Зелен пазар Малена број 15 @AngelaAngela1996 нека ти каже кој број и која фирма е. Мислам дека првиов е на Малена е.
Имав на тренд уп од дм, може е тој. Беше супер дури цела година го користев и не се исуши, ама не можам да го најдам сега во ниту еден дм
Девојки да предложите лакче, црвена крв боја. Таква темна. Го земав од лидл со години на cien, баш нијанса која ми се допаѓа, ама веќе година немаат донесено таков. Во меѓу време купив неколку други, ама никако да ја погодам нијансата што ја сакам.
Овие на катрис ич не ми се покажаа ко трајни, освен тие со светки, а прескапи се. Ама ќе го имам во предвид ако не најдам нешто друго.
Мене ми се одлични OPI лаковите, ми траат по цела недела без top coat, брзо се сушат, цел ден рацете ми се во вода, работам се низ дома, воопшто не ги пазам ни ноктите, не па лакот. Од кога почна корона тајм пуштив нокти зошто поради работата не смеев ни долги, ни лакирани, сега favourite pass time во долгиве карантински денови е да си купувам лакови На децата омилена забава е да ме лакираат па често сум со све ми боје лепо стоје нокти.
Вака фино ми стои. Го проверив онлајн 2 евра е овде. Попладне ако не врне ќе го побарам. Многу сум терс за црвена боја на лакчиња и кармини.
@bittersweet wow,сликава ти е ко дизниленд за мене! Ч) И јас би сакал од ОПИ,ама дали знае некој од каде може да се набавао(во СК)?
Не знам дали во Гр има Авон, баш сега земав една нијанса таква и многу ме бендиса, утре ќе ти ја сликам. Од Авон само Gel Shine се преубави, а и за мене трајни, со оглед колку време во вода ми се рацете, 5 дена сигурно траат. Оргинални или Али Опи? Овие се ептен убави и убава четка имаат, ама барем мене пребрзо ми се сушат
Официјални увозници за opi во Македонија се, верувам дека се оргинал. Плус и сите салони за нокти зимаат гелови opi од кај нив. Мене ми ги кажа пријателка што прави нокти. Имам неколку лаккови купени од странство и неколку од страната и според амбалажа, покривност и трајност ми се идентични.
Не ми стасала нотификација за одговоров, сега случајно видов. Има Авон тука, ама не познавам никој лично што има каталози. Тој на есенс не го најдов овде по дрогерии, а ни на катрис додуша. Ама онлајн ги има. Само Сефора ми остана да проверам дали ги држат тие брендови. Вечна потрага по совршената црвена нијанса.
@Yowannty и Сефора (брендот) имаат убави нијанси купував порано нивни лакови и баш се квалитетни. Еве таква нијанса
Кај ги спомна, па ми текна дека имам една мала колекција на Сефора лакчиња. Дур ја барав неа, најдов уште една. Скроз сум ги забораила. Едното црвено ми е потрошено, тоа што фали, мислам дека беше како третото од твојата слика. А има уште едно како вишна боја, може да е добро. Многу сакам убав црвен лак, што 90% посто од другиве не ми се воопшто пробани. Ми се свиѓа и првото лакче од твојата слика погоре. Таман ќе ја нападнам Сефора сега за празнициве.