@Mishela, Ne, ne mi se pravat grutki. Bash vchera kupiv nov, se nalakirav dva sloja i staviv slika vo Vashite nokti. Otkako gi najdov ne planiram da gi zamenam za druga linija lakovi. Em se sushat brzo, shto najmnogu mi smetashe pa bev sekogash razmachkana, em boite se preubavi.
За трајност си сака база а и top coat ако имате,јас користам голден росе најчесто и креч белиот од малена,ми траат по цела недела.Како база си го користам евелинот 8во1 и супер ми се,особено ми се допаѓаат ice chic зошто побрзо ми се сушат од другите голден росе.А без база мене ниеден лак не ми трае.
Дефинитивно најнајдобри лакови. Ги имам двата од лево, ноктите не ми се лупат, а бојата и сјајот по лакирањето ми траат 10дена најмалку. Ги купив од аптека 168денари, ама си вредат секој денар. Секако би ги купила пак.
Препорака за добар отстранувач на лак?Вие од кој сте најзадоволни? Никогаш не сум обраќала посебно внимание, обично во маркет го земам првиот што ќе ми се фати и ќе има убава амбалажа ама очигледно требало.Пола саат се мачев ко грешен ѓавол млечно бел лак да извадам од ноктите. И некој што негува патем ако знаете.
Овие два ми се покажале како најдобри,моментално го имам на Ебелин виолетовиот демек без ацетон и со арган ама катастрофален е,се мачам додека ги бришам ноктиве и поскап е од претходниве два
Пред некој ден порачав 2 лака од орифлејм и 2 од авон кои се подобри за во иднина да купувам само од едно место сега за сега купив од двете места се уште не се стигнати но сакам ваше мислење кој брен е подобар за да порачам уште бидејќи ми требаат
И мене плавиот ацетон од КАМ ми е најдобар ама изгледа не го носат веќе, со месеци го барам и нигде го нема.
Препорака за пастелно розова нијанса на лак, слична како оваа на Авон, но да е од Голден роус или Есенс, за Голден роус знам само за Број 9 од Wow лакичињата, но дали од другите линии има нешто слично?
Oтстрaнувaчите нa лaк зa нoкти oд ДМ сo пумпицa, зaкoн се. Мислaм декa нa Ебелин се, aмa не сум сигурнa.
Пастелно розеви имаш на есенс од линијава `the pastels` и другиве `the gel` , со што овој лак на првата слика е мат , а вториов е обичен 05 Sweet as Candy
Ма ни тој не го гледам со месеци веќе бар во КАМ што е кај мене. Има еден од друга фирма, го немам пробано тој, но тука на Фемина некоја имаше пишано дека не е добар.
Ако не е тајна од кој град си?Во Скопје,во Карпош го има.Мене ми е погоден но може не им одговара на сите.
Јас ги користам само лаковите од Авон. Особено оваа нијанса ми е најомилена од сите. Топло препорачувам
Месецов ми е омилен, а верувам и уште долго! Бројот е 4. Имам 2 црвени, еден крем и еден бел од Малена и вториот ден веќе забележувам лупење на врвовите, а овој ми трае 4 дена веќе. Истото ми се има случено и со некои лакови од ГР, не знам зошто и како, но очигледно некои бои се потрајни од други. Бојата што се добива е како втората слика.