^ De nada п.с Лаковите што беа со густи светки, за кој мислевте од голден, има само два вида, а не ми се баш нешто густи???
Леле јас одвај ги складирав во картонска кутија. Ме мрзи да ги бројам но имам повеќе од 100 сигурно. Да направам клик на пакетот па ке закачам фотка.
Имам многу и имам од различни фирми да речам. Од Голден Роуз и Пацифик Габрини сум најзадоволна некако, а од Оливиа ич не сум задоволна оти 243656 пати треба да се намачкам за одвај да се види бојата И да се надоврзам за топчињата Имам од Орифлејм лак кој скоро 1 година и фазла е во домов мој и не е исушен и баш заприметив оти има топче Што значи оти добро влијае ова топчето на лакот Сега сум во потрага по убав тегет лак. Нешто сличен како оној на Хипица што го имаше постирано (ама во друга тема мислам беше)
Здраво јас сум МисАн и сум лакохоличарка имам околу 100 лакови во најразлични бои и сакам да прашам дали негде кај нас во државава можам да го најдам овој лак? Essence matt top coat
лакови имам 10тина од olivia Grafit Golden rose 5 Golden rose цртачи 7 Golden rose лакови 15 art мали цртачи 10тина Moda цртачи со игла 6 Carlo Roma 3 Avon 3 Moda Matte 4 Maria Lopaz 10тина Pacific 5 а за налепници,печати,светки,циркони, и други триста тракатанци за шарање да не збориме
Девојки ајде мала помош Ги имате ли користено од AVON лаковите за нокти со нијанси PERFECTLY FLESH и BALERINA?
Да да има , вака изгледаат Е сега не знам точно колку беа , на поминување бев само . Ги видов во Голден Роуз продавница
Јас купив мат од голден роуз. И првиот впечаток ми беше вау, ептен убаво изгледаше. Црвен си зедов. Арно ама, измив чинии и верувате ли дека уште истиот ден почна да се лупи?? А другиот ден да не правам муабет, мораше да го избришам да си стам нов. И башка другиот ден како сјај да имаше. Не сум задоволна.
Да,точно,се лупи уште одма.Тоа е бидејќи е мат,нема сјај во него,нема што да го држи лакот,бидејќи како темперна е,ама ако јас си ги лакирам често,така да не ме мрзи и секој ден да ги поминувам. И стави повеќе слоеви,така потешко се лупат. И каде каде,подобро од голден роуз ќе земам него од Авон 200ден.лак.
Јас го ставам мат финишот од есенс и не ми се лупи одма .. Е сега не стои 2 недели ама по 5 дена без проблем . На кој сакам лак го ставам , не купувам мат лакови
Од сите марки на лакови што сум ги пробала дефинитивно најзадоволна сум од Catherine Arley. Црвениот лак што си го купив има сигурно повеке од пола година и уште го користам.Се што сум купила досега се суши за ного кратко време а овој чудо.Плус бојата ми е супер ниту многу темна ниту многу светла И не е скап 70 ден.
Под мат лакот смее да се става прозирен? Знам одозгора дека не се става безбоен, ама одоздола дали може?