Дали во ДМ кај нас има Флормар лакови во слични шишенца како на Есенс што се? Вчера во ДМ во Србија видов, ама бев ептен во брзање и стоеја подалеку од каса а бои имаше преубави. Сега ми е мака што не се вратив да земам.
Во дм не сум видела Флормар лакови. Ама да, во Рамстор имаат штанд, јас од таму си купувам нивни лакови.
Девојки случајно дали знаете барем за приближни нијанси? Првава слика е од 2012та, затоа резолуцијата е многу слаба. Боичката е супер летна, резеда некоја, измеѓу зелено и сино.. Вторава ми излезе на пинтерест и одма се заљубив, ако некоја знае некое лакче вака слично, со интензивна боја, може и нијанса потемно.
Ваков како првиот 100% имаше од Есенс и мислам дека беше 94-ка, баш во тој период го користев мнооогу често. Но од тогаш до сега имаат сменето доста во бројките и сериите, навистина немам идеја под кое бројче би можела да го најдеш сега истиот лак. Мора Есенс да имаат иста ваква боја, јас би ги прочешлала нивните лакчиња. Како втората нијанса имам сличен, исто од Есенс и малку е потемен од овој на сликава кај тебе. Бројчето е 21.
Дали може препорака од која марка на лакови сте задоволни? Ми треба некој што не се вади пошто ќе одам на одмор и од песокот брзо се вади. И по можност препорака за некој безбоен лак за одозгора што ќе ја зголеми долготрајноста да не се брише. Благодарам.
Дали овие лакови треба да се печат?? Пишува UV но другарка ми кажа дека без печка нормално се исушил кај неа..тогаш нема никава разлика со обичен лак