Јас како база го користам 8 во 1 од Евелин и нивниот top coat gel effect (имаат неколку типа на top coat колку што знам) исто така, и супер ми е. Лакот ми останува и до една недела со минимални оштетувања на врвовите што е очекувано.
И јас барам ваков од Голден Роуз, ама засега ништо. Од Авон најдов еден млечно бел-беж, не е лош ама сакам розе со ваков стаклен ефект. Да изгледа како my nails but better. Ако најдеш нешто, пиши.
Vakov slicen vidov golden rose color expert broj 92 i ja go gledav ali ne zemav pa nareden pat srekja
Кој лак е најдобар, најмногу издржува без да се излупи, јас постојано сум во вода и неможам постојано да се лакирам, веднаш после миење на садови ми се лупат, а јас два, три пати мијам садови на ден. Топ коат од Голден Роуз нема никаков ефект кај мене. Овие на Буржоа дали се поиздржливи или само цената им е поубава, се мислам за нив
На eveline да го пробаш ама не сетот туку тој само лак што е. Го има во космо нешто над 150 денари мислам дека е. Јас го имам црвениот и сум презадоволна.
Бегам подалеку од Евелин составот им е ужасен. Нешто друго? Инаку ептен сум задоволна од Wet n wild Hard as ice како надлак.
Девојки може не е за овде прашањево но да прашам Гледам на нет пред да се лакираат стават како лак на прстот околу ноктот и одкако ке завршат со лакирањето тоа го лупат и ноктите изгледаат супер Дали има кај нас такво нешто?