Благодарам @koritsaki, не знаев дека Golden Rose Ice Chick имаат ваква нијанса. Не ги најдов лаковите од Rimmel и Essence (најверојатно trends колекцијата е повлечена ) и овој од Golden Rose ми е некако најсличен. Број 20 е инаку и ќе го пробам сега па ќе видам дали е како тоа што го замислував во глава. Благодарам многу уште еднаш.
Веро Џамбо и Рамстор имаат штандови, околу стотина денари се лаковите, ама мене не ми траат баш без топ коат. За парите се супер, имаат и супер нијанси. Во недостиг на лак за зацврстување на ноктите, го зедов пенкалото за растење нокти од She пред некој ден, конкретно ова Има ли некоја искуство? Вака ми се допаѓа, практично пакување, мириса нежно и пријатно, а е на база на гинсенг и бадемово масло. Брзо се впива во ноктите, остава како мрсен заштитен слој, а за ефектот допрва ќе видиме, оти пред три дена го зедов. Многу ми беше важен составот, @Biodevojka ќе погледнеш? Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Curcuma Zedoaria Root Oil, Helianthus Annuus Seed Oil, Tocopheryl Acetate, Zingiber Officinal Root Oil, Cinnamomum Zeylanicum Leaf Oil, Tocopherol, Panax Ginseng Root Extract, Aesculus Hippocastanum Seed Extract, Citrus Aurantium Dulcis Fruit Extract
Околу 150-160 денари. Во ДМ на Битпазар го зедов последното. Има уште едно, виолетово е, со масло од чајно дрво мислам беше.
На слепо го зедов искрено...не го пишува составот, го најдов на интернет на страницата на ДМ. Во секој случај нема штета, белки ќе се покаже. Фала ти
Драга ќе ми објасниш ли како функционира ова моливче? Се утепав од вртење, горе долу, никако не излегува производ од него. Или јас имам земено фалш производ, или не знам како да го користам ова. Да не има некој трик???
Со белиот врв ги мачкаш ноктите одозгора. Белото врвче е како сунѓерче и пушта масло кое го има во резервоарот од моливчето. Не тече слободно.
Не знам да ти кажам, моево од прво мачкање пушта масло. Ај нека постои малку со врвот надолу, па види, може му треба време на маслото да го натопи сунѓерот. Се надевам дека не си зела фалш производ, ама секако може да го рекламираш.
Феминки да ми препорачате убав бел лак. Да не биде како коректор и да не е премногу проѕирен. Полека, полека да си отворам летна сезона со сандали
Essence - 199 - Wild White Ways Го имам овој лак на Есенс брзо се суши , не е густ , го препорачувам @sorbet
Rose gold нијанса од Catrice го има во ДМ, но има премногу густа структура, треба внимателно да се нанесе и не е нешто многу траен. Препорачувам - само ако навистина ти е потребна оваа нијанса, не вреди за 170 денари.
Фала ти, но најдов предобра нијанса од лаковите на Голден Роуз, многу поевтин од овие лакови на Катрис. Мислам дека пишав тука, ако случајно бара и некоја друга нешто вака слично.
Мишелче ќе може да ми кажеш која бројка беше лакот и од која линија на Голден Роуз.Ти ги видов ноктите во соодветната тема, а не забакарив која бројка беше лакот, да не ти копам по мислењата. И ако може да ми препорачате убав и траен неон розова боја на лак?Вака нешто: Одамна не сум се почастила со нови лакови, мора да се преземе нешто во врска со тоа.
Јас веке 1 година го користам само овој, се друго исфрлив. Препрезадоволна сум, траe по 2 недели одприлика, а стално сум на чешма, гајле нема. Овде го земам $8, малце скап ама вреди за парите. Еве моменталната состојба, пред околу 1 недела се лакирав.
Секако, лакот е од колекцијата Ice Chick, број 20, Преубав е, со еден слој се добива бледа нијанса. Мислам дека таму на сликата имам нанесено само еден слој. Со два слоја е баш роуз голд каква што си имав замислено.