @tea4e Пробајте ги новите лакови достапни се и во овој каталог на Авон. Стардаст. Имаат преубав глитер мат ефект. Јас својствено за мене го земав црниот и испадна супер. Цената е доста пристапна, околу 160 денари.
Штета! Еден куп позитивни критики се изначитав дека траеле и повеќе од 7 дена. Друг предлог за долготраен лак и пристојна цена?
Јас би ти ги препорачала на ОPI.За мене по долготрајни нема.По 2 недели ми стои лакот не се лупи.(по 680ден се,но шишето е доста големо,а и вредат за секој денар дефинитивно). А поефтина варијанта од нив,а воедно и долготрајни се Макс Фактор.(малите шишиња околу 200и нешто,а поголемите 300и нешто).
Јас би рекла дека и лаковите на Bourjois ми се тука некаде со квалитетот, исто се околу 300 денари, ама мене тоа ми е премногу за лак за нокти. Сето она кое е над 150 ми е скапо, а реално, апсурдно ми е да дадам дури и повеке од сто денари за лак за нокти, затоа што многу често менувам различни нијанси, сакам да ги имам повеќе и во различни бои, па фирмата и не ми е воопшто битна се` додека нијансата ми се допаѓа. @cocopuff , ако не си ги пробала лаковите на Catrice, ете ти препорачувам да погледнеш нешто откај нив. Мислам дека се околу 170, а на попуст ги намалуваат на околу 120 што е сосема во ред. Имам неколку, ептен ми се допаѓаат и многу сум задоволна. Недела дена терам секако, можеби би издржала дури и повеќе ама премногу брзо ми подникнуваат ноктите и бидејќи ми се многу долги, ми изгледаат грдо така, па ги лакирам наново.
Искрено и мене ми е премногу да давам за лак се што е над 200 денари. Инаку @Mishela ги имам пробано лаковите на Catrice. Имам две нијанси 62 и 66. Прво ја купив нијансата 62 која премногу ми се свиѓа. Лакот го имам од кога ја донесоа козметиката на Catrice во ДМ, негде септември ако не се лажам. На почетокот беше супер во однос на трајноста, ама последните 2-3 пати кога се излакирав, лакот не ми траеше ни 2 дена. Втората нијанса пак, број 66, е металик сино-виолетова нијанса која многу добро стои на нокти, нооо за да се добие убава боја треба да се стават 3 слоја! Премногу е редок, а трајноста на овој е за разочарување, едвај 2 дена. Едвај...Така да незнам дали пак би експериментирала со нивните лакови, освен ако имаш да препорачаш некоја нијанса. Colorama пак од Мејбелин мене ми се ужасни. Најмноги лакови имам од Малена, од кои исто има нијанси кои траат по 3-4 дена, но има и такви што не траат ни еден ден. Единствени лакови што можам да кажам дека ме немаат разочарано се на Флормар.
[QF UOTE="flawless-98, post: 2282655, member: 93645"]Девојки, да ми препорачате лак како овој со светлата сина боја. Види го прикачениот фајл 190543 [/QUOTE] Флормар 423
Колку дена траат OPI лаковите? Препорачајте ми некоја неутрална нијанса што ја има кај нас и што е долготрајна.
Моите траат по 4-5 дена, некои подолго, некои пократко, различни се. Ми се има случено и наредниот ден да се излупи, а ми стоеле и по цела недела. Јас од неутрални го имам овој, you're so vain-illa се вика бојата.
Мн е убава бојава.Сакав да те прашам како им ги наоѓаш имињава? Никако не можам да им ги најдам ниту бројче има на шишенцето ниту името го пишува. А на нет баш и не се снајдов на нивната страна. @Waka-waka Од неутрални нијанси јас го имам овој и истиот ми е купен кај нас ,во ДМ. Морав вака јас да го сликнам,затоа што на нет неможам да го најдам. Инаку јас сум презадоволна од нивната трајност.Доста долго ми траат.Околу недела ипол,две сигурно. Но се сложувам со Кримсон имало неколку пати и пократко да ми траеле.Ако сум ги мокрела многу рацете или пак во базен кога се бањам.
Долу под лакот треба да пишува. Еве како на сликава: На моите исто не пишува, ама моето е сет од 6 лака и на кутијата им ги има сите имиња
Во поголемиве дрогерии како космо,дм и сл.нема сигурно ,така да на друго место тешко да се продаваат.
Препорачајте ми некој ваков лак, многу ми се допаѓа овој спој на бои. Се прашувам дури и дали воопшто има еквивалент на нашиот пазар.
го има во Александар Козметикс карши Беверли во редот на Стокомак, кога одиш од кај Зебра од лева страна...нема шанси да го утнеш. Во продавницава имате производи на Макадамија, Чајна глејз, го имате и топкоатот Seche Vite, исто можете да им нарачате и козметика NYX, четки Blush i Cala...и уште мн други производи
А како е со цени? Конкретно за лаковите? Или ако знаеш за Макадамија производите Поминувам често покрај продавницава, ама никогаш не ми текнало да влезам