Колку го зема матот? И да ве прашам каде има онакво спрејче ли што е, за побрзо сушење на лакот и колку пари е отприлика и колку време се користи, отприлика на колку лакирања оди?
Матот во Голден Роуз е 80 а спрејчето го има исто во Голден Роуз и мислам дека не е над 200 денари . Го видов на Рекорд кога бев пред недела дена
Golden Rose Matte - катастрофа! Нема што повеќе да се кажува. Воопшто не се такви како по сликите што ги покажуваат. Ги земав розевиот и црниот. Розевиот го пробав и се разочарав, црниот уште не сум го пробала ама и на него не се надевам многу.. Розевиот е овој најлево: (01) А црниот е 12. Не е мат, пак има сјај само онака помалку сјајно како кога го дувате лакот за побрзо да се исуши, како бела магличка што знам... Kога ќе ставам обичен сјаен лак врз него едвај се познава разликата, а не како на подолниве слики: Не е ни С од сличен како на сликиве:
Да ве прашам дали сте виделе мат лак на Флормар?? Бидејќи гледам баш не сте задоволни од ГолденРоус иако е многу добра марка за лакови, а кога ќе ставите од матот не е на допир рапаво како да гребе ???
Не сум видела мат на Флормар. Иначе јас воопшто не сум задоволна од мат на Golden rose, ниту тие graffiti не им се добри, многу брзо се сушат. Иначе не е рапав и не гребе матот, само нема сјај
Од Есенсе. Најново од нив пробав лакови и навистина сум многу задоволна. И многу брзо се сушат! Прв лак со кој после 3 мин. можеш слободно да работиш нешто. Околу 100ден. се (зависно од колку мл.) Имаат убави бои. Голден Роус - многу ги префаливте некој лаковиве, ама мене ми е најнеубавиот лак. Сум пробала и поскапи лакови, но сите после неколку дена пак се луштат, така да не вреди да се фрлаат 300-400ден. за лак.
Еј Нови се лакчињава на есенс? (тие феритејл) Ги има кај нас,ако така сфатив? Обавезно да проверам и да си земам,многу се убави нијансиве!!!
Не да се фалам ама имам најмалку 50 лакови дома и сеа за сеа не се засушени многу, хахаха. Ноктите ги шарам на секои 2 дена и експериментирам многу со лаковите
Бичамп -Не знам дали сите ги има кај нас. Како првите 3, јас купив ист ама на златна нијанса, многу е убав. (99ден. го купив). Денеска купив од Аура - Инчис (најнови се). Многу го сакам овој лак, ама никаде не можам да го најдам:
Овој ми е најнов. Се налакирав завчера и воопшто не ми е олуштен, а цело време работев со вода. Да повторам, се суши за рекордно брзо време.
Оожавам шарено лакирање На лето најчесто се лакирам во дречливи, впечатливи бои и секој нокт различна боја Сега практикувам да ги лакирам еднбојни, со потемна боја (најчесто темна сина или зелена)
Можеш да ги најдеш во поголемите парфимерии и ги има и во зегин мислам дека се до 140ден ако грешам нека не поправи некој позз
Многу ги сакам нежните бои и повеќето лакови за нокти ми се во оваа боја, но потемна или посветла нијанса... Знам и некогаш да ставам потемен лак, но тоа се случува многу ретко!
јас лакови си користам во секакви бои.Неможам да ги остам ноктите само еднобојно налакирани.Mора да си пошаркам тро