Јас имам од Revuar 5 sec и воопшто не сум задоволна. Не е пигментиран, му требаат 3 слоја за да се добие баш бојата, веднаш се згусна и се чека 5 мин секој слој, не сек. За таа цена од 70тина ден очекував повеќе.
Јас никогаш не ставам еден слој лак било каков да е,на Ревуар ставам два слоја и ми се преубави исто како гел да сум ставила на свои нокти
Користам само Sally Hansen. Одма се суши и трае 2-3 недели без проблем. На нокти изгледа како гел. Малце е поскап ама вреди.
Преубави се овие лакови, штета што кај нас ги нема. Мене ми донесоа од некоја велвет колекција, се сушат во мат и многу се добри - ноктот останува матиран по неколку денови, што и најмногу ме фасцинираше. Го бришев само кога ептен ќе подникнеше ноктот, инаку си немаше гајле. Од она што може да се најде кај нас, многу ми се допаѓаат лаковите на Bourjois ама реално прескапи се, па купувам на некој добар попуст. За сите останати прилики тука се Голден Роуз. На нашиов пазар за таа цена не знам дали има подобро.
Јас и многу сум задоволна. Само земи од тие со црно капаче на кои пишува нешто 7 days without top coat. Имам еден бронзен со златно капаче и не ми е толку траен.
Не е бел? Нешто потемно ми треба. Што нема многу да се забележува на прстите. Ем модерна, ем примерна Купив на Catrice еден, ама сличен е на твојот.
Не, далеку e од бел, не знам зошто на фотографии секаде различно испаѓа и дури и јас на нокти не можам да ја доловам точната нијанса поради лошото светло што го имам во соба. Нешто баш помеѓу пудра/беж. Не е креч бел. Другите беж кои ги имам сите се од Голден Роуз, па затоа не ти ги ни предложив. Има едни убави (ГР) од velvet колекција мислам дека беа, како сатинест мат ефект даваат и многу се убави, имам два од нив.