I mene mi se slucuva ova so bilo koja marka na lak.Nosam gel veke podolgo vreme, a sum probala sekakvi lakovi od Malena do Loreal I veke vtoriot den se lupat. Resiv da gi odmoram noktite I staviv od Paris lakovite majka mi kupila dva od Tinex. Nemozev da se iznacudam deka lakot pocna da se lupi tek petiot den, znaci predobrI se a ne se poveke od 50, 60den jas mislam. Ne veruvav deka postoi lak sto trae poveke od dva dena, ama Paris me razuveri. Sekoja cest na majce Podobro nesto nemam staveno na nokti, kupi si I ti ke se kolnes vo lakovive .
@Oxymoron, English rose е, еве го каков е на нокти (само во живо е малку посветол) Мене ми е купен при крај на 2014/ почеток на 2015 (памтам беше ладно) ама за жал, Есенс повеќе не ја произведуваат старата линија Colour & Go. Заменета е со The Gel и оттогаш има поминато повеќе од година. Некој од старите (попопуларни и претежно црвени) нијанси добија свое „гел“ издание, додека останатите, како English rose, беа нецеремонијално и без предупредување повлечени од продажба преку ноќ- ни распродажба, ни ликвидација на стара роба, ни ништо. Ако случајно некаде уште сретнеш лакчиња Colour& Go, знај дека продаваат залихи (Космо во СитиМол, гледам во тебе).
Фала на објаснувањето, забележав некои промени кај лаковите на Essence, ама не знаев што точно се случува. Можеби и ќе ја најдам English Rose во некои забутани продавничиња за козметика или во Космо, а? И предлогот на @koritsaki ми се допаѓа, нијанса што и претходно ја имам меркано, можеби малку поразлична од English Rose, но сепак прекрасна. И онака повеќе сум задоволна од лаковите на Golden Rose отколку на Essence.
Пробај во Еликсир (поточно тоа во Веро центар), гледав пред некое време дека имаат уште нешто останато од старата линија на лакови на Essence.
За сите во тек со мојата ситуација, најдов нешто што ми се допаѓа, а тоа е Golden Rose Ice Chic бр. 23. Можеби малку потемен од 111 English Rose на Essence, но ми фати око. Сликичка подолу, а нијансава можеби ќе ѝ послужи и на @Veki4kaa Фала ви на сите за помошта
Да ви кажам значи лаков стои цела недела! Незнам дали го има во Македонија мене ми го донесе братучедка ми од брод пошто сум збрлавена по лакови и сум многу против гел на нокти. Во животов само два пати имам ставено гел и после тоа ноктите ми беа ужас. Башка тие зрачења на ламби.. Немам ништо против оние кои ставаат но јас лично сум против првенствено за себе! Имам многу лакови користено од просечните би ги одвоила на Голден Роуз како ок... Притоа советувам секогаш над лакот да се става Top coat! Ја продолжува издржливоста. Поздрав
@Veki4kaa тој топ коат од десно го имам и скоро ќе ми заврши , топ е , најдобар досега што сум го користела
@koritsaki А овој топ коат го користиш со нивните гел лакови и нивната база, јас само гел лак ставив на есенс и тој топ коат и еве втор ден ми се излупи, незнам зошто, ама базата/прајмерот го немам купено,
@Sari4kaaaa Како Гучи примерот ти е Golden Rose Color Expert 18. Го имам и сум презадоволна од бојата. A имаш и како првиот тон, само ја заборавив бројката. Појди си во GR, однеси си ги сликичките од телефонот и ќе ти помогне продавачката. За тоа се ептен услужливи, веднаш ќе ти ја покаже палетата, како би изгледало бројчето што го бараш
Незнам зашто Векичка , јас да го користам тој топ коат веќе ми е до пола и помалце , го користам со секој лак и со тие на Есенс и лакот ми стои околу 6-7 дена потоа почнува да се лупи и тоа незабележително (ама и јас толку го држам зашто ми се здосадува хехех ) .. незнам зашто кај тебе е така , јас најчесто ги користам овие лакови на Есенс на сликата подоле и лакот стои толку. Едиснтвена маана што сега приметувам дека стана некако густ топ коатот во шишенцето , дали се расипа , ама порано не ми беше така додуша во врска со згуснувањето истото ми се има случено и со топ коатот на Seche vite. И базата ја имам на Есенс ама дали двапати имам ставено од него , не го користам