Убедливо најдобри и најтрајни лакови што сум ги пробала се на Rimmel - гел лак. Top Coat користам на Essence и тој е супер.
Девојки веке 3/4 месеци неможам да го најдам Trend it up calcium milk а баш бев задоволна и имаше ефекти,дали има замена или сменета амбалажа?
Не е ice chic, но имам golden rose color expert 144 и со два слоја се добива светло розева боја како на сликата.
Јас сум најзадоволна од лаковите на Авон, конкретно gel shine. Убава четка имаат, а и покривност. Брзо се сушат. Јас лично не се лакирам само со лак, туку се': база, лак, завршен слој. Така најубаво изгледаат и најдолго траат. А и лаковите на Флормар ме бендисуваат, и тоа едни од поефтините се, full color што пишува на нив.
На алиекспрес има, едно кутивче 1$ отприлика. Кај нас вакви работи имаше на тезгите на женски пазар, но одамна не сум била.
Јас си ги користам на Golden Rose, многу се трајни а имаат многу пристапна цена. Обично користам лакови во потемни нијанси (црна, тегет), црвен лак (поретко) или пак безбоен. Не сакам многу нападни бои, едиствено во лето може да ми текне да се налакирам во некоја дреч розева нијанса