Не би ти препорачала да чуваш лакови во фрижидер. Ако сакате да ви бидат подолготрајни чувајте ги на темно место, бидејќи супстанциите од кои што е направен лакот се разградуваат на сончева светлина.
Aбе дечки вистина се чуваат лаковите во фрижидер Tочно е ова,баш читав пред некој на Beauty tips,се чувале во фрижидер за смесата да е помека или помазна и подобро се нанесувале и траале
На Рекорд во Голден Роус гледав вакви со светки, парчиња внатре, срциња, ѕвездици, квадрати не знам што, а и обични светки само онака густи, без форми. Имаше и безбоен и на златна и уште неколку бои.
Фалааааа девојки, од пазар си земав со светки Оливиа, имаше и Голден росе ама подоцна ги видов. И имаше разни светки но пред се златни и сребрени во форма на топчиња, цртички и срциња по 50че е Голден по 30 е Олива. Јас земав едни со светки во разни бои и денес ги ставив на лилјаков лак абе преубаво, нешто слично ко последнава слика ми се и многу убаво изгледаат a светките пред се розевкаст сјај и топ е. Уште да најдам светки големи во разни бои како лилјакови, циклама, плави... па да ми искочат ко првите слики топ ќе е, засега само во златно и сребрено имаме од светки за жал
Значи ме интересира каде можам да се снабдам со материјали за нокти,лакови,гелови,стикери и слични работи. фала однапред
Лакови имаш во некои подобро снабдени макрети, голден роуз, по бижутерии, на пазар. Сегде има лакови. А стикери ќе си побараш.. исто имаш сегде. х) А за гелови незнам.
Јас ги имам речиси сите од Пјур Колор на Орифлејм, и сум мн задоволна од нив. Брзо се суши и ми ги зацврстубаат ноктите. Едноставно ПРЕКРАСНИ!!!!
Повеќето лакови што ги имам ми се Golden rose,ама имам некои и од други фирми.Лаковите од Olivia ја лично неможам да ги смислам,како прво чекаш 5 саати да ти се исуши ,а како второ боите им се ужасни....
Лак за нокти ОЛИВИА, ги имам скоро сите бои, навистина е потребно повеќе време за да се исушат но не се со лош квалитет. Јас сум задоволна. Истите се од Орифлејм или Авон, само што цената е многу поголема. За истите пари ќе си направиш цела колекција на лакови од ОЛИВИА.
Девојки да не знаете каде можам да најдам лак со истава боја(некоја темно розева- малина боја) не мора да е есеснс???
Многу убава боичка,како што можам да заприметам не е циклама потемна е.А зашто немора есенс,кога веќе они ја имаат земиси вакво ги има во парфимерииве.Флормар можно е да имаат (имаш во Веро центар и во Рамстор)
секоја парфимерија скоро каде што имаш лакови овие на есенс ги има во Еликсир,и ја има баш оваа нијанса,100 ден. е,а ако сакаш на помала цена,имаш во Голден роуз 50ден.,на рекорд,Јуник исто така,и такви мали парфимерии низ град,сегде ке најдеш ја имам иста ваква нијанса ,цреша боја,од голден роуз
Мислев дека оваа боја не е дојдена затоа викам не мора да е на есенс иначе фала баш ќе одам да проверам
Девојки работи утре битпазар? Сакам да одам да си земам светки за нокти.. Али незнам дали работи пошто утре е неработен ден
Девојки,да ве прашам за лаковите од Авон,гледам дека имате доста користено,вака од слики, да ми кажете ваше мислење,слушам многу негативни мислења,се лупеле брзо,неквалитетни биле блабла,а сакам да си земам некои нијанси. Anyone?
Имам па преку 20 лакови од авон, убави се невикам не, но за 150-160 денари(со 25%попуст доаѓаат најмалку 120 денари)-еден, искрено не се исплати! пред недела дена си земав 2 од голден роус за 100, супер се, нема никкава разлика со овие од авон! траат по 3-4 дена макс, барем мене толку ми траат. ако имаш мерак на некоја нијанса, а неможеш да ја најдеш земи си, инаку не се троши за џабе! P.s да се надополнам, може да се за нијанса поквалитетни, затоа што имаат метално топче што ја меша бојата и така не се сушат толку брзо, пример имам лак повеќе од 3 год и не е сув. Голден многу пробро се сушат а за Олива па да не зборам!
Јас имам 1 лак од авон и ако имаш навика да се шлакаш секој 2 ден тогаш не ти препорачувам ( ради цената ) . Убави се и квалитетни ама еве јас лично давам повеќе пари на лак ако ептен ми се допаѓа бојата . А ако можам истата боја од друга марка за помалку пари да ја земам тогаш секако одам на поевтино