Не ме сфаќај погрешно и јас порано сама си ставав гел лак и знаеш зошто престанав? Затоа што прво ми требаа минимум 2 саати за да ги направам ноктите (додека се печат ноктите на едната рака, нели не можеш да ја работиш другата на пр.), никогаш кутикулите на десната рака не ми беа добро средени, квалитетните гел лакови се доста скапи и морав 2 бои да вртам цело време, лошо направените гелни нокти повеќе се приметуваат од лошо лакираните и кога на крајот кога се пресметав сфатив дека немам некој ќар од трудот...
На АлиЕкспрес имаш брендови како Rosalind и Venalisa, би рекла дека се и повеќе од задоволителен квалитет за твоја лична употреба. Веќе 5-6 месеци ги користам и презадоволна сум. Отприлика по 2 недели ми траат (ако не ги чепкам сама). Цените движат по 0.9 - 1.5$ од лакче, некои се со шипинг некои не. Јас лично користам мини гел-лампа исто од АлиЕкспрес што се преклопува, имаш од разни продавачи по 2-3$ е и супер си ја врши работата. Покрај лаковите во боја имам купено base coat и top coat, солидни се од кој било бренд да купиш од овие што ти ги пишав. Освен лампа и лакови, јас не користам ништо (од типот на прајмер, дехидратор и сл.), користам отстранувач на кутикули пред да почнам, ако некаде ми остане ептен сува кожа на ноктот нежно ја отстранувам со турпија и пред да нанесам од base coat ги прочистувам со алкохол. Мислам дека за почеток тоа ќе ти е доволно, и нема да те чини скапо да пробаш
Од кое средство за зајакнување нокти сте задоволни? Ставав гел бидејќи ми беа меки, но сега кога го извадив е уште полошо. Се искинаа до максимум. Што би ми предложиле? Сакам да ги пораснам барем малку бидејќи вака срам ми е да ги покажам.
Имам видено во Буњаковец на излог на аптека. Не се сеќавам дали е еурофарм или Виола. Зегин не е. П.С. сега прочитав , ги има во Виола аптеките. Најверојатно и таа е Виола во Буњаковец
Презадоволна сум од лакот со калциум од Фармаси. Ти го препорачувам Единствениот лак што успеа ноктите да ми ги врати во нормала, цената е околу 100 денари
Ај ако сакате да ми кажите за гел-лакови. Повеќе траат од обичните? Дали користите и кој бренд би ми го препорачале? Фала однапред И од назад
Најмногу ги користам тие на Малена, лак ко лак, за 2-3 дена го мењам, па овие према буџет за тоа ми одговараат Си ги средував сега, па еве една слика
Драги девојки, дали некоја користела лакови од брендот Aura или Essence ? Како сте задоволни? Долго време користев од тие на GR но некако брзо ми се гребат, ни недела не траат...
Сум ги користела и од двата бренда и задоволна бев. На Аура резистант се поскапи, но ми траеше скоро недела дена. Од друга страна пак на Есенс имаат повеќе изглед на гел нокти, што повеќе ми се допаѓа. Нема да згрешиш за кој и да се одлучиш. А од ГР најзадоволна сум од Ice chic, најдолго ми траат, така што ако не си ја пробала таа линија ти ја препорачувам, сепак е пола цена од другиве.
Имам јас користено на Essence супер се поготово ако ги начекам на попуст.Јас би ти препорачала да си купиш завршен слој од golden rose top proddigy имаат често попусти јас така купувам и лакот ми стои 5 до 10 дена зависи колку ги употребувам раце.
Во кит го ги има во автокоманда и во една парфимерија исто во автокоманда во трговскиот центар. Во кит го се поевтини малку, околу 42-3ден се.
Од февруари навака се лакирам, па горе-доле се научив како. Уште учам турпирање, тоа ми оди потешко Лакови купив повеќе, од различни брендови, сите дрогериски, сите круелти фри освен Авон. Заклучок: 1. Најдобри ми се Голден Роуз, Ice Chic кои никако не можам да ги најдам во големо паковање, само мали од 6мл. Добри се и WOW линијата, но Ice Chic се подобри. Исто и Color Expert линијата се супер. Не можев да најдам никаде комплет Prodigy, па само top coat имам. Ок е, само што му требаат 1000 саати да се исуши, можеби треба да го сушам на сонце. 2. Есенс се супер, најдобра четка според мене имаат (имам само од линијата Shine, Last & Go), base и top coat ми се ок, не се суши вториот баш брзо. 3. Trend It Up имам base и top coats, base ми е онака ок, top coat имам Ultra Fast Dry и Ultra Shine - исто време за сушење, мене ми се предобри, само што по некое време ептен се згуснуваат па не се баш добри. Сепак се ептен ефтини, по 50-60 денари се, нон стоп се на акција во ДМ. Исто и на Trend It Up имам лакче од линијата 183 Days, многу ме бендисува 4. Flormar имаат ептен ефтини и убави лакови. Единствена замерка имам за четките, претенки се некако. 5. Од Malena имам неколку лакови, тие во боја сите се тапа, со светки два имам и сосема ок се. 6. Eveline X-treme gel effect top coat - одличен, само на некои лакови им ја менува малку бојата. 7. Avon милион лакови од нив имам, gel shine сите се убави, flickering cristals не баш. Ultimate hardening base coat + gel shine top coat ми се омилено дуо. Штета што Авон не е круелти фри. 8. Catrice имам некои постари со светки, и сега земав два ICONails, ок се. Ништо посебно. 9. Од Aura имам само base coat, супер е, планирам да купам нешто во боја