Опи имаат во Дм мислам,веројатно и по некоја парфимерија низ Скопје ке ги најдеш Еси немам видено кај нас
Essie немам видено кај нас. Opi ги гледав но во cosmo околу 600 беа а во dm мислам ги нема или пак јас не сум ги виделa.
Дали ги бива лаковите за зацврстување на нокти на Авон или Орифлејм? Или пак на She или Essence од ДМ? Ми треба некој убав лак за зацврстување, оти не успеав да го најдам на Аура.
На she е убав иако мене не ми ги зацврстува доволно (иако прилично доста помага, само не е доволно за мене)..имам стварно слаби нокти и тоа не ми се сите слаби, по 2 на секоја рака и не знам од што така Дали го има оној отровот како и да го викате не знам, да погледнам треба. На Аура мене не ми помогна (не виолетовиов) ама ене мајка ми си го користи, вика убав и бил..иако што и да и дадам вика убаво е @Rebecca_R претходната недела видов опи во дм во сити мол мислам 640 ми рекоа..или нешто така. Битно над 600. А добив од увозник еден Опи, искрено јас не би дала толку пари па и секој втор ден да се лакирам ако треба со обичниве
Фала ви девојки @Dust @koritsaki @wannaBeMomma @joy1 Штом вика Дасти дека не се квалитетни, ќе побарам некоја слична боја од Голден Роуз. За да дадам 10+ евра за лак треба да не се брише цела недела, ама не верувам дека има толку добар лак.
Не не... далеку од тоа дека е неквалитетен Само за 10-11 евра не е според мене. Па обична Малена 3 дена како ништо ми држи..
Со Evelin top coat цела недела било кој лак ми трае и брзо се суши, сеа баш се на промоција 125 денари во ДМ
Ја не знам како ти успева тоа. Миеш садови? Јас најчесто сум со евелин 8во1 бидејќи стои и по 3-4 дена. Сите останати лакови ми се лупат. Е сега, може е до мене, јас не сакам ни едно дупче да има лакот. Пример кога имам црвен лак, еден ден стои, нареден ден додавам уште еден слој и после тоа бришам. Рацете често ми се во вода и се лупи ептен ептен брзо.
Мијам Не користиме машина за садови.. Така да секој ден од ручек мијам јас од вечера не Па и чистам за бељата И јас не сакам ни маааалку излупен лак на рабовите. Збеснувам Пробај со top coat може ќе ти држи повеќе
Е како може така? Сум пробувала, ама ептен споро ми се суши лакот кога ќе ставам top coat. Пример за да ставам и проѕирен лак како заштита, слојот од лакот во боја мора да е малку подебел. Поспоро се суши, па уште еден слој одозгора - пола саат и пак не е сосема суво.
Опи имам видено во аптеката во веро-џамбо/ Еси на free shop (граничен премин Богородица) Сосема истиот проблем и кај мене. Не ми е јасно што ја причинува болката итоа само на тие два прста.
Лаков го добив на поклон, земен некаде од Скопје.. Дали некој ја сретнал маркава кај нас? Презадоволна сум, само со еден слој, лакот трае и по неколку дена и покрај миење садови
Дали некаде кај нас има лакови за нокти на flormar? Јас си купив од Србија и сум презадоволна, 5 дена сум лакирана и лакот се нема ни помрднато, ако има негде кажвајте и цена ако знајте, презадоволна сум.