имаш ли најдено лакче у оваа боја? ако имаш кажуј фирма и бројче.. никаде не можам да ја најдам бојава
имам ваков јас... менхетен... од "Unique" го купив околу 250 денари беше... многу е убав и можеш да го носиш и само со еден слој поминат на ноктот
Спојлер http://www.facebook.com/pages/Klarisa-Nails-MG-DOOEL-Kocani-RMakedonija/199973633380613?sk=info#!/pages/Klarisa-Nails-MG-DOOEL-Kocani-RMakedonija/199973633380613?sk=wall&filter=2 Спојлер http://www.facebook.com/clarissanails.macedonia#!/media/set/?set=a.117638844949920.9993.100001114141192&type=3 еве го фејсбук профилот има информации за контакт
rossonerka има друга опција за светкиве. Неколку феминки ми кажаа дека има светки на бит пазар во секакви бои и големини во шишенца. Така да над обичен лак стави светки и одозгора безбоен и толку Јас да најдам другарка и време за до бит пазар одма идам по светки
И јас сакам лаови со големи свтки ама никако да најдам или пак евентуално безбоен лак со големи светки. Сите што ги имам видено се со златни или сребрени ама тие ич не ми го прават ќејфот си сакам јас во боја.
^ Купете во џамбо светки, има крупни во пластични кутивчиња во 6 бои (сребрена, циклама, тиркизна, црвена, лилакова и шекерно розева) тие се 180 денари, а ги има многу количински, плус има и ситни светки исто така во многу бои и нијанси што се 60 денари, ќе ви требаат уште неколку безбојни лакови и ќе можете да си направите ваша идеална комбинација!!! За се има решение
Сакам црн лак, на кратки нокти. Ова ми е сега во фазон Никогаш не сум била фан на долги ноки, одозгора на тоа лакирани со драч црвен лак. Ова е до вкус, се разбира
Помош феминки Бидејќи темата СДП е заклечена морав овде да прашам. По грешка на сестра ми и се истури лак за нокти на тепих и никако не се чисти. Пробавме со сјај ама не се чисти .. ПОМАГАЈТЕ ВЕ МОЛАМ
И мене ова ми се деси пред едно време.. Пола ми се извади и ми се размачка на бел теписон.. Па рибав со раце со прашак, и малце се извади, истурав вода, и прскав прашак и со раце триев. х) Па со шампон, сапун се.. Се извади, ама уште се гледа флеката..
Јас истурив на пархетот лак и го чистев со ацетон, среќа целиот се извади а не ми побеле. Пробај и ти со ацетон на тепихот или па стави средство за вадење флеки или пак купи мало пакетче вениш и остај го да остои. Друга идеја за чистење не ми текнува.
Грицкав нокти до скоро,ама фала богу се одвикнав.Од тогаш станав фрик по лакови.Татко ми само се дере дека некој ден мозок ќе ми се исуши од лакови и ацетони Обожавам црвен лак на пократки нокти,исто и френч правам кога ми се подолги. Обожавам на експериментирам,купувам и од оние со текна четкичка и си цртам шари.Има доста интересни и креативни идеи на youtube. Најчесто лакови купувам од пазар Не се квалитетни ама најефтини се.Некогаш ако имам време поминувам до Golden Rose а рекорд и купувам и по некој од таму.Ама имам проблем што многу брзо ми се згуснуваат и се сушат. Имам слушнато дека ако ги чуваш во фрижидер подолго траат.Некој совет?
Е ништо нема да и биде на храната, нема отворени да ги чува лаковите. Иначе што знам... не сум слушнала за ова. Пробај па кажи ни