Јас досега два имам земено од продавницата на Golden Rose во ГТЦ, би требало мислам да ги има и на штандовите во другите трговски.
Побарај во Голден Роуз, јас лани купував вакви нијанси. Не можам да ти кажам бројче пошо не чувам. Но имаат избор.
Јас ваков купив. Заради бојата најмногу. Оти барав у цел дм лак боја вино, али немаше. И ми текна да побарам у голден роуз, на препорака Овој добар е?
Не сум го користела. На Есенс има таков каков што бараш. Јас во маркетот во Ѓорче го видов. И јас сакам таква боја на лак. Во Ге само на Есенс ги користам. Еси се скапи. Земав и еден Ривал (германска марка), ама не е добар.
Јас овие ги користам. Ми држат доста солидно. Дури по 5-6 дена. Без база и топ. Е сега ако ми се самите нокти расцветани (не знам како да опишам тоа на врвот) тогаш во тој дел лакот не држи. Ама тоа само ако ноктите нешто тој период ми се слаби
Како го користиш топ лакот? Јас купив на Есенс, ама уште не го користам. Колку слоеви на лак треба да се нанесат?
Чекам да се исуши убаво обичниот лак. Поентата е да биде сув долниот слој пошо инаку лом ќе се направиш. Понекогаш дури и после 6ч или наредниот ден ако сум заборавила. Само тенок слој ставам и толку. А инаку база ретко користам. Од неа еден тенок слој. Ама тоа порано, сега веќе не. Сега ставам еден слој на лак. Чекам да се засуши, ставам нов слој. И после чекам долго за да ставам топ
Wet n'wild лаковите ужас,подобри се Малена и Голден роус од нив, ниту убава четка,ниту нијансата иста како што изгледа и траат по два дена максимум. Го купив во ДМ викам ајде сигурно е подобар од поевтиниве,ама за 140 денари не вреди, ќе си купев два или три од евтиниве
Јас не знам дали е правилно вака, али не користам нит база, нит на крај нешто. Глеам ноктите да ги истурпијам, да им дадам форма. Ги пребишувам со алкохол, за да ги тргнам приодните масла од кожата и обавезно 3 слоја лак. После тоа ми трае недела дена минимум лакот. Претходниот, црвениот скоро ми траеше 2 недели, со по некој искрзан нокт. Беше овој од катрис А овој лаков од голден роуз шо е на ноктите и шо ви го кажував погоре, шо е боја вино, три слоја стаив и нијансава е фантазија Ме интересира само колку ќе ми трае. А не беше скап ич, под 100 денари го начекав.