Golden rose имаат убави бои, но ги избегнувам колку можам за лакови зошто на моите нокти имаат трајност исто колку најевтините лакови на нашиот пазар. Колку ти издржуваат тие velvet?
Пардон, matte satin се викала колекцијата. Со имиња сум тапа. Еве што бои има, јас ги имам 02 и 04. 04 е потполно различна нијанса од таа на сликата, многу нежна, бисерна розе, речиси неприметлива. Доаѓам до заклучок дека сликиве на нет немаат врска. Ќе се лакирам утре ќе ти сликам. Инаку јас ретко со некој лак да имам проблем во врска со трајноста. Сите ми стојат дури не ги извадам, само брзо ми подникнуваат ноктите и лошо изгледа кај коренот на ноктот (како подникната надградба), па лакот го вадам за некој ден. А самиот лак си стои и не се лупи. Одоздоле лакирам со некој третман од Авон, одозгора како топ коут ставам еден безбоен, исто Авон.
Ќе ве мoлaм дa ми предлoжите top coat кoј имa убaв сјaј кoј трaе и леснo се суши. Гo купив oвoј нa Golden rose и не сум зaдoвoлнa. Имa сјaј кoј трaе нo мнoгу тешкo се суши. Еднo гoлемo НЕ зa лaкoт.
Јас го користам топ коутот на Голден Роуз што доаѓа во тоа дуо-пакувањето. Продиџи се лаковите, тоа е гел топ коут кој не се пече. Toj десно на сликата. Спојлер Ама не може да се купи посебно. Комплетот е 200 и нешто.
Здрaвo фемимки, дaли некoјa гo имa прoбaнo трикoт сo згуснaт лaк дa гo стaви вo фрижидер, дa кaже дaли функциoнирa
Немам пробано, ама друг трик за да средиш згуснат лак е да му капнеш неколку капки ацетон и убаво да го протресеш. Маната на ова е што мора многу да внимаваш за да не додадеш премногу ацетон па скроз да се разреди лакот. Најдобро е да се капне прецизно со некоја пипета ако имаш и постепено да додаваш по неколку мали капки.
Препорачајте ми добар top coat? Само да не е на Golden Rose, ги имав и gel look и тој за брзо сушење.
Јас овие лакови на Essie ги користам најчесто , премногу сум задоволна. Белиот е прекрасен , доволно се 2 тенки слоја за да добијам убава бела боја. Од оваа линија сум по задоволна отколку од Essie couture (тој темно црвениот лак е од таа линија). Кога треба да се лакирам , раката сама ми посегнува по лаковиве Белиот ми има издржано дури 11 дена , потоа ми се здосадува и го бришам. Обавезно нанесувам и од тој топ коатот десно Сигурно ќе купам и некоја друга боја
Ако мислиш на X-treme gel effect го користам јас. Моето искуство е следно: Позитивни страни: Дава сјај на лакот и ја оживува бојата. Дефинитивно со него ноктите ми изгледаат уредно 7 дена, а без него максимум 4. Брзо се суши и за кратко време можам да продолжам со вообичаени активности наместо да седам и да внимавам да не го оштетам лакот. Негативни страни: Понекогаш се појавуваат меурчиња на ноктите кои страшно ме нервираат. Потешко можам да го избришам лакот со ацетон. Исто така ги впива боите во зависност со каква боја сум се лакирала, така што од проѕирен ми станал бледо црвен (ќе мораш да ја бришеш четката со ацетон по секоја употреба). Дали ќе продолжам да го купувам? Не знам, можеби да. Воглавно сум задоволна како си ја врши работата, ама до сега не сум користела top coat за да можам да направам споредба. Вака изгледа:
Ти благодарам многу за рецензијата. Ќе го имам во предвид и тој, но јас вчера забележав top coat во бело пакување, изгледа овој беше: Ако некоја го има користено, нека се јави
Мене top coat лаковите од Есенс сите ми прават меурчиња, затоа и ги избегнувам. На крај пак ќе испадне дека seche vite e најокеј. Во план ми е пак да го земам зашто очигледно кај и да е ќе секне залихата од гел надлакот на ГР.