Јас дури и како основа си го коритам под лакот, што значи ставам еден слој, еднаш неделно, пред лакирање
Девојки јас се изненадив од Golden Rose Top Coat ја задржува постојаноста на лакот една недела (барем кај мене) со тоа што и постојано мијам садови. Ви го препорачувам.
Јас не би го препорачала, туку напротив. Кај мене искуството беше исто како да сум немала ставено top coat во однос на трајноста, одма се излупи за еден/два дена. Ете го стои цел лак во несесер Единствено вреди дека дава гел изглед на лакот.
Од кој topcoat сте најзадоволни? Само немојте да кажете гелниот од Голден Роуз, мене веднаш ми се распукува во линии по ноктот Мене ноктите без надлак не ми стојат ни пола ден. Обично денот го завршувам со пола излупени нокти што е неверојатно грдо. (puke) Ми се случувало да го удрам ноктот на врата и буквално пола лак да испука. Сега користам topcoat од Eveline, и за сега е ок, ама би пробала и друг
Јас сум задоволна од top coat на ГР, но не оние кои одат посебно, туку тој од Продиџи гел дуо-пакувањето во кој добиваш уште еден лак во боја по избор. Мислам дека сетот е најмногу до 250 денари (ако не се лажам, 230 го купив последниот сет). На нокти можеш да видиш како изгледа доколку пребараш низ било која слика од моите нокти која сум ја ставила во темата Вашите нокти. Од септември месец наваму, само него го користам и го комбинирам со било кој лак. Ефектот е ист. Не прави грутки, не се расцветува по ноктот како обичниот гел топ коут од ГР и лакот на нокти ми трае минимум една недела, без разлика што мијам садови и обавувам други обврски.
Предложете некоја ваква малинаста нијанса на лак. Било кој бренд, било каква цена, само да е ист како овој на сликата. Одамна барам токму таква нијанса.