Новата колекција лакови Express Dry на Golden Rose за кои пишуваше @Mishela во претходните мислења ги има во нивните продавници по цена од 55 ден. Навистина има голем избор на убави светли нијанси. Јас барав темни како за сезоната што следува, ама немаше некој избор. Можеби понатаму ќе ги има во продажба.
Има и потемни, @poenta, можеби во моментов ги немале. Еве гледам дека @kjukli купила прекрасна dark cherry нијанса, сигурно ги има и другите во различни ГР продавници. Јас со лаковиве сум во некој Барби фазон, немам поим колку розе и неутрални нијанси изнакупив, ептен се трајни и пакувањето ми е многу елегантно.
@kjukli Може да ми кажеш во која продавница има од темните нијанси за да не правам залудна обиколка низ сите?
Мене овие новите на ГР Express dry ич не ми се добри. Си најдов многу убави боички, ама се лупи после 2 саати бре, и тоа не мијам садови, не работам ништо посебно. За сушење, се сушат брзо, и тоа ми е ОДЛИЧНО, ама за трајност...0.
Еве мене веќе цел ден ми издржаа, а јас мијам раце на 5 мин како ОCD да имам.. Успех е ова за разлика од други лакови на ГР.
Девојќи дали знаете каде можат да се најдат лакови на американскиот бренд OPI ако знае некој нека ми каже Фала однапред
I sto i jas go koristam. Prekrasno. Prethodno probav se i sesto, nisto ne pomagase. Go kupiv na amazon 12$. Edniot mi pristigna od Polska, a drugiot od Bugarija.
Препорака за ваква нијанса? Сеедно која фирма и цена е, само да не морам да порачувам од нет или каталози.
@simoncelicius, знам дека пиша не каталози ама морам да ти го препорачам Lavander Sky од Авон Прекрасна нијанса, покривноста е неверојатна (еден слој е доволен) и страшно е траен.
@Mishela , @Nausicaa фала ви девојки на предлозите, ама и двата ми влечат на некоја лаванда боја, нежно виолетова, пастелна. Овој што го барам има поспецифична нијанса, иако оној на есенс ми е најприближен. И не знам зошто ама се мислам дека видов некаде низ скопјево некоја ваква марка, ама беше зацврстувач за нокти не лак, или можеби сум грешкa. Инаку сакав да ја ставам листава на dupes, има некои поскапи лакови кои имаат одлична замена која е поевтина, од типот на Опи заменет со некое на China Glaze http://jroxy13.blogspot.mk/p/dupes.html
Еве како јас си ги организирав моите лакови, бидејќи имам многу немам прегледност па затоа вака поубаво се гледаат . Спојлер: Слики Инаку љубов ми се новите лакчиња на Голден Роуз
China Glaze не е баш ефтина варијанта. Како што ми изгледа, сите овие лакови се од скапи брендови, барем за наш стандард. Супер би било некоја од вас да направи ваква листа со лакчиња што ни се достапни.