Јас колку што знам имаат цена од околу 250 денари ако не се лажам толку ги видов во Александар козметик. Ама кога ќе видиш дека се замена на Шанел на пример и тоа како се исплатат.
На ФБ ми излезе за попустов па доколку некој е заинтересиран еве ја и фб страната за да видите за продажните места, каде се на попуст https://www.facebook.com/opi.macedonia?fref=ts
rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr нијансата е различна од екран на екран, па ако сакаш повеќе накај црвено (а не накај темно виолетово) односно бордо, провери ја Golden Rose rich color no.30. Иако не знам дали е до нијансата или до линијата што мене многу бргу ми се лупи.
@sesilija @simoncelicius некаде ве прочитав вас две по темиве дека го фалите зацврстувачот на нокти на Аура, па еве да ви се заблагодарам. Ноктите ми беа во катастрофална состојба, ај што се кршеа, не ми беше којзнае колкав проблем оти не носам долги нокти секако, ама мислам дека бојата им се смени од средствата со кои работев летово. Како и да е, го купив, 137 денари од Зегин, со морски алги е, и шта да вам причам... Стварно како турска глумица сум во рацеве, многу пристојно изгледа, средено, не е воопшто нападна нијанса (мразам нападни и накинџурени нокти), не се лупи (а работам по дома, во смисол миење садови, нешто на рака ако заперам итн), од мене чистка десетка. Мислам дека долго ќе се дружиме со лакчево.
Мене нешто во последно време многу ми се кршат ноктите, па планирам да го земам зацвстувачот на нокти на аура. Прашањето ми е дали може да се најде во парфимерии или само во Зегин го има ?
Девојки , дај предложете бел лак за нокти , ама не оној млечен бел што треба трипати да ставиш за да се познае бел дека е , зашто милион пати купив и неможам еден асален да најдам. Последно што го земав на Флормар бел и тој ист е како другите , трипати морав да ставам за да се познае и на крај не се суши ко што треба па се лепи секаде , се размачкува.. има ли некој таков асален од Есенс , Голден роуз...?
@koritsaki, ако имаш од каде да порачаш, јас би ти го препорачала Iceberg white од Авон, совршен е! Со два слоја се добива тотална покривност а и трајноста му е супер, барем 5 дена не ми мрда. Во однос на сушењето, мислам дека е стандарден како и останатите лакови ама во никој случај нема да окапаш чекајки го да се исуши
Каде има лак за нокти од Revlon и да не знаете цена отприлика? Имам купено од странство уште пред 3 години и не се мрднати, ни згуснати, ни исушени, си стојат во пробитна состојба. Па сакам да си набавам нови боички
Ако не најдеш по Еликсир или Космо , можеш од ибеј да порачаш http://www.ebay.com/sch/i.html?_from=R40&_sacat=0&_nkw=revlon nail polish&rt=nc&LH_BIN=1 @Nausicaa , фала на предлогот за лаков на Авон , вчера најдов еден каталог и шок лаков чини 10 евра толку ли и во мк чини? на крај не го земав , не ми се даваат толку пари за лак на Авон , со тие пари ќе земам лак на Опи
@koritsaki, 600 ден? Ваууу..... Кај нас лаковите од Гел финиш линијата највеќе одат до 200 ден ама вообичаено се или поевтини или се дел од некоја акција. Еве ги во тековниот каталог:
Леле , која разлика тоа е , ќе одам низ продавнициве да се распрашам дали има некој асален по ок цена, инаку фала ти
@koritsaki, а го имаш ли пробано белиот на Есенс? Го немам користено но имам неколку од новата гел линија и сум презадоволна и од трајноста и од покривноста.