Јас конечно си најдов решение за подолготраен лак за ноктибаза од essence, капки за побрзо сушење на лакот, лак, гел лак без печење. Се е од essence. Не сакам да одам да лепам нокти поради хигиенски причини. Брзо, едноставно и трајно. Секој кој си се лакира дома препорачувам да си проба. Можете да ги најдите во дм или шатци
Како сте задоволни од спрејовите за брзо сушење на нокти? Дали навистина убаво ги сушат или ако фатиш нешто ќе имаш линии?
Јас користам од essence капки. Презадоволна сум, одма го сушат лакот без разлика колкава е дебелината на слојот што го имаш нанесено. Порано внимавав да не е дебел слојот па ќе му требаше многу време да исуши... мака мачев и конечно најдов решение. Ти ги препорачвам цената е негде 140 денари
Да ми препорачате некој убав црн лак? Може и обичен и со ситни светки низ него. Opi black onyx ми е сигурна варијанта, ама ако знаете некоја поевтина варијанта на добар црн лак, ве молам предложете Фала
Или на aura или на essence. На essence е негде 100ден,а на aura мислам 160 од прилика. Ова е цената во дм. И двата се добри само мене на aura не ме бендисва четката мн ми е гломазна. Али кој да го одбериш нема да згрешиш затоа што се трајни
Овие лаковиве од Аура се навистина убави, еден слој е сосема доволен, супер се пигментирани амааа како можеше четката толку да му е утната, тоа не ми е јасно. Цела се шлакам кога се лакирам, воопшто не е практична.
Ставаш слој на лакот, врз него ставаш од капките, со капалка се, лесно се нанесват па ќе почекаш некоја минута и после се мијаш со вода.
Едно глупо прашање, не знам кај да прашам, само оваа тема за нокти ми е некако посоодветна. Стикерите за нокти прво ги лепите, па после одозгора поминувате со top coat лак така? Немам досега стикери лепено, си порачав сега, па да си прашам како ги лепите.