Да да, побарав на нет, тој од десно е бр.28, а тој од лево е бр.66. Утре ќе купам некој од овие два и ваљда нема да ја утнам бојата
Кажете ми најквалитетен и пигментиран БЕЛ лак за нокти ? Да е убаво бел, не млечно, не прозирно, него баш бело снег.
Јас го имам овој на Есенс и е баш таков каков што бараш , пигментиран , баш бел Wild White Ways е нијансата
@Jason123, ако не ти е проблем да порачуваш од каталог, јас би ти го препорачала Iceberg White од Gel Finish линијата на Авон. Еве го кај мене на нокти Со само две нанесувања покривноста е и повеќе од одлична а трајноста е неверојатна кај оваа нијанса- лакот не мрда недела дена па и повеќе
Девојки, предлог за квалитетен, долготраен, пигментиран КРЕМ и ТЕМНО ЦРВЕН лак за нокти (освен OPI)? Цената не е битна. Дали ги има china glaze во Александар козметикс ( мислам дека така се викаше она карши Зебра) и дали некој ги пробал? Секогаш сум со кратки нокти, налакирани во некоја од тие бои и би сакала да инвестирам во добар лак кој не мора на ден- два да го обновувам, а не сум љубител на гел нокти и козметички салони.
Авери , да ги има тие лакови о Александар козметикс , јас лично имам пробано два еден розев и друг со светки , ај светки ко светки не се вадат ама овој розевиот некако не ми се допадна воопшто , за квалитетот неможам да коментирам ама многу тешко се сушеше. Од поквалитетните имам пробано на Клиник - овде кај нас во Гр на попуст се наоѓаат за околу 8 евра и еднаш имав пробано се гледа квалитет си е квалитет , лакот си имаше висок сјај ми стоеше сигурно повеќе од недела , го вадев зашто ми се здосадубаше да ми стои по толку денови . Тоа беше пред 2 години и прв пат имав потрошено лак до самиот крај но незнам какви нијанси има тогаш јас имав земено обчична црвена боја.. сепак види прашај низ Космо и Еликсир. Други исто квалитетни лакови според мене што сум ги пробала се на Еssie, имав од старата линија еден кремаст но кога прочитав дека ги има тие тулене , формалдехид итн ги фрлив сите и опи и еси.. сега Еси имаат нова линија извадено тие искрено незнам какви се по квалитет , а вака низ нет читам добри коментари. Според мене ѕирни на Клиник , мене ми беа екстра
Дали има кај нас water based top coat? Си нарачав chrome powder за ефект на огледало, но може да се сетира или со гел или со water based top coat, инаку не излегуваат убаво
женски да не лутам низ форумов..дали можи некоја да ми кажи која е одприлика цената на ревлон лаковите и каде можам да ги најдам? Фала виии
Од голден роуз, продиџи мислам беа , траат 10 дена. Пријатно изненадена, препорачувам (150 ден, а во комплет со сјај 230 ден.)
Здраво девојки може да ми препорачате лак кој не се лупи мноогу брзо и нешто за зајакнување на нокти пошто многу ми се меки и кршливи, а лак кога ставам едвај еден ден ми стои.
Имам пробано од лаковите од Авон, траат неколку дена и брзо се суши лакот. А за нокти имам прочитано некаде дека треба да се мачкаат со лимун, ама незнам колку е вистина немам пробано.
Од Prodigy го користев само top coat-от и стварно по 10 дена ми стоеше лакот без да мрдне. Потоа се потроши и забаталив, па сега повторно купив комплет. И со Prodigy лакот и со било кој друг лак, истиот или евентуално следен ден ми се лупи! Најдобар гел ефект топ коут ми е. Џабе дадов пари за други.
Јас малку оф топик.. ако може да ми кажете дали во ДМ има нешто за потхранување на нокти? Мене ми се листаат премногу и ужасно ме нервира тоа. Воопшто не изгледа убаво и морам да го решам тој проблем.