Здраво, одамна не сум се лакирала, дали може да ми предложите некој лак ваква нијанса што го има во ДМ? Исто и base и top coat. И некоја турпија од која сте задоволни? The whole package ми треба. Целта ми е да ми трае цела недела, затоа што за почесто лакирање немам нерви
Вакво нешто слично е Malena бр.16, го има во ДМ. Минимално потемна беж-крем нијанса е од тоа што е на сликава. Мене ми е многу убав тој лак, а со некоја подобра база и надлак, ми трае десетина дена сигурно. Потоа и онака го тргнувам, затоа што брзо ми растат ноктите и ме нервира кога се познава голем израсток... Добра база и топ коут можеш да си земеш од Есенс, ги има во ДМ и нив. Мислам дека имаа едно што е ко 2во1 што може да се користи и како база и како завршен слој, само многу често пуштаат нови линии и не знам дали го има сè уште, ама и да е сменето, сигурно има замена. Турпија барај исто од Essence, S-he, или Ebelin и гледај да е со повеќе страни. Одлични се и доста евтини исто така. Оваа од сликава (S-he) е многу добра, мислам дека не беше повеќе од 150 денари.
@Boni.top.93 таква некоја нијанса гледав во Авон мислам, јас лично толку светла не сакам, најчесто на Есенс користам Wow Cacao, тој и на Авон Everyday pretty ми се баш секојдневниот избор, кога не сакам некоја конкретна боја. Види дали кај нас овие на Есенс ги има, имаат доста избор на nude бои секако. За база има Есенс и супер се базите која и да ја земеш, top coat исто на Есенс си е супер, исто и на Аура. Мене ми траат и повеќе од недела дена, ама ги бришам за да ми бидат тазе
Hahahah дефф не. Сега користам едно розево од Евелин ама некако како да го расипаа квалитетот. Засега му давам шанса на розевово. Ќе пишам за некоја недела рецензија во соодветната тема. Инаку 3 слоја ставам, секој ден по еден. И после бришам и пак одново
Дали од Есенс завршниот слој за поголема трајност е повлечен од продажба? Никаде не можев да најдам, само од базата им има останато.. Каков и да ставам лак многу брзо ми се лупи, со ова за ден, два одложував. Имате ли препорака за некој таков лак за поголема трајност?
Јас го користам години само Quick Dry од Голден Роуз. Предобар е, одма се суши и трае лакот неколку дена, не се лупи одма.
Update: Океј е лакот почнаа полека убаво да ми растат ноктите но не знам дали е до мене или лакот ама лесно се вади т.е се лупи. Само што се избањав на неколку нокти почна да се вади . Се на се океј ми е за раст баш брзо растат ноктите(барем моите)
Како сте задоволни од Malena базата и top coat секако и боите и колку пари се?(знам сега да ги донесоа во дм)
Иам лакови во разни бои, на рацете не знам да се лакирам, на нозете имам бел лак моментално. Голден роуз нз број во вц е
Гел лакови за сушење под ламба се, да. Ако некоја ги проба нека сподели како се покажале, баш ме интересира дали се добри.
Девојки дали знаете кој лак за нокти трае барем пет дена. Знам дека такви се лаковите на Еси ама не знам дали ги има кај нас?
Like a pro на Aura е „извикана“ линија, буквално. Не знам што е со Essence последно, иако се трајни одредени броеви имаат мирис на коректор и кога се исушени се осеќа. Користи некоја од Catrice?