Апдејт Ја земав оваа база ос есенс и многу добро се покажа. Баш ми е траен лакот. А инаку овие нијанси сте ги виделе некаде?
Базата ја немам, top coat земав од Есенс и добро се покажа, особено врз трајни лакови, им ја продолжува трајноста. На тие што ми беа и така трајни, со овој top coat 6-7 дена можам да ги износам. Ама пак, со самото миење, бањање, се лупи лакот што и да му се стави. Ја сум среќна и 3-4 дена кога ќе ми издржи ист лак.
Есенс имаат убави лакови. Инаку може ли предлог за некој пигментиран млечно бел лак? да не е како проѕирен.
Го имам и јас. Сам без базава не е ок на мои нокти, ми се лупеа по цело парче. Сега имам комлет А да, толку е, ама мене уште дента ми се лупеа без база и топ. Фини производи се
Од Малена мене белиот лак супер ми се погоди. Тука една членка го имаше во темата за вашите нокти видов, супер личеше, ја прашав кој е, одма го земав после, стварно ми се погоди и мене. Со 2 слоја преубаво изгледа, откако го купив цело време комбинации со него си правам. Малена бр. 3.
И мене лакот ми трае 2 дена без лупење, нема шанси повеќе да издржи. Решение е ув ламба и гел лак (ако не ви здосадуваат брзо ноктите како на мене).
Фала ти многу ќе го побарам обавезно. Многу ми личи убаво бел лак на нозе иако најчесто црвен сакам, да сменам малце
Немам, ама размислував да земам онаква основна опрема само за гел лак, чисто колку за мене да си правам нокти. Обичен лак не ми трае, а кога ќе ставам надградба за една недела ми здосадува. Само не знам дали се добри од али да нарачам.
Мене многу ми се допаѓаат на Аура про лаковите , во јануари купив неколку др зимски бои , потоа донесоа други нијанси ама јас си заминав и не успеав да си купам уште на нивната официјална страна видов новитет на летни бои па сега овој пат пред летото се надевсм ќе успеам да си земам значи мене ми траат во просек по 10 дена без база. Ја купив и базата ама не сум ја пробала уште Горе спомнувате за ув ламби и сл мене па ми е досадно да ги држам месец истите па истите и затоа почнав пак да се лакирам Во однос на тоа дали по некое време се расипуваат внатре, се уште немам некое мислење. Имам лакови и топ коат и на Essie, имам лак земен пред 5 години уште не му е ништо по тие на Аура, овие ми се втори омилени
Јас многу сакам светли нокти. Но, после некое време показалецот ми станува жолт од цигарите. Дали има некоја ваков проблем? И дали има решение за ова?
Препорака за бел, креч лак со убава четка? Не знам на OPI какви се. Го пробав на Аура од новите пред неколку месеци, катастрофа ми беше и трајност и четка.
Помош некоја? Еве вака ми станува жолт од цигарите. Ги сликав двата нокти за да видите разлика. Се надевам ќе ја приметите. Не знам дали да го излакирам со црн лак за да не се познава. До велигден ќе ми биде заникаде. Уште толку ќе се уништи. Последните два нокти ми се со црно омбре па затоа помислив дека можеби ќе иде на овој црно да му ставам. Ама и на другата рака да биде исто да не ми бидат до толку различни. Што мислите?
Најдобро да појдеш на корекција и да ти ја сменат бојата. И не ги прави светли повеќе, барем не тој нокт. Вака ти да го лакираш мислам дека ептен ке се разликува дека е лак одозгоре.
Не ми се даваат пак пари сега за корекција само што ги направив овие. Се гледа дека се тазе правени. Во иднина ќе се потрудам да најдам некои нокти каде што тој ќе биде темен. Ама ич не сакам темни нокти или црни. Многу сакам вакви пастелни бои. За жал не можам да ги носам. Сепак фала на советот. Нема да го лакирам.