1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лакови за нокти

Дискусија во 'Тело' започната од fashionista, 2 јули 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.096
    Допаѓања:
    155.660
    Ми треба лак за нокти пудра боја.
    Не крем, не розев, не праскест, туку онаа пудра боја, нешто измеѓу од сите три.
    Мислам дека еднаш прашував, но сепак не дојдов до нијанса како што сакам.
    Предлог некој?
    Од марка до бројче и секако немојте опи мопи, 700 денари глупост е да давам за лак.
     
  2. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Јас многу сум задоволна од лакот Голден Роуз - колор експерт. Барав некоја мат нијанса на лакови немаше па начекав таков колор експерт и нели со празни раце не се иде па си земав. Инаку бојава ми ептен убава и погодена 05 како нежна иди бледа, јас секогаш ставам два слоја и така е добро. За издржливост една недела скоро. Има голема четка што со еднаш можеш да поминеш два нокта и убаво се нанесува лакот. Еве во спојлер слики ако некој го бендисува. Инаку сликиве се од интернет не се мои.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SV1911, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Lovely им се допаѓа ова.
  3. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има користено голден роуз мат финиш топ лакот, и ако да, дали навистина го „матира“ лакот?
     
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    18.271
    Пол:
    Женски
    Да,го матира супер е
     
  5. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @Lilit, а овој? Мене баш ми делува на пудра боја..
     
  6. blady

    blady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Имам мн кршливи нокти, а сакам долгии, но неможам само што почнам да ги чувам одма ми се зачекнат и ми се скршат.. а пробав секакви третмани, потхранувачки лакови се и на крај ништо некој ако знае да ми каже нешто што помага .. ве молам кажете .. поздрав:l:
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, се надевам дека ќе ве интересира оваа статија за состојките во лаковите и помалку штетните лакови на пазарот кај нас. Потоа секој сам избира секако каков лак за нокти ќе користи. Поздрав до сите и убав саботен ден.

    Saturday, June 20, 2015
    Сакам органски лак за нокти...постои???


    [​IMG]



    Здраво драги мои,

    многупати го имам слушнато ова прашање и многумина ме прашуваат, дали како органската шминка и козметика може да се најдат и органски и природни лакови кои не се толку штетни за нашите нокти, и пред се за нашето здравје (со оглед на тоа што ги дишеме при нанесувањето). Одговорот е НЕ. Такво нешто не постои.

    Во Рим навистина многу барав еден органски производ и многу производители на органска козметика направија обид за еден поприроден лак, меѓутоа ниедна од нив го нема сертифицирано како органски, со оглед на тоа што таква формула барем сега за сега, не е измислена. Едноставно не постои.

    Е сега, ќе си речете ок, не постои органски лак, Вики нема што да ни предложи, значи може да користиме што сакаме. Одговорот повторно е НЕ.
    Мора да напоменам дека сите лакови за нокти кои може да ги најдете на нашиот пазар не се исти и секако дека има опасни верзии (каде се присутни високо токсични материи), и помалку опасни верзии, каде производителите за среќа исфрлиле поголем дел од опасните состојки.

    [​IMG]

    Ајде најнапред да видиме кои состојки пожелно е да се избегнуваат во еден лак:

    1. Formaldehyde состојка која на некој начин прави ноктот да изгледа поцврст и затоа најчесто се користи во третманите за зацврснување на ноктите. Но верувајте ми ова е состојка бр.1 која треба да се избегне во лаковите и третманите за нокти затоа што е многу токсична. Меѓународната агенција која врши истражувања за ракот, оваа состојка ја класифицираше како канцерогена која има можност дури и да влијае и врз ДНК.

    2. Toulene е втора состојка која дефинитивно треба да ја избегнуваме во лаковите за нокти затоа што во моментот кога ќе ја нанесеме на ноктите веднаш испарува и е многу штетна за дишните патишта. Европскиот закон за козметика дозволува нејзина употреба не повеќе од 25%, меѓутоа и во овој процент може да предизвика иритација кај оние кои имаат многу чувствителна кожа.

    3. Formaldehyde Resin (или Tosylamide Resin) е дериват на формалдедидот кој се користи во лаковите затоа што дава голем сјај на самиот лак, меѓутоа неговото присуство може да предизвика иритации и алергиски реакции кај кожата.

    4. Dibutyl Phthalate е состојка која му дава флексибилност на лакот, меѓутоа и таа е доста токсична за организмот и кожата.

    5. Camphor е состојка коа исто така му дава флексибилност на лакот при нанесувањето, меѓутоа предизвикува алергиски реакции и иритации, а исто така може да предизвика и главоболка.

    [​IMG]

    Па добро тогаш кои лакови се сигурни и без сите овие штетни состојки? Дефинитивно треба да се бираат лакови без Formaldehydе и Toulene, како две најтоксични состојки, меѓутоа сепак лаковите се поделени во 3 категории според останатите состојки и тоа:

    3 free се оние кои не содржат Formaldehydе, Toulene и Dibutyl Phthalate

    4 free се оние кои не содржат Formaldehydе, Toulene, Dibutyl Phthalate и Camphor

    5 free се оние кои не содржат Formaldehydе, Toulene, Dibutyl Phthalate, Camphor и Formaldehyde Resin (или Tosylamide Resin)

    Значи при купувањето на лаковите за нокти многу е важно да се чита декларацијата (која за жал е минијатурна и најчесто скриена под ливчето залепено на самиот лак). Знам ќе си речете, леле кој ќе чита сега еден куп на лакови, тешко е да ве заболе глава....без гајле, јас го сторив тоа за вас. Прошетав низ сите продавници со лист и пенкало, ги разгледав најпродаваните лакови, ги разгледав внимателно состојките и еве само за вас комплетна листа на лакови според категориите 3 free, 4 free, или 5 free:

    [​IMG]


    1. Лакови за нокти 3 free: OPI, Maybelline Colorama, Maybelline Salon Expert и Maybelline Express Finish

    2. Лакови за нокти 4 free: L'Oreal Colour Riche;

    3. Лакови за нокти 5 free: Essence I love trends, Max Factor Gel Shine Laquer, Max Factor Glossfinity, Rimmel London 60 Seconds, Golden Rose Rich Colour, Golden Rose Matte, Golden Rose Paris, како и следниве лакови од линијата S-he: Glitter Top Coat, Cracking Top Coat, All in One Nail Power, French Manicure, Quick Dry и Acqua Shine (овие успеав да ги проверам).

    Важно: внимавајте затоа што една иста марка во еден лак можеби не ставила штетни состојки, а во друг да. Затоа ви ја нагласив марката и името на самиот лак.

    Како што може да забележите, без разлика на тоа што не постојат органски лакови за нокти, добрата вест е што поголемиот број на компаниите, за среќа, произведуваат лакови 5 free. Некои од овие лакови лично ги проверив на лице место во продавниците во Скопје, а на некои за среќа состојките им беа напишани на самите веб страници.

    [​IMG]

    Како што веќе ви напоменав голем број од третманите за зацврснување на ноктите содржеа формалдехид, затоа јас лично би ви го препорачала гелот за нокти на Alverde, кој има убав ефект (секако не се забележува веднаш, потребно е време, меѓутоа како се вели полека но сигурно). Знам дека сите сакаме брзи резултати и цврсти нокти веднаш, меѓутоа тоа не треба да биде по секоја цена.

    Секако има уште многу лакови на кои не успеав да им ги најдам состојките, така да доколку нешто ве интересира, а не сум го вметнала во статијата, слободно оставете коментар и ќе се потрудам да ви одговорам. Исто така ве поканувам да споделите ваши искуства околу лаковите за нокти.

    За на крај, неколку корисни совети за сите вас:

    - кога нанесувате или вадите лак за нокти, правете го тоа близу до отворен прозор, со цел да не ги вдишувате штетните состојки;

    - бирајте секогаш лакови 5 free;

    - наместо третманите за нокти кои содржат формалдехид користете убаво масло за нега на ноктите (најдобро маслиново) со етерично масло од лимон кое може да го купите или направите сами, или пак третмани за нокти без формалдехид;

    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист и ви благодарам за времето кое го одвоивте да ја прочитате. Поздрав и до следно читање.

    Вики
     
    На Kom.pot, t-sweet, Giovanna и 11 други им се допаѓа ова.
  8. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Препорачајте ми креч бел лак, до 100 денари :D
     
  9. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Golden Rose - Rich Color - Maxi Brush бр.76
    70 ден.
    Имаш и на Флормар, 100че ти се тие.
    :)
     
    На I.want.to.sleep му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    18.271
    Пол:
    Женски
    Најдобар креч бел лак ти е на малена.40 денари бр.3 е лакот пошо има повеќе а не се разликуваат јас еднаш се зезнав.тројката е баш креч и не остава линии како другите.
     
    На simoncelicius и I.want.to.sleep им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Дали може зацврстувачот за нокти да се стави под лакот или се нанесува самостојно?
     
    На split96 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. split96

    split96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Да, може да се нанесе под лакот, а можеш и самостојно, зависи од твојата желба. Јас имам друго прашање: колку чинат тие лаковите на ГР колор експерт?
     

    Прикачени фајлови:

    • femina.jpg
      femina.jpg
      Големина на фајлот:
      54,8 KB
      Прегледи:
      54
    На Jordanovska-K и GirlLove им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    55 ден.
     
    На split96 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Ваква боја на лак, фирма, бројче? :)
     

    Прикачени фајлови:

    На simoncelicius, joy1, rainbowec и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Golden Rose rich color, #28
    [​IMG]
     
    На joy1 и Fatalnata им се допаѓа ова.
  16. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    @Mishela уе уееееееее, фала ти срцка. Одамна барав некој ваков.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Нема на што, @Fatalnata! Многу ќе ти се допадне, во живо е дури уште поубава нијансата.

    Кога сум веќе на темата, дај предложете некој убав креч бел лак ?
    Сите кои ги имам се премногу водести и не стојат убаво. :(
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blady

    blady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Баш оваа боја ми е потребнаа темно виолетова, слично како на @Fatalnata само потемната нијанса... број фирма ценаааааа ?:l:
     

    Прикачени фајлови:

    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    2.470
    wp_ss_20150731_0007.png Изненадена сум од трајноста на лаковите OLIVIA. Кога и да ги приметев некаде ги обегнував. Се заљубив во нијансатс 203 и го купив. 100 пати е подобар од малена и нив сличните, а цената е поефтина од нив. Со него миев садови, перев и ни малку не беше излупен што многу ме иџненади. Дури и по 5/6 дена ми трае на ноктите.
     
    На rainbowec и Fatalnata им се допаѓа ова.
  20. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Голден роуз и малена имаат преубави нијанси на лакови.
    Обавезно при секое влегување во маркет излегувам со барем еден лак на малена.