90 ден. е. И јас потврдувам за овој мат топ коат на Голден Роуз, супер е. Посебно сезонава многу го користам. Ефектот кај мене трае некои 2 до 3 дена после си се враќа сјајот, можеби од миењето раце и садови претпоставувам.
Јас си најдов бел лак минатата недела Севентин имаат нова линија на лакови , па реков ќе пробам еден. Од прв слој и бојата е бела , а за трајност со топ коат околу 5-6 дена стои па потоа почнува да се лупи по малку , ко за обичен лак супер е ама мене највеќе ми беше за бојата @Kimberly11 обавезно да пишеш за лакчињава на голден роуз овде , да ни кажеш колкава трајност имаат
Имам цврсти и големи нокти и дома ги правам но незнам како да се лакиран со кој лак или каква шара да направам ке може да ми помогнете?
Dali nekoj znae nekoja druga marka na lak so ista boja kako ovoj na slikava. Bas vidov , ima Dior, ama ne mi se dava taa para. Nesto od Revlon,Maybelline,......
Задоволни ли сте од лаковите на Авон? Прашувам конкретно за Magic effects matte и Maagic effects mineral crush
Коритсаки сега видов дека си ме тагнала За околу гел лаковите на голден роус ќе ви кажам дека сум презадоволна! Се лакирате и си немате гајле со ноктите 4-5 дена Пробајте,јас сега планирам и да си земам некоја друга боја
Има прекрасна нијанса на нуде кафеавкаст лак од голден розе или пак линијата нуде на есенс не се лоши. И двете марки се 5 фрее така да нема штетни состојки како формалдехид, тоулен и останато. И јас од голден розе сум многу задоволна, многу ми се допаѓаат боите, квалитетот и трајноста, а башка и цената им е многу пристапна за разлика од некои развикани марки кои содржат и многу штетни состојки. Поздрав
@black-angel Oriflame, Deep plum, во тековниот каталог е 129 ден Essence, Amazed by you, 129 ден Catrice, Vino Tinto, регуларна цена 169 ден ама сега се на попуст од 25% во Дм