Ауу тоа нема шанси. Вака ќе си терам што да правиме. Или ќе научам да не се замарам и да си носам светли бои или ќе барам различни нокти. Некогаш знам и за нг да направам розеви слични на овие. Ептен ми е така убаво Барем да постоеше некој лак(пр.Проѕирен) или нешто да штити од цигарите..
На OPI само Rydell Forever од колекцијата Grease мислам 2014 год е таква баш креч бел, другите бели им се или проѕирни или со седфест финиш, со четките на OPI никогаш не сум имала проблем. Првото е Rydell Forever, второто Pearl Kyoto, третото е Snow day in LA од зимската колекција 2021
Да се пожалам со цените на лаковите и тоа уште пред да почне пандемијата. Како некој што има цела колекција, некако сѐ потешко ми паѓа подновувањето со нови нијанси. А сега и престанаа и да произведуваат и да носат одредени фирми. Дури и кинеските се поскапени, а тие важеа за најевтина опција за ако не сакам некоја нијанса ама ми е потребна за nail art. Штета што Golden Rose ги повлекоа jolly jewels. Имаат некоја замена со extreme glitter shine ама не се баш исти.
Потврдувам. Јас го имам 041 бројчето и има убава боја вишна скрооз малку на розово на ноктот, иако во шишенцето е црвено-розова. А, и мене не ми се многу лесно овие одлепуваат. Пример, ГР ми се понетрајни. А, и овие не се толку скапи, а и мене лично повеќе време ми стојат.
Јас ги користам од Али rosalind лакчињата и супер се. Имам само земано база, праимер и topcoat од Александар козметикс кои ми траат еве веќе 3 години, другото се ми е од Али. И искрено сум многу задоволна. За домашна употреба се топ. Е сега на почетокот додека да се навикнеш ќе ти треба повеќе време, посебно за десната рака. Ама после тоа е супер.