Не е баш ваков како што барам. Нешто повеќе неон да биде. Ваков сличен имам, и потемен и посветол зелен, но немам таков неон. Фала инаку.
Не не, овој е светол. Баш дреч неон да биде. Повеќе вака да мава нијансата. Вакво нешто. Ќе отидам до ДМ, ќе најдам сигурно. Мислев некој ако веќе има таков да препорача, овие од ГР голем дел веќе и не се продаваат, многу ги изменија во последно време.
@monika1997 Предлог за таков лак: Aura - Kiwi green. Го видов пред некој ден, мислам дека е баш таква летна зелена нијанса. @Ugly Duckling Предлог за портокалов лак: Aura - Papaya Orange. Овој си го земав за летните месеци, многу добра нијанса е. На исончан тен па за на плажа ќе биде предобар. На сликава личи понежно, во живо е сличен како што сакаш.
@Dream-Girl ги менаја четките на лакчињата од Aura? Се мислев да земам али претходно многу беа гломазни
Баш него го купив вчера. Само таков најдов во дм, а ме мрзеше да шетам по други места. Го немам пробано уште. Фала ти. Спојлер
Овој го имам јас али за нијанса е потемен Овај на catrice мислам дека е поблиску до бојата што ја бараш
https://www.instagram.com/reel/Cs387JtO4vv/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Имате некаде видено ваква нијанса?
@Angie1432 Ѕирни ги овие. На страната на Киви единствен таков темен од Opi што забележав беше Cosmo With a Twist, ама тој е повеќе на виолетово. Спојлер: Предлози Golden Rose Color Expert 32 Kiko Milano Pearly Dark Ruby 245 Golden Rose Ice Chic 49 (Спореден со тој од видеото)