Кога сме кај лаковите за нокти на сите би ни добродошло совет околу засушен лак. Сите го знаете трикот со ацетон верувам но дали знаете дека исто така постои и друг трик кој нема да го оштети нашиот лак? Едноставно оставете го засушениот лак во фрижидер преку ноќ и утредента повторно е како нов. За да не се случи повторно засушување оставете го во алдилникот.
Дали сте задоволни од овие лакови на есенс? 125 ден се, денеска ви дм видов. ама се мислев дали да земам и викам ај прво да прашам на фемина. Оваа нијанса сакам да ја земам - баш таква барав се заљубив во бојата. ама не земав незнам колку се квалитетни.
@Veki4kaa, јас пак имам супер искуство со лаковите на Есенс. Ги имам неколку и сите се имаат покажано одлично. Инаку, Голден Роуз имаат многу слична нијанса како таа на сликата, баш сега сум налакирана со него ама за жал камерата не ја прикажува верно бојата Golden Rose express dry 36
Пред некое време си купив Мода лак од новата гел колекција на составов нема никаков наведен Toluene free штетна состјка но пак на декларацијата што е залепена од страна на парфимеријата пишува дека има во составот Toluene и тоа прва состојка. Дилема ми е сеа дали да го доискористам? или да го оставам до сеа ништо не ми се случило нормално како стално ми се кршат ноктите.
Veki4ka мене ми се oдлични ,нo јaс секoгaш нaнесувaм бaзa пa лaк пa тoп кoaт дa трaе дoлгo и дo 7ми ден ми трaеле пoсле пoчнувa ептен мaлку дa се лупи нa пoчетoкoт нa нoктoт дури не се ни пoзнaвa.. Вaкa сaмo кaкo лaк не сум гo прoбaлa кoлку би стoел
Јас го користам скоро месец дена и сум доста задоволна од истиот. Го нанесувам над свежо налакирани нокти, 2-3 минути откако ќе се налакирам и да бидам искрена - не го штедам. Нанесувам густ слој и внимавам да не се замачкам, па да почнам одново. Приметив дека со него лакот се суши побрзо и трае подолго. Дава суптилен гел-изглед. Мене лично многу ми се допаѓа, а и цената е пристапна
Од која линија на ГР лаковите се најтрајни? Рацете ги мијам по милион пати на ден и не сакам после два дена да морам да ги бришам.
@Elence93 За мене најдобри лакови од Golden Rose се оние од линијата Paris, а најнезадоволна сум од Color Expert. За што и да се одлучиш, моја препорака е паралелно со лаковите да користиш и Top Coat затоа што трајноста и сјајот значително се подобри.
Не ви се прават грутки од лаковиве? Јас се зафркнав и си изнакупив многу така на непробано и кога сфатив дека истото ми се случува со сите лакови, се разочарав. Дури со еден слој изгледаат грдо, за повеќе да не станува збор. Баш штета, а преубави нијанси има.
Јас Express dry не сум ги пробала, I mean what's the point ако се лакираш и одма си готов? Вака барем имаме оправдување зошто "седиме" Шала на страна, мене добри ми се Color Expert, имаат добра четка и густи се, не во смисол да не можеш да го намачкаш на ноктот, туку имаат добра дебела текстура, а ако ми е за брзо сушење, тогаш бирам нешто од редот на мат линијата, чии четки се исто така супер
Како да не, ко измислени се за некои ко мене, кои немаат време да седат мадро додека да се исушат ноктите. Се шалам, ама се согласувам со твоето мислење - Color Expert се незаменливи.
@Mishela E тука си во право Инаку, заборавив да ги споменам и GR Rich color, имаат убави тонови и ок четка. А инаку, дали има во ГР во ГТЦ, Golden Rose Galaxy i Golden Rose Carnival? Би сакала и нив да ги пробам.
Carnival ги има одамна, а Galaxy досега не сум ги приметила, треба да проверам како што ми изгледа по сликиве кои ги изгуглав набрзина.
Кај мене Golden Rose Rich Color многу бргу ми се лупат. Дали еден, два, три слоја, не е важно. Сепак на крај ми се лупат и дури избледуваат на краевите за неполн ден, а за другите линии немам лош коментар, освен тоа што и Golden Rose почнаа да си ги зголемуваат цените и малку по малку лаковите од 30ден. на 70ден. ги направија.