росии сеа видов на блогов http://iloveprettycolours.blogspot.com/ ... to-me.html има лакче на есенс со такви парченца светки како што се, провери дали ти одговараат запиши си ја шифрата и мислам дека лесно ке го најдеш пошо е на есенс
Металното топче ти е усвари олово. Јас на сите лакови им ставам по едно олово(му зимам на тато, има зошто понекогаш оди на риба и има оловца за конецот, а можете да ги најдете во која било продавница за рибарска опрема) и не ми се засушуваат. Ете еден трик.
e фала на советот, а знам дека игра голема улога топчево, овие лаковие што се над 200 сите го имаат. Епа извини јас за лак 500 не давам па и златен нека е тие скапи се топчињата??
Па јас го купив за 115 денари. Има некои го купиле за 100 денари, има некои за 130, за 150. Зависи. Инаку добар е, и доколку не се распука доволно, ја сама го тегнам на ноктот, и се кине.
Aко сакате со такви светки,купете си само светки, ваљда негде во џамбо,или на пазар има, и измешајте ги во лакот што сакате да го ставите.
океј, убаво но поената ми беше дека топчиња имаат сите лакови од познтиве марки: Max factor, Chanel, Manhaten и тн да не ги набројувам. Е сега чест на исклучоци како ти што си нашла со топче за 150 денари. Авон сите се топче и се исто толку, имам напишно горе да не се повторувам! Финтата беше не им се дава 150 кога можам и за 50 да земам скоро ист лак. И сеа ако најдам топчиња ке им ставам јас, ако најдам ефитно топчиња!
Аха, ефтини се. Абе усвари не се топчиња, елипсоидчиња се ама играат улога на топчиња. Незнам цена точно,ќе го прашам тато вечер и ќе ти кажам.
Каде можам да најдам гелови и слични работи за надградба на нокти, дали има специјални продавници или пак од каде да порачам?
Сум пишала на темава? Нема врска, да си кажам Дречливи бои, да не речам вриштечки ми се омилени за лето и пролет, како стапува есенва и зимава, јас се нафрлив на бордо, тегет, ачик плаво, ачик црвена и некоја тмурна сива нијанса Купувам штом видам, и највеќе ги поштувам Голден роуз, не ми е гајле ама за 50 денари имаш лакче со убава боја, трајно, не се лупи лесно, има се што барам од еден лак :geek: Следни ми се Габрини, имаат убави силни нијанси, на пример што имам еден тиркизен, летово душа му извадив, се изнарадував на ноктиве Не ми се нешто посебно Кетрин Арли, некако брзо се лупат, бледеат од ноктите, ама при избор на боја, влегуваат во сметката. До сега не сум купила скапи лакови, од причина што брзо ги трошам, или ми се сушат, па за шарени нокти не мора да дадам 500 денари Битно, уживам во лакови, сакам шкрткање, моиве нокти ни пола час не можат да се видат неналакирани. Да, да кажам за Аура, оние малечкине шишенца ми се ептен бледи бе, сега брзо купив лилав, ама ептен лилав, на нокти со три слоја беше некоја преливна нијанса, слаба и речиси невидлива own:
Женски неможам да укопчам за какви топчиња зборувате,разбрав демек од нив се ставало во лакот да не се суши..така ?
вака, незнам дали си приметила, ама сите поскапи и поквалитетни лакови обично на дното имаат едно метално топче, кое ја меша бојата! и обично не се сушат толку бргу, и плус убаво се меша бојата со топчето! Е сега многу лакови немаат такви топчиња, пример golden rose, ама се прилично убави и ефитни! И линн ми даде идеа да си ставам, бидејќи она го практикувала тоа, -метални топчиња, што се користеле за риболов! е тоа беше муабетот
Девојки, внимавајте доколку купувате било какви метални топчиња да се направени од метали што се безбедни (зборувам да не се направени од тешки метали пр. олово, хром и сл.) Иако станува збор за апликација на нокти, сепак може да дојде до здравствени проблеми ако се направени од тешки метали!